Среда, 19 Август 2009    PDF Печати Е-пошта
Масонски симболи во црквата „Света Петка“
svМетална плочка со благодарност до Владимир Ралев и Трифун Костовски е обесена до древната дрвена врата на обновената црква „Света Петка“ во исконското село Галичник. Со донации на овие двајца бизнисмени, малата црква во Долно Маало, постојано во сенка на поголемата и понова „Свети Петар и Павле“, бездруго и попозната зашто во неа се извршуваат венчавките на традиционалната „Галичка свадба“, го продолжува својот живот.
- Речиси повторно се изградени, во нешто зголемени димензии, камените ѕидови на црквата, за која се смета дека потекнува од 1807 година. Внатре се сочувани автентичниот камен под на црквата со шеснаесеткрака розета и старите икони, кои се внесени во новиот иконостас - вели архитектот Коста Граорковски, галичанец по потекло, кој ги собира и ги истражува сите пишани документи и преданија за древното мијачко село.
Црквата долго време беше сосема напуштена поради кревката состојба на објектот. По иницијатива на ентузијасти од селото и со помош на донатори, сега е обновена и камбанаријата и среден е дворот на црквата од 17 век, која чува мистериозни симболи, потписи и нишани од своите градители.
- Вниманието веднаш го привлекува шеснаесеткраката розета во централното подрачје на камениот под. Под бакарниот сад, користен за црковните ритуали, во центарот на розетата се забележуваат, изрезбани во каменот, стрелка, триаголник, полумесечина. Многумина веруваат дека тоа се масонски симболи - раскажува Граорковски.
Позлатен триаголник со насликано око, еден од најпрепознатливите масонски симболи во светот кој го има и на американскиот долар, стои потпрен на новиот иконостас во „Света Петка“. Триаголникот е обиколен со сончеви зраци.
- Тој е пронајден во старата црква и, заедно со други делови од резбите, сега, се чува овде, за да му се најде вистинското место по целосното средување на внатрешноста на објектот - вели Граорковски.
Приказните за потеклото на овие симболи, познати во светот како препознатливи обележја на тајното здружение на ѕидарите, засега се раскажуваат само како преданија, иако галичани во обидот да ја разоткријат оваа мистерија се осмелуваат да ги поврзат и шеснаесеткракото сонце од антиката, и печалбарските градителски мијачки тајфи и симболите на тајните здруженија што ја кројат судбината на светот. Во меѓувреме, иницијаторите на обновата на црквата се занимаваат и со попрактични прашања - ќе се живописаат ли ѕидовите на обновената црква?
Храброто размислување за нов живопис по ликовните канони на црквата, но во сосема слободен ликовен дух на новото време не смеат да се реализираат без одобрување од МПЦ.
Во дворот на црквата „Света Петка“, потонат во сенката на повеќедецениските дрвја, се смета дека е погребен и игуменот Арсениј од манастирот Свети Јован Бигорски.
- Тој податок се уште не е потврден, но Арсениј потекнувал од Галичник, неговото име се врзува со изградбата на црквата, а црковните достоинственици, милувале да бидат погребени во цркви што самите ги граделе - вели Граорковски.
Мистериите што повторно ги отвори обновувањето на црквата „Света Петка“ уште еднаш ја потврдуваат богатата традиција на Галичник, село со неповторлива амфитеатрална поставеност на падините на Бистра, познато колку со богатата културно-просветителска историја толку и со драматичната митологија.
Нетпрес
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.