|
||||
| „Предавствата на своите синови“, кога зборовите на Гоце Делчев повторно звучат болно вистинито |
|
Оваа реченица на македонскиот револуционер Гоце Делчев не е само историска мисла. Таа е предупредување. Предупредување што Македонија го слушала многупати низ историјата и што, за жал, денес повторно станува болно актуелно. Во секое време кога државата се наоѓала под притисок, најголемата опасност не доаѓала само однадвор. Таа често доаѓала одвнатре – од оние кои, наместо да ги бранат националните интереси, стануваат нивни најгласни релативизатори. Денешниот политички настап на СДС, предводен од Венко Филипче, сè почесто остава впечаток дека партијата не се однесува како опозиција која ја брани државата, туку како адвокат на позициите на Софија кога станува збор за македонските национални интереси. Кога една партија е длабоко потоната во сопствените скандали и криминали од времето на своето владеење, најлесниот начин да се создаде политичка магла е да се наметне приказна дека „сите се лоши – само ние сме добри“. Но токму во тие моменти се активира колективната меморија на народот. Тогаш се слуша гласот на историјата. И тогаш зборовите на Гоце Делчев повторно одекнуваат. Наместо да гради институции, СДС со години придонесуваше за разградување на довербата во нив. Наместо правна држава, граѓаните добија чувство дека системот функционира селективно. Под владеењето на Зоран Заев, државата помина низ низа историски и политички потреси:
Покрај економските и институционалните проблеми, останаа и политичките отстапки без широк општествен консензус кон соседите–Грција и Бугарија. Особено контроверзно беше прифаќањето на т.н. Францускиот предлог, кој беше усвоен без вистински национален консензус. Така Македонија, наместо да биде рамноправен партнер, почна да изгледа како политички експеримент за туѓи интереси. Денес СДС, предводен од Филипче, не нуди нова визија. Наместо тоа, се слушаат реторички фантазии и политички флоскули кои не ја допираат реалноста на граѓаните. Филипче не се огради од антимакедонските политики на Заев. Не се извини за штетните одлуки, напротив, делува како продолжеток. Единствената стратегија што изгледа преостаната е постојано да се критикуваат потезите на ВМРО-ДПМНЕ, дури и кога тие носат конкретни резултати. Но Македонија не може да си дозволи опозиција што функционира како грамофонска плоча – повторувајќи исти обвиненија без аргументи. Граѓаните заслужуваат државна политика што прво ги брани македонските интереси, а потоа ги гради односите со соседите, зашто, ако внимателно се следат изјавите на Венко Филипче, лесно може да се добие впечаток дека неговата политичка енергија повеќе е насочена кон тоа да се допадне во Софија или Атина отколку во Скопје. Државата се брани од надворешни притисоци, но кога нејзините сопствени политички елити почнуваат да се однесуваат како адвокати на туѓи интереси, тогаш штетата станува многу поголема. Македонија низ вековите губела многу битки, но најтешките порази секогаш доаѓале кога поделбите биле внатрешни. И токму тука се појавува историската паралела. Кога политичарите забораваат кого претставуваат, народот се потсетува на зборовите на Гоце Делчев. „Македонија има свои и нтереси и своја политика.Тие им припаѓаат на сите Македонци. Оној што сака да работи на присоединувањето на Македонија кон Бугарија, Грција или Србија, тој може да се смета за добар Бугарин, Грк или Србин, но не и за добар Македонец.“ Како и Реченицата стара повеќе од еден век, но, за жал, реченица која и денес звучи премногу современо: „Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови-изроди како Македонскиот“. МН |





















