|
||||
| Уапсен Артан Груби |
|
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи денеска го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби. Според првичните информации, приведувањето било извршено при обид за преминување на државната граница, по што тој бил спроведен во надлежна полициска станица за понатамошна постапка. Артан Груби, кој во изминатиот период ја извршуваше функцијата прв вицепремиер, беше еден од повидливите политички фигури во извршната власт. Артан Груби (48), баран со меѓународна потерница во рамки на истрага за сторено кривично дело по член 354 став 5, во врска со став 3 и став 1, во врска со член 22 од Кривичниот законик, соопшти Министерството за внатрешни работи. Од МВР засега не соопштуваат повеќе детали за причините за апсењето, но најавуваат дека во текот на денот ќе следува официјално соопштение со дополнителни информации за случајот. |





















