|
||||
| НА ТУЃИ СЦЕНИ – ПРОТИВ СОПСТВЕНИОТ НАРОД |
|
Ова не е нов феномен. Но денес, повеќе од кога било, станува болно јасен. Не како случаен испад, не како момент на слабост, туку како образец. Како навика што се повторува и како стратегија што се храни од туѓи аплаузи и домашна тишина. Изјавите на Љубчо Георгиевски одамна престанаа да изненадуваат. Од голем патриот, тој со години наназад упорно отвора наративи за „бугарско потекло“ на Македонците, како да станува збор за лична мисија, а не за историски и национално чувствителен простор. Но кога на таа линија ќе застанат и други–како Оливер Андонов, претставен од водителот како фунционер во ВМРО-ДПМНЕ, а самиот се претставува дека тој и уште двајца тројца до него, на кои не им се исполнети некои лични побарувања од партијата, биле фракција во ВМРО-ДПМНЕ, тогаш веќе не зборуваме за индивидуални ставови, зборуваме за појава, за тренд што има последици. Она што најмногу загрижува не е само тоа што овие луѓе одат по бугарски медиуми и зборуваат против сопствената држава. Туку тоа што селективно молчат. Молчат за суштината. Молчат за коренот на проблемот, а кои со нивните изјави помагаат затегнатите одности меѓу двата соседни народи, уште повеќе да се заострат. Ниту еден од нив не го поставува наједноставното, но најважното прашање: како и зошто дојде до заострување на односите меѓу Македонија и Бугарија? Зошто не се враќаат на моментот кога, со големи очекувања, беше потпишан Договорот за добрососедство? Договор што требаше да биде мост – а се претвори во алатка за нови притисоци. Зошто не кажуваат дека токму по тој договор започнаа нови условувања, нови блокади, нови барања како да немаат крај? Зошто не ја кажуваат очигледната вистина: дека проблемот никогаш не бил во тоа дали Бугарите ќе бидат дел од Уставот? Македонија покажа подготвеност, мо Македонија бара нешто елементарно, гаранција. Гаранција пред се’ од ЕУ, дека ова е последното барање. Дека нема да следува ново „но“, и токму тука тие молчат. Не зборуваат за секојдневните провокации што доаѓаат од Софија. Не зборуваат за тоа дека Гоце Делчев се прогласува за Бугарин. Дека Илинденското востание се претставува како бугарско. Дека македонскиот јазик се сведува на „дијалект“. Дека македонскиот народ се негира како историска категорија. Тоа не го анализираат. Не го осудуваат. Не го ни спомнуваат. Како да постои невидлива линија која не смеат да ја преминат. Како да има тема што е забранета, не затоа што не постои, туку затоа што не им одговара на оние пред кои настапуваат. Оваа стратегија е опасна бидејќи ја замаглува границата меѓу личното мислење и националниот интерес. Секој има право на став, тоа е суштината на демократијата. Но, кога тој став директно се користи за поткопување на позицијата на сопствената држава во чувствителни меѓудржавни односи, тогаш веќе не станува збор само за слобода на говор, туку и за одговорност. Особено е проблематичен шаблонот што често го следат овие настапи. Кога ќе се исцрпат аргументите против Македонија, веднаш се вовлекуваат други теми: се спомнува Србија и српско влијание, потоа Унгарија, а на крај, речиси по правило се додава и Владимир Путин и Русија. Овој наратив не е случаен. Тој има цел да ја прикаже Македонија како дел од некаков поширок геополитички проблем, наместо како држава со сопствена историја и легитимни позиции и интереси. Да зборуваш критички дома со аргументи тоа е демократија. Во политичкиот живот понекогаш гледаме сцени што личат на старите народни поговорки: да се моли на туѓа икона за својот дом, или да се сее семе на туѓа нива. Така изгледа кога некој политичар, незадоволен од своите очекувања дома, се обидува надвор да ја критикува сопствената држава, да бара поддршка или притисок од други влади.
Мане Јаковлески |






















