|
||||
| Ако Филипче навистина знаеше што треба, требаше да го направи додека имаше моќ |
|
Ако толку знаеше, зошто не го направи? Венко Филипче денес ја претстави својата програма „Твоја држава – твоја шанса“. Нула корупција, повисоки плати, 50% поголеми пензии, поддршка за младите, станбени кредити со 1% камата… Се слуша убаво на хартија, но реалноста од седумте години владеење на СДС е сурова и болна за сите граѓани кои живеат со последиците од тоа владеење. Да се држат лекции додека си во опозиција е лесно. Тогаш можеш да зборуваш за чесност, правда и подобра иднина. Но кога си на власт, кога имаш клучеви од институциите во раце, зборовите мора да станат дела. И токму тогаш народот го видоа вистинското лице на СДС:
Секој од овие примери не е само бројка или настан, има уште голем број вакви примери – тоа е доказ дека „знаењето“ и „стратегијата“ што Филипче ја промовира денес биле достапни уште пред години. Но тие години беа потрошени на празни ветувања, политички играчи и обезбедување на интересите на блиските до власта, наместо на народот. Сега ни се ветува „нула корупција“. Но народот знае: корупцијата не се лекува со зборови. Таа се сече со дела, со транспарентност, со институции кои функционираат без влијание на партиските врски. Секој тендер, секоја сомнителна постапка од минатото е доказ дека програмата за СДС денес е само политичка шминка за избори. И повторно, ветувањата за повисоки плати, 50% поголеми пензии и поддршка за младите се само зборови ако народот не почувствува промена во реалниот живот. Додека Филипче зборува за идеален систем, граѓаните гледаат што се случуваше со здравството: редици за прегледи, недостаток на лекови, неефикасни институции, и секаде трага од корупцијата што процвета додека СДС беше на власт. Времето на празни фрази помина. Ако Филипче навистина знаеше што треба, требаше да го направи додека имаше моќ. Сега неговата „програма“ е само сенка од минатото – сенка што потсетува дека кога си на власт, зборовите мора да станат дела, а не само лекции за опозиција. Народот не се задоволува со ветувања. Тој бара реални промени, реални резултати, и вистинска одговорност за седумте години пропуштени можности. А ако СДС не оставеше долг од над две милијарди евра, кои актуелната влада мора да ги врати оваа година, ќе имаше пари и за повеќе од она што денес го кажува Филипче. |





















