Среда, 26 Декември 2018   
Стив Пљакас и неговата посветеност на Античка Македонија (10)

1SP

СТИВ ПАКАС ВО ПОСЕТА НА ПИРИНСКА МАКЕДОНИЈА И ГРОБОТ НА ЈАНЕ САНДАНСКИ

Во Сандански ги посетивме просториите на ОМО „Илинден“, кои, за жал, се наоѓаа во еден подрум. Таму, гостинот од Канада, Стив Пљакас се покажа како хуманист и поклони илјада долари за организацијата, за што членовите на ОМО „Илинден“ му се заблагодарија. Го посетивме гробот на Сандански на кој пишувало дека Јане се борел за човекови права и слобода на Македонија и, особено на македонскиот народ во пиринскиот дел на Македонија. Го посетивме и градот Петрич кад ја гледавме и се восхитувавме на оваа убава македонска населба, која со високите костенови, јаворови, дабови и букови стебла уште во XVII век оставила силен впечаток на патеписецот Евлија Челебија 

Кога Стив Пљакас пристигна во Скопје, изрази желба да ја посети Пиринска Македонија, а за тоа имал договорено уште од Канада да подари средства на ОМО „Илинден“ во Сандански, а најмногу сакаше да го посети гробот на Јане Сандански „Пиринскиот цар“.

Затоа, заедно со бизнисменот Стив Пљакас сакавме да се увериме, да го потврдиме тоа и да се информираме за дел од вистината на Пиринска Македонија. Така, во утринските часови на едно августовско утро, тргнавме да го посетиме градот Горна Џумаја, денешен Благоевград, а потоа да одиме во Сандански.

Гога стасавме во Пиринска Македонија видовме како во далечината горделиво се издигаше Пирин, убавецот и највисоката од сите планини во Македонија. Чиниш со раце ќе ја допреш славната планина на Јане Сандански за која се врзани безброј легенди на Македонците од овој крај.

Нашето патување го продолживме кон градот Сандански (поранешен Свети Врач) или кон „Пиринскиот убавец“, како што често го нарекуваат.  Од далечините ги гледавме станбените згради лоцирани на една височинка, чиј број се зголемуваше со самото приближување. Влеговме во Сандански, чија популација брои околу триесет илјади жители и се движевме по живописниот булевар во чија средина има зимзелени дрвја кои ја разубавуваат глетката и градот го прават пријатно катче за посетителите.

2sp     3sp

                   Јане Сандански                                   Споменикот Гоце Делчев во Благоевград

Тука го видовме споменикот на Спартак. Како што нè информира еден нашинец од ОМО „Илинден“, со кого се сретнавме во центарот на градот, според еден германски научник долината на реката Струма меѓу Пирин и Малешевските Планини е место од каде што потекнува овој водич на робовите, за кого се напишани многу легенди.

Во еден од рестораните лоциран на плоштадот минавме неколку пријатни часови со неколку членови на ОМО „Илинден“, со кои ги посетивме нивните простории, кои, за жал, се наоѓаа во еден подрум. Таму, гостинот од Канада, Стив Пљакас се покажа како хуманист и поклони одредена сума пари за организацијата, за што членовите на ОМО „Илинден“ му се заблагодарија.

Во близина на ресторанот  имаше еден стар чинар кој не потсети како на оној во Охрид. Градот Сандански е мошне уреден чист,  со нови архитектонски градби. Големо богатство за Сандански се минералните извори кои течат од памтивека. Нив ги има повеќе: едни во Градскиот парк, а други на десниот брег на реката Санданска Бистрица, чија температура достигнува и над 80°C, а има и лековита кал.

Градот Сандански со околината е едно од најтоплите и најсончевите места во Пиринска Македонија. Овде многу ретко врне снег и речиси никогаш не паѓа магла и, поради поволните климатски услови и природните бањи, тука се лекуваат хронични и бронхијални болести, поради што градот е посетен од многубројни туристи.

Сандански го напуштивме во попладневните часови и се упативме на југ кон Мелник, кого често случајните намерници го нарекуваат „град легенда“, „град на виното“, „град на минатото“, а тој, всушност е најмалиот град во Пиринска Македонија и на Балканот, ако не и во Европа. Во него живеат едвај 400-500 жители.

Меѓутоа, Мелник пленува со својот необично живописен изглед и архитектонски остварувања. Сместен е меѓу песочните пирамиди на двете страни на Мелничката и Роженската Река и претставува град-музеј, бидејќи секоја куќа е музеј за себе, а се зачувани и манастирот „Света Богородица“ и црквата „Свети Никола“, кои зборуваат за богатиот црковен живот на овие простори.

