Среда, 20 Февруари 2013   
ОМД се сретна со Брендан О'Конор-новиот австралиски Министер за имиграција и државјанство

19 февруари 2013 - Мелбурн (Австралија)

omd

- Делегацијата на огранокот на ОМД во Австралија предводена од страна на Ордан Андреевски и заменик претседателот на советот на македонската заедница во Викторија, Александар Мојсовски, се сретна со Брендан О'Конор, австралискиот Министер за имиграција и државјанство.  Средбата се одржа во канцеларијата на министерот во изборната единица Каролин Сптингс која се наоѓа во западните предградија на Мелбурн, каде живеат значителен број на Македонци.

Андреевски појаснува "Министерот е пријател на македонската заедница и е почитуван од страна на Македонците. Нам ни треба повеќе функционери да ги следат неговите стапки, и да ги негуваат односите со Македонија и македонската дијаспора".

Министерот О'Конор вели: "Имам зборувано во јавноста и во австралискиот парламент барајќи Австралија конечно да го признае легитимното право на самоопределување на Македонија како суверена нација и сите права загарантирании со Повелбата на ОН, и до ден денес стојам зад моите изјави. Овие суштински прашања повторно ќе ги пренесам до Премиерот Гиллард и Министерот за Надворешни работи, Боб Кар".

Ордан Андреевски појасни дека имале две цели на оваа средбата. "Прво, да му честитаме на почесниот Брендан О'Конор на унапредувањето како Министер за имиграција и државјанство во владата на Премиерот Гилард, како и да му се заблагодариме за неговата поддршка за Обединетата македоснка дијаспора и целата македонска заедница во Австралија.  Второ, да разговараме за начините на кои министерот О'Конор може да ги зајакне и продлабочи односите помеѓу Австралија и Македонија, како и помеѓу австралиската влада и македонската заедница во Австралија".

Следниве прашања беа дискутирани за време на состанокот:

  • Австралија конечно да ја признае Република Македонија под нејзиното уставно име пред австралиските избори во 2013 година, во согласност со планот за унапредување на  австралиско-македонските односи кој беше напишан преку австралискиот истражувачки советодавен проект наречен "македонската дијаспора во Австралија: тековни и потенцијални врски со татковината."
  • Потребата да се отвори австралиска амбасада во Македонија, како што огранокот на ОМД побара во барањето доставено до австралиската канцеларија за дипломатски мисии, а ова барање во моментов интензивно се разгледува од страна на министерот за надворешни работи, сенаторот Боб Кар.
  • Потребата да се воведе безвизен режим за македонските граѓани да патуваат во Австралија, како што е случајот со земјите од ЕУ, а САД ја разгледуваат оваа можност;
  • Потребата да се олесни процесот на имиграција за квалификувани Македонци во Австралија, а со тоа да се задоволи недостатокот на квалификувани работници во Австралија;
  • Можност да се сретнат со македонскиот Министер за надворешни работи Никола Попоски, кој може да биде во официјална посета на Австралија во Март 2013 година. По примерот на договорот за културна размена помеѓу Австралија и Турција, препорачале, оваа прилика да се искористи за да започне процесот на потпишување на договор за културна размена помеѓу Австралија и Македонија, која ќе им овозможи на граѓаните од секоја земја да работат и учат една година во Австралија и Македонија.
  • Можност за организирање на Гала вечера или коктел прием во Мелбурн пред изборите во 2013 година, а специјални гости да бидат Премиерот Јулија Гилард и нејзиниот кабинет на министри од Викторија. Темата на вечерата ќе биде "Унапредување на австралиско-македонските односи и зајакнување на врските со македонската заедница во Австралија.

Исто така, Министерот О'Конор беше поканет да ја посети Македонија во најскоро време со цел да ги посети клучните институции и лидери во Македонија, како и да добие подобро разбирање за напредокот што Македонија го има направено од своето осамостојување во 1991 година.

Обединетата македонска дијаспора работи со сите сегашни и потенцијални членови на австралискиот Парламент, кои припаѓаат на целиот политички спектар врз основа на нивната заложба за негување на поблиски врски со Република Македонија и македонската заедница во Австралија.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.