Среда, 24 Април 2024   
КАДЕ ЗАВРШИЈА НАД 30 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НАРОДНИ ПАРИ???

1martin1

М-р Мартин ТРЕНЕВСКИ, Поранешен министер и амбасадор 

1.  Власта во заминување позната по грабежот на државниот буџет се чини ги надмина и во светски рамки познатите дикратори и институционални криминалци (крадење од институциите и буџетот) од калиброт на еден Фердинанд Маркос од Филипините, царопт Хајле Селасие од Етиопија и многу други слични ликови, а ги има и меѓу актуелните властодршци.

   Не се наситија од грабање буквално во секоја прилика што им се пружаше преку наместени тендери, зделки во четири очи и многу други "инвентивни", a за пошироката јавност невидливи начини и форми на корупција и ајдуклок. Впрчем, како да се објасни фактот дека за седум години колку се на власт се потрошени над  30 милијарди (billions) долари, а осем некои крпеници на патиштата и завршетоци на проекти што ги започна претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ, не видовме ама баш ништо.

   Толку да се мрази сопствената татковина и душмански економски и на секој друг начин да се уништува, тешко е дури и да се замисли. Но дали е тоа случајно и дали е во прашање само ненаситна алчност за богатење? Јас сум еден од оние кои не веруваат во случајности и отворено прашувам: да не ќе да е во прашање спроведување во дело на сценариото што ни го подготви одамна длабоката држава за севкупно исцрпување на Македонија и провоцирање на невозможна ситуација за нормален живот заради што е во тек масовното иселување на младите, празнење на државата, а со тоа и конечно разрешување и елиминирање на "Македонското прашање"???

  Еве еден конкретен пример како се молзи од Буџетот. Македонија на пријателска Украина и донираше 12 тенкови Т72, 12 хеликоптери од советско производство и четири борбени авиони од типот Сухој кои, патем, ги купивме во готово од истата таа Украина во конфликтот со балистите во 2001 година. Владата во меѓувреме купи оклопни возила од САД за 210 милиони долари; системи за противвоздушна одбрана од Франција за 66 милиони доалари, хеликоптери  од Италија за 250 милиони долари, а најавена е нова набавка на оклопни возила од САД за 250 милиони долари. Неслужбено се знае дека за набавка на воена опрема следи провизија (читај: рушвет) од 20%, што значи некои од владата во заминување се офајдиле за преку 150 милиони долари  н а р о д н и  пари!

  Во чии џебови завршиле тие пари? Се знае, во оние што се во власта на заминување!!!

2. Се навршија 12 години од сеуште неразјасненото убиство (12.04.2012) на пет млади луѓе кај Смилското езеро во близината на Скопје, познато како случај Монструм. Но, за неверување е дека и ден денес не е познат мотивот ЗОШТО е извршен тој злостор!?

  Во повеќе наврати имам пишувано кое е моето гледиште за овој случај што сметам дека треба да се гледа - како што би рекле инсторичарите - од временска дистанца и историски контекст. Многу теории се лансираа во јавноста   за поводот за петкратното убиство на петтемина млади чија вина била што во погрешно време се нашле на погрешно место, но ниту една од теориите не е потврдена со факти и докази! Неколкумина од учесниците во злосторот се осудени на долгогодишен затвор, но главните двајца егзекутори уживаат на слобода во соседно Косово, а нашите званичници изјавуваат дека со Косово "сме немале отворени прашања"!?

  Теоријата што ја застапувам во повеќе наврати, што се разбира не мора да е точна (!), е следната: таканаречениот Запад, или подобро речено длабоката држава  с е к о г а ш  кога саkа да го спречи напредокот на Македонија игра на албанската карта со провоцирање на инциденти, па дури и воени конфликти како оној 2001 година, "Кумановско насеље" 2014 година и сл. Убиството кај Смилското езеро се случи во април 2012 годиона, т.е. еден месец пред Самитот на НАТО  во Чикаго. Главна мантра на Алијанмсата беше  п р о ш и р у в а њ е т о, а најподготвена кандидатка за прием беше токму Македонија. На некои структури (не исклучувам влијание и од соседството) не им беше по волја токму Македонија да постане полноправна членка (надевајки се дека во меѓувреме ке можат да изнудат уште некоја концесија од македонската влада што се случи и со капитулацијата од Нивице/Преспа) и  можност да се спречи приемот видоа: да се прикаже Македонија како етнички нестабилна и проблематична земја!?

