|
||||
| СДС треба да покаже доследност и одговорност пред граѓаните |
|
СООПШТЕНИЕ на ВМРО-ДПМНЕ / РЕАКЦИЈА НА СООПШТЕНИЕ НА СДС СДС се обидува да избрише дел од сопственото политичко минато, но фактите се јасни – токму тие, заедно со Зоран Заев, имаа активна соработка и склучуваа билатерални договори со Република Казахстан. Јавноста одамна ги препознава празните и неуверливи соопштенија на СДС, како и неуспешната ПР стратегија која очигледно не допира до граѓаните. Обидите за наметнување на наративи проследени со селективна амнезија не поминуваат. Граѓаните не забораваат. А кога СДС се обидува да заборави, наша обврска е да потсетиме. Владата предводена од Зоран Заев беше таа која воспостави и развиваше соработка со Казахстан. Во 2017 година, Заев оствари средба со тогашниот амбасадор на Казахстан во Македонија во просториите на Владата, при што јавно беше соопштено дека се разговарало за конкретни активности во областа на енергетиката и за унапредување на билатералните односи. Соработката не застана тука. Во 2019 година беа потпишани три билатерални договори за меѓународна соработка, а во 2022 година следуваше нов договор за трговија и економска соработка. За негова имплементација беше формирана и заедничка комисија, која ја одржа својата прва седница во Владата. Ова се факти кои не можат да се избришат со соопштенија. Наместо обиди за ревизија на сопственото минато, СДС треба да покаже доследност и одговорност пред граѓаните. |





















