Иселеници и Регион
Среда, 04 Април 2018 03:01   
Македонски асоцијации со името „Илинден“ во САД (29)

ilinden29-1-180

Во изминатиот период кај македонските иселеници во САД се постигнати видни резултати во духовниот и културно-просветниот живот. Создадени се бројни македонски друштва, организации, спортски клубови и други форми на дејствување, во кои масовно се собираат македонските иселеници. Едно од тие е, секако друштвото „Илинден“

Повеќе...
 
Среда, 04 Април 2018 03:00   
Атанас Близнаков – најголемиот донатор од македонското иселеништво (4)

atanas-bliznakov-4-1-180Селото Д’мбени до Граѓанската војна во Грција било чисто македонска населба. Така, К’нчев го споменува со 1.650 жители, а Милоевиќ со 350 македонски куќи.  Тоа во 1913 година се водело со 1.207 жители, во 1920 година со 944 жители, во 1928 година со 866, а во 1940 година во селото живееле 749 жители.

Повеќе...
 
Среда, 28 Март 2018 03:05   
Природно е секој да си го сака и брани своето, а потоа да го почитува туѓото

poraka1

Порака до Амбасадорот од македонската заедница од Сиднеј

Почитуван Господине Трпевски,

Четири и пол години изминаа откако дојдовте во Австралија како Амбасадор на Република Македобжнија. Ние, преставниците на македонските друштва и организации Ви благодариме што воспоставивте контакт со нас и што присуствувавте на нашите активности, онолку колку што Ви дозволуваа обврските и времето. Денеска, кога е време за повлекување на финалната црта на сумирањето на резултатите, сакаме да Ви порачаме како Заедница, дека Ви благодариме за вашата професионалност.

Се надеваме дека и идниот Амбасадор ќе дојде овде како Амбасадор на Република Македонија.

poraka2

poraka3

Ве испраќаме одовде со надеж дека, како умен и интелегентен човек, пред сѐ, а потоа и како Македонец, го дополнивте вашето знаење за модерната дипломатија(зашто човекот се учи додека е жив), и тоа знаење ќе им го пренесете на Вашите колеги МАККЕДОНЦИ, од било која националнот во Македонија, а кои работат во македонската дипломатија.

Не се сомневаме дека пред Вас е светла кариера на политичар, не само на дипломат во Македонија. Ви посакуваме голем успех и ви порачуваме дека секогаш ќе стоиме зад вас, зашто веруваме во вашето достоинство, во вашата чесност и во вашата љубов за Македонија. Впрочем, без корените, сите заедно сме никој и ништо.

И овде живееме во демократија. Контролирана, умерена, видна , но стегната во рамките на достоинството на државата, целта на постоењето на државата и нејзините важни атрибути: јазикот, културата, традицијата.

Природно е секој да си го сака и брани своето, а потоа да го почитува туѓото. Тоа се човечки не пишани правила. Отстапувањето од нив води во хаос.

Затоа Ве молиме, на претседателот Ѓорѓе Иванов, кој ве прати овде како Амбасадор, но и на шефот на дипломатијата, кој ние го сметаме за силеџија и нелегитимен, да им ги пренесете следниве пораки:

1. Македонската заедница од Австралија се спротивставува на плиткоумните размислувања за менување на многувековното име на Македонија. Спротивниот исход е дека ќе се направи масовна гробница на македонците и ќе не закопаат заедно со нашата историја, јазик, нашата култура.

2. Цврсто стоиме зад фактот дека НЕ треба двојазичност во Македонија, туку напротив, ако се способни и чесни (а силеџиите не се такви), треба да направат закон со кој ќе се зацврсне употребата на македонскиот јазик, кој е пра мајка на сите јазици, што лингвистите и археолозите секојдневно го докажуваат на научна база.

3. Им порачуваме на црковните свештеници и владици, да не им паѓа на памет да ги спроведуваат ништожните одлуки кои ги донесоа. Мајката црква, не може да стане пајсторка на Бугарската црква. Ако се чувствуваат како Бугари, нека си ги земат мантиите и нека го фатат патот за Бугарија. Доста и беа предавници на Македонија! Кажете им дека можат со себе да си ги земат и скапите возила, и деф да фатат од Македонија- никогаш повеќе да не се вратат.

4. Сѐ што е направено досега во Македонија треба да си остане. Спомениците, објектите , улиците. Кажете му на министерот за култура дека треба европското знаење да го прилагоди на македонската средина, односно, специфично сите вработени во Министерството за култура да ги испрати на психијатриски прегледи пред да им дозволи од готово да прават вересија. Парите за рушење на спомениците да ги пренасочи кон издавање на македонска литература и величење на македонското културно наследство.