4sp

Мелник

Мелник има многу интересно минато. Уште во времето на цар Самуил бил важен воен центар, а подоцна станал привлечно место, бидејќи тука континенталната клима се преточува во планинска, а и во алпска погоре кон Пирин Планина. Во минатиот век Мелник бил многу значаен трговски центар и град на престиж меѓу трговците каде што се отворале широки перспективи.

Затоа во него, покрај Македонци - Пиринци се доселиле бројни Елини (Грци), Турци, Ерменци, Власи, Евреи и други, чиј број на крајот од XIX век достигнал до 20.000. Во тој период градот доживува голем растеж и напредок на трговско поле; карвани од коњи и камили натоварени со буриња и мешини мелничко вино секојдневно заминувале на сите страни на светот. Така, карваните на југ оделе до Египет, на запад до Париз и Мадрид, а на север до Будим и Пешта.

Во Мелник застанавме да се одмориме во кафеаната под големиот чинар што се наоѓа во центарот до Мелничка Река, од каде што се гледа еден дел од градот, во кој се реновираат бројни стари куќи со различна архитектура и во кои започнува нов живот. По кратка починка со нашиот познајник поминавме покрај споменикот на Јане Сандански што е сместен во паркот под патот, во непосредна близина на автокампот, во кој имаше бројни туристи и се упативме кон селото Рожен, кое е оддалечено десетина километри од Мелник.

Инаку, Рожен е мало село сместено на двата брега на Роженска Река, во кое живеат околу дваесетина семејства. Селото е поврзано со асфалтен пат, а животот се одвива пред ресторанот на големиот паркинг. Оттаму до Роженскиот манастир се оди по асфалтниот пат што стрмно и како змија се извива кон ридот на чија рамна височина се наоѓа манастирот и гробот на Јане Сандански. Прво го посетивме манастирот кој датира уште од 1220 година, на чии темели е изградена црквата „Раѓање на Света Богородица“.

Манастирот е заграден од сите страни со високи манастирски конаци, чии чардаци го привлекуваат секој посетител, а се влегува само од источната страна низ дебелата дабова врата. Црквата има живописни фрески и икони, а највреден е иконостасот направен од рацете на македонските мајстори од Дебарската школа, кои не само тука, туку ширум Македонија оставиле трајни и многу вредни дела во резба.

На оддалеченост од стотина метри од манастирот кон исток се наоѓа црквата „Свети Кирил и Методиј“, пред чиј олтар е гробот на Јане Сандански. Се поклонивме и му оддадовме почит на македонскиот легендарен војвода, кого што често го нарекуваат „Пирински цар“.

Бевме информирани дека во минатото гробот на Сандански на кој пишувало дека Јане се борел за човекови права и слобода на Македонија и, особено на македонскиот народ во пиринскиот дел на Македонија, бил на неколку километри далеку од црквата „Раѓање на Света Богородица“. Меѓутоа, ние се уверивме дека на сегашната надгробна плоча на „Пиринскиот цар“ Јане Сандански го пишува следното:

Јане Сандански 1872-1915

„Да живееш, значи да се бориш -

робот за слобода, а слободниот

за совршенство“.

Стив Пљакас, кој дојде специјално да го види гробот се вртеше околу споменикот на Јане, нешто размислуваше, потоа повторно се поклонивме пред големиот „Пирински цар“ и без збор го напуштивме гробот на војводата. Молчешкум се спуштивме по патот и се упативме кон Петрич, најјужниот град на овие македонски простори.

Се движевме по главната улица којашто Петрич го дели на два дела и ја гледавме и се восхитувавме на оваа убава македонска населба, која со високите костенови, јаворови, дабови и букови стебла уште во XVII век оставила силен впечаток на патеписецот Евлија Челебија.

5sp

Гробот на Јане Сандански

На петнаесетина километри западно од Петрич, во непосредна близина на Струмешница, којашто името го добила по реката Струмешница, се наоѓа месноста Клуч. Тука, непосредно до патот, на десниот брег на реката се пронајдени остатоци од тврдина. Токму на тие простори, во 1014 година се одиграла најстрашната крвава битка меѓу македонскиот цар Самуил, кој го посеал  македонското семе и ја формирал Охридската архиепископија, и византискиот цар (Македонецот) Василиј II. Војската на Василиј II за одмазда им ги ископала очите на Самуиловите војници, а на секој стоти војник му оставиле по едно око за да ги поведе своите ранети другари кај царот во моите Преспа и во Охрид. Кога Самуил ја видел страшната трагедија од болка починал.

Продолжува

6sp

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.