|
|
| Иран си има свој Заев, Лекција за политичка наивност |
|
Свекрва Политиката е поле каде што довербата и претпазливоста мора да одат рака под рака. Но, понекогаш се случуваат ситуации кои изгледаат толку апсурдно што тешко може да се поверува дека се реални.
Токму таков беше случајот кога руските пранкери, познати по своите телефонски измами со светски лидери, го прогласија поранешниот македонски премиер Зоран Заев за „најглупавиот јунак“ во, како што самите велат, многу силна конкуренција. Шегаџиите успеале да го надмудрат Заев претставувајќи се како тогашниот украински претседател Петро Порошенко. Наместо краток и проверен разговор преку дипломатски канали, комуникацијата прераснала во подолг контакт во кој, според нивните тврдења, Заев не сфатил дека станува збор за измама. Пранкерите тврдат дека снимката од разговорот ја чувале во тајност околу една година. За тоа време, како што велат, Заев продолжил да комуницира со нив, убеден дека разговара со вистинскиот украински претседател. Она што ја прави целата приказна уште поапсурдна е наводната содржина на комуникацијата. Според објавените информации, Заев испраќал фотографии од свои официјални средби, давал контакти од косовски политичари, па дури и во неколку наврати самиот ги контактирал „соговорниците“, односно ги „спамирал“ шегобијците со пораки и материјали. Иран си има свој Заев Ако во Македонија со години се раскажуваше приказната како поранешниот премиер Зоран Заев разговарал со руски пранкери кои се претставувале како Петро Порошенко, слична сцена се случила и во иранската политичка емиграција. Овој пат главниот лик е иранскиот престолонаследник во егзил Реза Пахлави, син на последниот ирански шах Мохамед Реза Пахлави. Според објавени информации, Пахлави станал жртва на телефонска измама, разговарајќи со лице кое се претставило како „внук на Хитлер“ и наводен посредник за средба со германскиот канцелар Фридрих Мерц. Слично како во случајот со Заев, ваквите ситуации предизвикуваат потсмев во јавноста затоа што покажуваат колку лесно јавни личности можат да станат мета на пранкери кога изостанува елементарна проверка на соговорникот. Разликата е што во овој случај не станува збор за премиер на држава, туку за опозициски симбол на иранската монархистичка емиграција. |
















