Среда, 20 Август 2014   
Античката историја на Македонија и Балканот во делата на западните автори (9 дел)

(од фалсификати до коректно презентирање)

Пишува: Јанко ТОМОВ

anticka-istorija-janko-tomov

Пишувања во врска со историјата

Ваков бил и случајот и со грчкиот град Соли, кој се наоѓал на Родос. И Грците од овој град не сакале ни да слушнат за Александар, а камоли да го пречекаат овој туѓинец како свој ослободител. Поради тоа, откако влегол во овој град Александар им наметнал на граѓаните тешки давачки.

Поради сето ова се поставува прашањето: до колку Македонците биле Грци, зошто тогаш грчките градови и население, кои биле поробени од Персија им пружале толку голем отпор на Македонците? Нели би требало тие да се радуваат на своето ослободување? Да речеме дека до некаде бил оправдан отпорот на грчките градови-држави на територијата на денешна Грција против Македонија. Атина, Теба, Спарта и другите, сепак имале некаква своја самостојност, која им била одземена од Македонците, но како да се објасни отпорот против Македонците од страна на грчките градови и население од Мала Азија, кои се наоѓале под персиска власт? Овие Грци својата радост кон туѓите Македонци ја искажале со жесток отпор против нив, поради што и мнозина од нив платиле со животите.

Уште подрастичен пример за омразата на Грците кон Македоцните бил случајот со битката кај Ис, кога на страната на Персија, против Александар Македонски, се биеле дури триесет илјади Грци и тоа како елитни единици во составот на Персиската војска! По победата на Александар, некои од нив биле заробени, но над 8.000 успеале да побегнат во планините. Самите Грци во грчките градови на територијата на денешна Грција со голема потиштеност ја примиле веста за победата кај Ис од страна на Македонците.

Сето ова го опишува токму грчкиот историчар Аријан (цит. дело, стр. 115), кој вели:

"Кога Дарие разбрал дека Александар се движи напред за да нападне, тој испратил уште триесет илјади планински единици и дваесет илјади лесна пешадија преку реката Пинарус... Распоредот на неговата војска беше следниот: авангардата на неговата тешка пешадија беа неговите триесет илјади грчки наемници,кои беа распоредени токму наспроти Македонската пешадија, како и шеесет илјади припадници на Персиската тешка пешадија, познати како "Кардаки", кои беа бочно распоредени и кои требаше да им дадат поддршка".

Подоцна, за време на битката, најжестокиот судир бил токму помеѓу Македонците и Грците, а главна причина за тоа, покрај другото, била токму големата омраза помеѓу нив. Во врска со ова Аријан (цит. дело, стр. 119) пишува:

"Почнала жестока борба. Дариевите Грци се бореле со цел да ги потиснат Македонците назад кон реката и да ги задржат позициите на своето лево крило, кое веќе почнало да се повлекува, додека Македонците, во нивното свртување, со јасниот успех на Александар што го гледале со свои очи, се обидувале да го достигнат  неговиот успех... Судирот беше уште повеќе загорчен благодарение на старото расно ривалство помеѓу Грците и Македонците". (Подвлекувањето е мое, з.м.).

Коментар на овој  извадок до грчкиот историчар Аријан мислам дека не е потребен

Подоцна, во битката кај Гавгамела против македонската војска, на страната на Персијанците исто така учествувале илјадници Грци. Аријан (цит. дело, стр. 158) пишува дека, од три илјади планински единици, кои го изградиле мостот на реката Таксапус, дури две третини биле грчки платеници.

Поради сето ова, навистина е смешно кога денешната грчка пропаганда тврди дека војската на  Александар Македонски наводно била грчка. Каква е таа грчка војска, која се биела против илјадници Грци, припадници на  персиската војска? И зошто Грците се биеле на страната на Персија, до колку војската на Александар и навистина била грчка? Се знаат вековните непријателства меѓу Персијанците и Грците, па оттаму нема никаква логика десетици илјади Грци да се борат на страната на Персија опротив сопствената војска. Одговорот на овие прашања е еден и единствен! Огромен број Грци ја мразеле Македонија повеќе и од својот вековен непријател Персија, штом дури решиле и да учествуваат на нејзина страна во војната против Македонците.

 П р о д о л ж у в а

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.