Четврток, 19 Март 2026    PDF Печати Е-пошта
ЕПИСКОПОТ ВЕЛИЧКИ ИЗБРАН ЗА НОВ АДМИНИСТРАТОР НА АВСТРАЛИСКО-НОВОЗЕЛАНДСКАТА ЕПАРХИЈА

16326

Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, на седницата одржана на 19 март 2026 година го разреши досегашниот администратор на Австралиско-новозеландската епархија г. Петар и за нов епархиски архијереј го избра епископот велички г. Никола (Трајковски), со титула митрополит австралиско-новозеландски и неговото назначување се смета од денот на изборот 

Македонските православни црковни општини, цркви и манастири во Австралија се конституирани врз законска основа и се организирани како религиозни, национални, социјални, хуманитарни и културно-просветни институции. За реализирање на своите активности, црковните општини пред сѐ, имаат добиено широка поддршка од австралиската влада и од мајката-Светиклиментовата црква. Со формирање на црковните општини во Австрлија, во голема мера се придонесе да се подигне на повисоко рамниште и во извесна смисла да се определи националниот идентитет на Македонците од сите делови на Македонија. Македонските доселеници во Австралија, без разлика од кој дел на Македонија, и со какви патни исправи се дојдени во демократска и мултикултурна Австралија.

Овие македонски православни светилишта во Австралија се мошне ценети од тамошното општество, пред се’ поради резултатите што Македонците ги постигнуваат во работата, а и поради нивниот однос и висок степен на лојалност кон новата татковина-Австралија. Меѓутоа, најзначајно е тоа што македонските иселеници преку своите црковни општини ја афирмираат својата стара татковина Македонија, со што даваат прилог и на планот на меѓународните односи.

Австралиско-македонската црковна епархија е формирана со одлука на Светиот архиерејски синод на МПЦ со цел да ги продлабочи врските и да ја јакне љубовта меѓу македонсктие доселеници во Австралија со Татковината и со Црквата. Во почетокот беше заедничка за САД, Канада и Австралија, како Американско-канадска - австралиска црковна епархија, кога во 1969 година, за прв архиереј на заедничката епархија беше избран митрополитот г. Кирил. Од есента 1981 година, за архиереј на Австралиската епархија е избран митрополитот г. Тимотеј, во која меѓу другите, потпретседатели биле познатите исленици: Васил Мојанов, Ристо Алтин, Коста Радин, Ванчо Неделковски и други. Во 1995 година, надлежен архиереј за Австралиската епархија беше избран митрополитот Петар, со што до 19 март 2026 година, во Австралија имаше две епахии: Австралиско-новозеландска, со надлежен архиереј г. Петат  и Сиднејско австралиска епархија, со надлежен архиереј г. Тимотеј..

163267

Светиот синод на МПЦ-ОА

Австралиско-новозеландската епархија е една од 15-те епархии на Македонската православна црква. Таа е една од четирите епархии надвор од Република Македонија и има јурисдикција за Австралија, Нов Зеланд и териториите околу нив.

За одбележување е 19  март 2025 година, кој ќе биде забележал со златни букви во црковното живеење на Македонците од сите делови на Македонија кои живеат во Австралија. Имено, на тој ден Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква-Охридска архиепископија на редовната седница во полн состав, го разгледа предлогот на митрополитот г. Петар за негово разрешување од должноста администратор на Австралиско-новозеландската епархија и за нов епархиски архијереј го избра епископот велички г. Никола (Трајковски), со титула митрополит австралиско-новозеландски. Неговото  неговото назначување се смета од денот на изборот.

 Новоизбраниот Митрополит Никола е роден во 1974 година во Скопје. Дипломирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, во Скопје. Остварува двогодишен студиски престој на Катедрата по византологија на Карловиот универзитет во Прага, каде се образува во областа на средновековната литература.

Замонашен е во манастирот „Свето Преображение“ во Зрзе во 1998 година. Истата година е ракоположен во ѓаконски чин, а идната година во свештенички чин. Ракопроизведен е во игуменско достоинство во 2006 година и поставен е за старешина на манастирот „Свети Никола“ во Мариово. Од почетокот на 2008 година активно се посветува на ревитализацијата на овој манастирски комплекс, се прават редица конзерваторско-реставраторски зафати во црквата, се обновува богослужбениот и духовниот поредок, се развива манастирската економија и друго..

Во 2008 година, на Богословскиот факултет на Универзитетот „Свети Климент Охридски“ во Софија, митрополитот Никола го одбрани магистерскиот труд „Придонесот на руското духовништво за црковниот живот во Македонија во 20-иот век“, кој е објавен на македонски и руски јазик. Докторант е на истиот факултет.

Во 2012 година е ракопроизведен во чин архимандрит.

Во 2023 година е избран за викарен архијереј на Преспанско-пелагониската епархија, со титулата епископ Велички, а во 2024 година во соборниот храм „Свети великомаченик Димитриј“ во Битола е ракоположен во епископски чин.

Објавува текстови и учествува на научни собири и конференции во Македонија и вон државата на теми од областа на средновековна и понова црковна историја, агиографија и црковна книжевност. Член е на повеќе значајни архиепископски и епархиски црковни тела и органи.

Во соопштението, Светиот Архиерејски Синодот упати и порака до верниците во периодот на Великиот пост, повикувајќи ги молитвено да ги поминат преостанатите денови од постот и достојно да го пречекаат Христовото воскресение.

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Источен Петок – Балаклија: Празник на водата, верата и надежта

Источниот Петок, познат меѓу народот како Балаклија, е еден од најзначајните празници што се одбел...

Иселеници

Култура и туризам

News image

Источен Петок – Балаклија

Првиот петок по Велигден се вика Источен Петок Балаклија. Тој спаѓа во Светлата недела поради што не...

Фељтон

News image

УНГАРИЈА - ВТОРАТА ТАТКОВИНА НА ЛЕФТЕР МАНЧЕ (11)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.