Среда, 18 Март 2026    PDF Печати Е-пошта
ВИСТИНАТА ШТО ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ САКА ДА ЈА СОКРИЕ

499928412 9946554575423141 1500867783773135229 n

НЕ Е „ДЕПОРТАЦИЈА“, ТУКУ ПРЕСУДА НА СМРТ

И тамам кога мислиш дека околу ова прашање барем основните факти се затворени, се јавуваат политички гласови кои се обидуваат да ја релативизираат вистината. Меѓу нив е и Љубчо Георгиевски, кој со низа тези повеќе наликува на адвокат на туѓи наративи отколку на човек што зборува врз основа на историја.

Но да ги расчистиме работите, не со емоции, туку со факти.

Да, Холокаустот е дело на Адолф Хитлер и нацистичка Германија. Тоа никој во Македонија никогаш не го негирал, но прашањето не е кој ја смислил машината на смртта, прашањето е: кој ја спроведувал во Македонија?

Одговорот е непријатен, но историски документиран: токму бугарската окупациска администрација во Македонија во 1943 година.

Тврдењето дека „депортација не е исто што и убиство“ е срамно.

Кога на 11 март 1943 Македонските Евреи беа собрани од своите домови затворени во Монопол, натоварени во вагони не беа испратени на „преселба“, тие беа испратени во Треблинка, фабрика за истребување, депортација во таков логор значеше смртна пресуда.

Често се повторува тезата дека Бугарија ги спасила своите Евреи, тоа е делумно точно, но истата таа власт ги депортира Евреите од Македонија и Тракија.

Значи, вистината не е црно-бела, туку е многу поопасна: бугарските Евреи биле спасени, а други свесно испратени во смрт.

Тврдењата дека „никој не знаел“, дека „се мислело дека се работни логори“, дека „сите биле исти“ не се нови.

Светот знаел доволно, а оние што ги товарале луѓето во возови, знаеле сè што им било потребно да знаат.

Никој во Македонија не ја негира вината на нацистичка Германија, но исто така, никој нема право да ја избрише улогата на оние што ги апселе, чувале и депортирале кон сигурна смрт.

А вистината е едноставна и болна: 11 март не е приказна за „депортација“, тоа е приказна за прекинат живот на 7144 македонски Евреи, наши сограѓани, засекогаш.

План за депортација на Евреите од Македонија

Ликвидирањето на Евреите од Македонија било резултат на договор меѓу нацистичка Германија и Царството Бугарија.

Закон за овластување на Министерскиот совет за превземање на сите мерки за уредување на еврејкото прашање и поврзаните со него прашања

На 28 јуни 1942 година Народното собрание на Царството Бугарија го гласало и усвоило Законот за овластување на Министерскиот совет за превземање на сите мерки за уредување на еврејското прашање и поврзаните со него прашања. Законот бил одобрен со Указ бр. 52 од цар Борис III, а бил објавен во „Државен весник“ на 9 јули 1942 година.

Од името на двете држави на 2 февруари 1943 година договорот го потпишале Адолф Бекерле, (германски полномошен министер во Бугарија) и Петар Габровски, бугарски министер за внатрешни работи.

2 copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Конкретните планови за депортацијата се документирани во извештај од 12 ноември 1942 година на Министерството за надворешни работи од Германија до Германската легација во Софија во кој се вели дека „Бугарската влада со особено задоволство известува дека конечно ќе се реши еврејското прашање.“

Покрај ова бугарската влада бара од Германија да и ги достави деталните планови за иселување на Евреите од Романија за и таа да преземе неопходни мерки за иселување на Евреите.

На Комесарството за еврејски прашања бугарската влада му дава налог да направи списоци на целокупното еврејско население во Македонија, со имотите на сите членови на семејството, возраст, пол, професијата и улицата, бројот и местото на живеење. Рокот за доставување на главните списоци бил само неколку дена.

Делегатот на скопската еврејска општина бил задолжен покрај списоците на еврејското население од Скопје да достави списоци за Евреите што живеле во места каде што поради малиот број на Евреи не се формирани еврејски општини. Станува збор за: Куманово, Прешево, Удово, Гевгелија, Крива Паланка и Бујановац.

