Недела, 22 Март 2026    PDF Печати Е-пошта
Венко Филипче од собраниската говорница изјави: „Вака не се води политика“

Filipce Vaka ne se vodi politika

Кога Венко Филипче од собраниската говорница порача „вака не се води политика“, потсмевот што одекна во салата не беше ни случаен, ни спонтан, тоа беше реакција што произлегува од години наталожено незадоволство, од политики што оставија длабоки последици и врз државата и врз секојдневниот живот на граѓаните.

Зашто? токму кога СДС седум години ја водеше државата, токму во тој период беа донесени одлуки кои денес се предмет на остри критики, дебати и сè погласен револт.

Граѓаните уште долго ќе паметат како се водеше политиката за време на СДС, па логично се наметнува прашањето: дали токму тоа беше добрата политика на која требаше да се води државата?

Дали беше добра политика во која државата го промени своето уставно име, знаме, аеродром, автопат,... преку Преспански договор?

Дали беше добра политика во која Договор за пријателство со Бугарија отвори прашања што подоцна се претворија во нови услови?

Дали беше добра политика во која секое ново барање се прифаќаше со „сега конечно“ ќе има напредок – додека блокадите од Бугарија и до ден денес продолжуваат?

Дали беше добра економска политика во која растот заостануваше зад регионот, јавниот долг растеше, а граѓаните се соочуваа со сè повисоки трошоци за живот?

Дали тоа беше модел во кој странските инвестиции опаѓаа, а домашното производство беше без сериозна поддршка?

Или пак систем во кој аферите ја разнишаа довербата, правдата се перципираше како селективна, а борбата против корупцијата остана повеќе на хартија отколку во пракса?

Во енергетиката – неподготвеност.
Во кризите – доцнење и импровизација наместо стратегија.
Во здравството – контроверзии, особено за време на COVID-19, кога довербата во институциите сериозно се разниша, а трагедиите како модуларната болница оставија длабока трага.

Во демографијата – молк додека младите масовно си заминуваа.
Во националните прашања, отворање чувствителни теми што јавноста ги доживеа како директен удар врз идентитетот.

И по сето тоа доаѓа пораката на Венко Филипче: „вака не се води политика“. Не е ни чудо што следеше потсмев.

Сликата што остана во јавноста е јасна: еконимијата и политика на попуштање без конкретен резултат не е „добра политика“ на СДС, тоа е катастрофална политика и велепредавство кон сопствената држава и граѓаните.

Од другата страна, владата предводена од Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се обидува да постави поинаков курс и да ги поправи катастрофалните грешки од времето на владеењето на СДС.

Курс во кој се зборува за „црвени линии“, наместо за отстапки.
За позиција, наместо за попуштање.
За услови, наместо за празни ветувања.

Во економијата се најавуваат а дел веќе се реализираат странски и домашни инвестиции, се реализираат инфраструктурни проекти и се става акцент на поддршка на домашните компании. Во енергетиката се прават обиди за поголема самостојност, повисоки пензии, во дипломатијата се бара поширок круг партнери, а не зависност од еден процес,...

Моделот на „добрата политика“ на СДС се темелеше на компромиси и катострофална економска политика.

Моделот на ВМРО-ДПМНЕ се гради врз условен пристап и заштита на државните интереси.

Но политиката не се мери со изјави, не се мери со говори што звучат „силно“ во моментот, се мери со резултати.

И затоа, колку и да одекнува „силно“ изјавата на Венко Филипче, конечната пресуда нема да ја даде ниту Собранието, ниту дневната политика, ја дадоа граѓаните на последните три избори, претседателски, парламентарни и на крај општинските.

За крај, останува впечатокот дека и самиот Венко Филипче тешко верува во сопствената изјава. Во обид да одговори на притисокот и да го запре падот на рејтингот.

Но, реалноста на терен е поинаква. СДС постепено ја губи поддршката, а довербата кај граѓаните се топи, не поради една изјава, туку поради катастрофалните политики што оставија последици од „добрата политика“ на СДС.

Колку и да се трудат да ја префрлат вината и да ја менуваат приказната, сенката на катастрофалното владеење на Зоран Заев и денешниот тим на СДС предводен од Венко Филипче се провлекува низ секојдневието на граѓаните и уште долго ќе ги прогонува.

Затоа изјавата, „вака не се води политика“, ако не беше смешна, ќе беше трагикомична!

МН

 

На прво место

News image

Источен Петок – Балаклија: Празник на водата, верата и надежта

Источниот Петок, познат меѓу народот како Балаклија, е еден од најзначајните празници што се одбел...

Иселеници

Култура и туризам

News image

Источен Петок – Балаклија

Првиот петок по Велигден се вика Источен Петок Балаклија. Тој спаѓа во Светлата недела поради што не...

Фељтон

News image

УНГАРИЈА - ВТОРАТА ТАТКОВИНА НА ЛЕФТЕР МАНЧЕ (11)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ПАТОТ ДО ВРВОТ“ OД Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.