Иселеници и Регион
Среда, 29 Јануари 2014 04:22   
Да не се попречуваат Македонците на граничниот премин Горица

carina-granica-granicni-prelaz-horgos-240Стерјовски побара од директорката на царината во Корча, да не се попречуваат Македонците на граничниот премин Горица

Повеќе...
 
Среда, 29 Јануари 2014 04:01   
Македонците учесници на Парадата по повод денот на Австралија

parada-avstralija-1-240Советот на Македонската Заедница заедно со Конзулот на Република Македонија во Мелбурн добро ја извршија својата задача на Парадата.

Повеќе...
 
Среда, 22 Јануари 2014 04:03   
Внатрешни поткопувања на стабилноста на РМ од страна на албанскиот блок и опозицијата

janko-tomov-240Најновите игри околу активностите за санирање на името со странските држави, зборува за индивидуални лични настојувања, разговори и предлози, од лидери на коалиционата партија ДУИ, како и од лидер на опозиционата Либерална партија (ЛП) на Македонија за комплицирање на положбата, која доаѓа од недоволно евидентираните и недоволно национално осознаени лидери-политичари. Како објаснување ќе ги прикажеме следните пишувања во „Нова Македонија“ од 1 ноември 2013 во насловот: Кој ја кажува вистината за “името”?

Повеќе...
 
Среда, 22 Јануари 2014 04:02   
Македонците во Албанија го прославија Водици

vodici-vo-pustec-240Православниот празник Водици беше прославен насекаде низ Албанија каде што живеат православните Македонци, Мала Преспа, Голо Брдо, Врбник и во поголемите градови низ Албанија.

Повеќе...
 
Среда, 22 Јануари 2014 04:01   
ОМД за првпат назначи Директор за Европа

filip-altiparmakoski-240Обединетата  македонска  Дијаспора  го  назначи  Филип  Алтипармаковски, нејзиниот  досегашен  претставник  за  Бенелукс,  за  член  на  Бордот  на Директори и Директор за Европа.

Повеќе...
 
Среда, 22 Јануари 2014 01:41   
ОМД реагира на најновата резолуција на Европскиот Парламент

omdОбединетата македонска дијаспора (ОМД) ја поздравува резолуцијата на Комитетот за надворешни работи на Европскиот Парламент предводена од Ричард Ховит, во која повторно се препорачува Македонија да ги започне преговорите за пристап во ЕУ.

Повеќе...
 
Четврток, 16 Јануари 2014 18:53   
Општина Пустец ќе ја снема зашто Македонците не чуваат пушки во амбари

Пишува: Никола Ставрески - Мелбурн.

Албанската влада реши да ја укине општина Пустец, во која доминира македонското население.

Со новиот закон за територијална поделба тоа треба да се случи до локалните избори во 2015 година.

Општина Пустец потоа ќе се припои кон неколку албански општини.

Новата општина ќе се вика Полени (Појан) и ќе ги опфаќа општините Пустец, Полени и Врештас како и селата Шамол, Малавец, Белорта, Куч и Зи и Невечишт од општина Булгарец. Новата општина ќе има население од 41.396 илјади жители.

Ова секако дека не е во интерес на Македонците кои живеат во Република Албанија.

Во новата општина Македонците би немале никакво влијание и она од што најмногу се стравува е дека новата општина ќе биде раководена од градоначалник Албанец, а советот на општината ќе биде сочинет од Албанци.

Тие, барем според Македонците кои живеат таму, ќе го раздадат општинското земјиште кое се наоѓа на брегот на Преспанското езеро на Албанци, со што со текот на годините би се менувала етничката структура на Мала Преспа, која сега е населена со чисто македонско население.

Ова општина и не би била функционална за Македонците во општина Пустец, затоа што за секаква услуга треба да патуваат 40 километри до седиштето на новата општина.

Ќе биде трагедија со назначувањето на новиот Градоначалник на таа општина во 2015 кога најверојатно ќе се започнат со експерименти и како прво ке ги менат и имињата на: селата, планините, улиците каде што живеат Македонците.

Нема да ги заборавам зборовите на бабами кога бев мал ми викаше никогаш да не веруваш љочка и пес посебно кога ги бакнуваш во уста секогаш внимавај како ке ти возвратат.

Ова за Македнците дојде како шок затоа што во сите досегашни иницијативи изминативе години за реформа на територијалната поделба, никогаш не беше предвидено укинување на општина Пустец.

Како и да е Албанија се чини дека е решена да го превземе овој чекор. Но зошто сега? Зошто албанските власти повторно ги изиграа Македонците?

Тие на средбите со високи претставници од Република Македонија ветуваа дека со новата територијална поделба нема да бидат укинати општините каде живее мнозинско македонско население.

И зошто Албанците во Македонија збор не проговоруваат за ова? А кога во Македонија сакаат нешто веднаш ги отвораат пушките од амбарите.

Сепак Македонците се уште се надеваат дека нешто може да се спречи со предупредувањата од меѓународната заедница и опомените за начинот на кој се однесува Албанија кон малцинствата. 

За разлика од албанската влада, пак, властите во Македонија постапија обратно.

Тие со територијалната поделба припојуваа села населени со етнички Албанци кон градови населени со мнозинство Македонци.

Со тоа вештачки ја менуваа етничката структура во новите општини со што Албанците станаа мнозинство и добија свои градоначалници.

Мој предлог да го погледните следниот линк :

http://www.gimprilep.edu.mk/istorija/albanija_megju_dvete_svetski_vojni.html

Но Македонија секогаш сакала да ги задоволи сите. Затоа што знае со кого си има работа.

Македонците, пак, во Албанија се мирен народ и немаат пушки по амбарите.
 
Среда, 15 Јануари 2014 04:02   
СММК издаде јубилеен плик со Прогласот: Апелот

apelot-na-makedonskiot-kongres-1-240Светскиот македонски младински конгрес (СММК) по повод 115 години од Апелот на Македонскиот конгрес издаде јубилеен плик со Прогласот/Апелот* испратен до прогресивната јавност од Георги И. Капчев од 12 јануари 1899 година во Женева.

Повеќе...
 
Среда, 15 Јануари 2014 04:01   
Македонците вo Тирана го одбележаа празникот Василица - Стара Нова Година

vasilica-tirana-240Tрадиционално во Тирана Македонцитиеденеска со ори и песни го одбележаа големиот ХристиjанскипразникВасилица Стара Нова Година.

Повеќе...
 
Среда, 08 Јануари 2014 04:00   
Да се поддржи иницијативата - предлогот за името до Советот за безбедност на ОН

janko-tomov-240Предлог иницијативата за барање на Република Македонија до Советот за безбедност на ОН, за спроведување на Хашката пресуда против Грција во 2011 година, треба сестрано да се поддржи. Оваа иницијатива е од страна на претседателот на републиката д-р Ѓеорге Иванов, изразена неодамна откако Европската Комисија се изјасни негативно за пристапните преговори за членство во ЕУ во декември 2013 година.

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.