Собраните податоци покажувале дека во 1941 година во Скопје имало 1181 семејства со 3795 члена, во Битола имало 810 семејства со 3351 члена, во Штип 140 семејства со 551 члена, во Куманово 7 семејства со 17 члена, во Гевгелија 3 семејства со 11 члена, во Велес имало 2 семејства со 8 члена, во Крива Паланка 1 семејство со 5 члена, а во останатите места 6 семејства со 28 члена. Станува збор за вкупно 2150 семејства со 7762 члена.

Фашистичките влади на Бугарија и нацистичка Германија во тајност ги водат преговорите за предавање на еврејското население од окупираните бугарските територии на Германците.

На 22 февруари 1943 година во Софија се потпишува спогодба за иселување на 20.000 Евреи од териториите окупирани од страна на Бугарија, односно од Тракија и Македонија.

Иселувањето ќе се реализира во источните германски области (односно во Полска). Спогодбата била потпишана од Александар Белев, комесар на Комесарството за еврејски прашања при Министерството за внатрешни работи и народно здравје во Софија и oд германскиот капетан на заштитните одреди (СС-дивизии) Теодор Данекер.

Спогодбата е донесена по одобрување на Министерскиот совет на Бугарија. Во спогодбата се утврдени појдовните железнички станици, и тоа:

127450019 3573145716097424 5624988473745724230 n

од Скопје 5000 лица во 5 воза

од Битола 3000 лица во 3 воза

од Пирот 2000 лица во 2 воза

од Горна Џумаја 3000 лица во 3 воза

од Дупница 3000 лица во 3 воза

од Радомир 4000 лица во 4 воза

Министерот за внатрешни работи и народно здравје Петар Габровски поднел извештај до Министерскиот совет дека во однос на постигнатата спогодба помеѓу Бугарија и Германија претстои иселување од земјата на 20.000 лица со еврејско потекло од „новоослободените земји“ и дека тие ќе бидат сместени во логори во градовите: Скопје, Пирот, Горна Џумаја, Дупница и Радомир. Министерскиот совет го овластува комесарот за еврејски прашања да ја реализира спогодбата.

Од писмото на Бекерле (германскиот полномошник министер до германското Министерство за надворешни работи во Бугарија), од 22 јануари 1943 година, за разговорите со министерот за надворешни работи на Бугарија по повод иселувањето на Евреите се потврдува дека покрај активностите преземени против Евреите ќе треба прво да се иселат Евреите од „новоослободените територии“.

Во преговорите помеѓу германската нацистичка влада и бугарската фашистичка влада постојано е присутно иселувањето, односно испраќањето во логори на смртта не само на Евреите од „новоослободените територии“, но и од старите предели на Бугарија.

Во телеграмата од 4 април 1943 година од Ото фон Рибентроп, министер за надворешни работи на нацистичка Германија, испратена до Германската легација во Софија за разговорите во Берлин со царот Борис за еврејскиот проблем во точка 4 се вели „...Царот изјави дека досега дал согласност за иселување во Источна Европа само за Евреите од Македонија и Тракија. За Евреите од самата Бугарија тој сака да се иселат само еден мал број болшевичко-комунистички елементи. Другите 25.000 Евреи ќе ги собере во концентрациони логори во земјата, зашто има потреба за градење на патишта. Не се задржав на изјавата на царот и се задоволив со тоа што му истакнав дека според наше мислење само радикалното решение е единствено вистинско решение на еврејското прашање...“

По потпишувањето на договорот, следи Протоколот бр. 32 на Министерсксиот совет од 2 март 1943 година, со кој се предвидуваат организационите мерки за депортирањето на 20.000 Евреи од „новите“ и „старите“ предели на Бугарија и за одземање на имотите.

Вистината мора да се знае, за да не се повтори.

1aaa-MN copy copy copy copy copy copy copy copy

 

На прво место

News image

Источен Петок – Балаклија: Празник на водата, верата и надежта

Источниот Петок, познат меѓу народот како Балаклија, е еден од најзначајните празници што се одбел...

Иселеници

Култура и туризам

News image

Источен Петок – Балаклија

Првиот петок по Велигден се вика Источен Петок Балаклија. Тој спаѓа во Светлата недела поради што не...

Фељтон

News image

УНГАРИЈА - ВТОРАТА ТАТКОВИНА НА ЛЕФТЕР МАНЧЕ (11)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.