Можеме да зборуваме до утре за да ви го искажеме нашето незадоволство со моментната состојба во Македонија.

Статистичките податоци покажуваат дека 64 посто од парите во Буџетот на Македонија доаѓаат од дијаспората. Имајте го тоа на ум кога ќе станете важна личност во македонската политика.

Ви посакуваме среќен пат, разумна понатамошна работа и многу љубов за своето и за Македонија. Да сте жив и здрав и пак да се видеме како МАКЕДОНЦИ од Македонија!

poraka5

poraka4

Македонска заедница во НЈВ

 
Среда, 28 Март 2018 03:03   
Македонски информативни гласила со името „Илинден“ во САД (28)

ilinden28-1-180

Процесите на иселување во Соединетите Американски Држави започнале речиси во исто време како и оние во Канада. Познато е дека првите Македонци во САД се доселиле уште  на крајот од 18-от век, а сите тие доаѓале преку Елис Ајланд, во Њујорк.

Повеќе...
 
Среда, 28 Март 2018 03:02   
Атанас Близнаков – најголемиот донатор од македонското иселеништво (3)

dmbeni-180Д’мбени родното село на Атанас Близнаков, што се наоѓа во Костурско, во егејскиот дел на Македонија, веројатно го добило своето име затоа што во минатото во селото и околу него, имало густа дабова шума. А и легендата што се пренесува од поколение на поколение вели дека некогаш некои селани од селото Сајново, Костурско, го загубиле својот крупен добиток во соседната густа шума.

Повеќе...
 
Среда, 28 Март 2018 03:01   
ВО ФЛОРИДА ПРОМОВИРАНА МОНОГРАФИЈАТА „СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

steve-pliakes-180Во организација на Македонската православна црква „Св. Димитрија“ од Флорида на 18 март 2018 година, се одржа промоција на монографијата за познатиот канадски бизнисмен од македонско потекло, Стив Пљакас. Делото, за кое се рецензенти: Академик Антоније Шкокљев-Дончо и Проф. д-р Вера Стојчевска-Антиќ, е издание на Книгоиздателството „Македонска искра“ од Скопје, чиј автор е публицистот Славе Катин. Публикација е на англиски и македонски јазик, на 340 страници и е посветена на името и делото на еден од големите бизнисмени и истакнати општественици од македонско потекло во Канада, Стив Пљакас. Пред голем број Македонци од сите делови на Македонија, монографијата ја промовираше Лена Гоговкса.

Повеќе...
 
Среда, 21 Март 2018 05:00   
Илинден - симболот на „Обединети Македонци“ од Канада (27)

kanada27-1-180

Магнетизмот на Илинден во дијаспората најсилно се доживува во текот на илинденските иселенички празнувања. Во тој период најголемо внимание привлекуваат Илинденските пикници, како најмасовни манифестации на иселеништвото. На тие денови се одржуваат бројни црковни осветувања, полагање камен темелници на нови духовни храмови и одржување на национални, културни, црковни, спортски и други манифестации. Овие празнувања, особено во Канада се одржуваат повеќе од седум децении, што значи дека тие се веќе темелно традиционални.

Повеќе...
 
Среда, 21 Март 2018 04:54   
Македонците во Германија ќе можат да ги заменат своите возачки дозволи за Германски

germanska-vozacka-180Македонија и Германија постигнале договор за меѓусебно признавање на возачките дозволи, објави Дојче Веле.

Повеќе...
 
Среда, 21 Март 2018 04:11   
ПЕТ ИЛЈАДИ МАКЕДОНЦИ ОД СОБИРОТ ВО ТОРОНТО ПОРАЧАА: „НАШЕТО ИМЕ Е МАКЕДОНИЈА“

protest-toronto-180Пред парламентот на Онтарио пред 5000 илјаден македонски народ и топла поддршка од пријатели, поединци од Русија и Турција се одржа мирниот протестен собир ,,Нашето име е Македнија,, организиран од македонско-канадската заедница за поддршка на Македонија и ставање крај на антимакедонските преговори за името.

Повеќе...
 
Среда, 21 Март 2018 04:10   
Атанас Близнаков – најголемиот донатор од македонското иселеништво (2)

atanas-bliznakov-1-180Атанас Близнаков е роден во егејскиот дел на Македонија, во селото  Д’мбени, Костурско. Тој се родил во македонската земја која уште во античките времиња се означувала една мала покраина во непосредна близина на Пела – столицата на античкото македонско царство. Таа ја опфаќала земјата меѓу денешното исушено Пазарско Езеро и долниот тек на Вардар.

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.