  Би сакал еден ден некој да ме демантира во ова што го презентирам, но искрено не верувам дека такво нешто ќе се случи. Впрочем, токму за тоа и не ни ги испорачуваат Алил Демири и Африм Исмаиловиќ од Косово - за да не пропеат и да не се дознае вистината.

3. Во предизборните кампањи на седумте кандидати за претседател на државата беше и темата за  професионализација на македонската дипломатија. Осем што како во хор, унисоно, скоро сите проповедаат професионална дипломатија, лично мислам дека ретко кој од кандидатите е свесен што во пракса значи тоа. За мене, професионален дипломат не е секој што се води на платен список во Министерството за надворешни работи! Во изминативе триесетина години од осамостојувањето кој се од МНР не замина на мандат, т.е. на девизни јасли во странство!? За мене, профеионалноста пред се треба да се гледа во односот кон работата, посветеноста и свеста за фактот: КОЈ ВЕ ПРАЌА И КОЈ ВЕ ПЛАЌА кога сте на мандат. Со други зборови, дипломатијата е скапа работа и кога се работи за слаба економија како нашата, тогај се очекува дипломатот да даде максимум од себе за што поуспешно да ја претставува свопјата земја.

   Во мојата пракса имав прилика да работам со прекрасни луѓе токму по теркот што погоре го споменувам. Но, за жал, имав и лоши искуства што не би смеело да се помисли, а не пак да се случуваат, како на пример местенки на амбасадорот и сл. Но секако најкриминален пример беше од престојот во Виена каде во иста зграда се сместени билатералната амбасада на РМ со Австрија и нашата  амбасада на Мисијата во ОБСЕ. Таму, во Мисијата, се погоди амбасадор кој просефионалната кариера ја започнал во Министерството за внатрешни работи;  кој во една прилика се претставуваше како амбасадор на Азербејџан, кој наместо да си ја врши работата за која бил пратен и платен се распшашувал по амбасадори од нашите соседи: со кого се дружи амбасадорката од билатерала, а врв на безобразието секако е што во системот за врски во МНР бил приклучен на приватниот телефон на амбасадорката за да ја прислушкува!? Замислете???

  Хаосот во МНР е очигледен особено последниве години со актуелниот МНР Бујар Османи кој не само што ја етницира дипломатијата и надвор и дома, во министерството, туку во континуитет работи за една соседна земја, а драстично ги влоши нашите односи со друг наш сосед и важен економски партнер.

  Не можам да одолеам а да не споменам и еден многу позитивен пример. Еден од првите амбасадори на РМ во Париз, познат писател, даматург и што ти не друго од областа на културата (значи според стандардите на МНР  н е п р о ф е с и о н а л е ц(!?)/ за четири години организираше над 120 културни настани во француската метропола, а него го наследи "професионалец" од редовите на МНР кој еднаш во три месеци, наводно (според извоири од МНР) водел сметка за личната хигиена!?

  Е па судете сами кој се професионални дипломати, а кои не се професионалци!?

 

На прво место

News image

Велика сабота - исчекување на благодатта на Неговото Воскресение

Од времето на страдањето на Господ Христос на крст на Голгота, секоја Велика сабота е исполнета со и...

Историја

News image

Гоце Делчев – „Ние не бараме покровители, а уште помалку господари."

  Појавата на Внатрешната организација од Македонија и нејзината се поинтензивна антиегзархиск...

Иселеници

News image

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ априлскиот БР. 66 НА СПИСАНИЕТО „ПОВОД“ ОД СИДНЕЈ

Сисанието „Повод“ е едно од најзначајните иселенички инф...

Култура и туризам

News image

Велики петок, освен Велипеток уште се вика и Распет петок

Велики петок, освен Велипеток уште се вика и Распет петок, зашто на тој ден е распнат Исус Христос. ...

Фељтон

News image

НАГРАДИ И ПРИЗНАНИЈА ЗА АТАНАС БЛИЗНАКОВ (30)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАКОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.