Среда, 31 Јануари 2024    PDF Печати Е-пошта
ШТО РЕКОЈА БРОЈНИ НАУЧНИЦИ ЗА ПРОФЕСОРОТ СИНИША СТАНКОВИ (6)

1jpe3

Професорот Станковиќ беше трудољубив, достатно ангажиран, како на научен, така и на политички план. Имаше проблеми со видот, но, сепак и со едно око, читајќи со лупа, тој не се оддели од сè она што како секојдневна работа постојано ја работеше и исцело ù се посветуваше. Дури во ретките слободни мигови, особено кога беше здрав, свиреше на флејта и тоа мошне привлечно.

Се сеќавам мошне добро и на неговиот богат дух, кога ќе седевме со филџан кафе во Ботаничката градина или на другарските игранки. Умееше да раскажува и да се  шегува. Се вели дека таквите „големци“ биле добри луѓе, меѓутоа, без претерување, тој навистина беше благороден. Не паметам некогаш да викнал со повисок тон, туку постојано беше смирен и тактичен. Сметаше дека сите сме едно семејство“

Сигурно малкумина знаат дека сакаше риболов и беше стручњак за рибите. Неговите совети ги слушаа и искусните охридски рибари. Постојано се грижеше за размножувањето на рибите, а тоа им го објаснуваше не само на професионалците, туку и на спортските риболовци. Така на најдобар начин ја поврзуваше теоретската со практичната работа во науката.

Инаку, со монографијата за Охридското Езеро тој стекна светска слава и постојано место во историјата и науката.

За време на окупацијата, професорот Станковиќ бил член на Главниот народноослободителен одбор на Србија, а по ослободувањето, покрај работата на Универзитетот, бил претседател на Народноослободителниот фронт на Белград, потоа на АСНОС и на Президиумот на Народното собрание на Србија, до 1952 година. Исто така, бил член на Сојузното собрание на Југославија.

Бидејќи професорот Станковиќ беше одличен познавач на францускиот јазик и човек со безброј пријателски врски во странство, во текот на 1946 година бил член на југословенската делегација што учествувала на Париската конференција за мир. Притоа, неговата активност, а особено неговите залагања за решавањето на Трст, биле од посебен интерес.           

Исто така, со успех ги застапувал интересите на земјата и на други меѓународни конференции, особено на оние за обновување на научно - истражувачката работа во земјата. Неговото име низа години претставувало поим за југословенската наука, а неговиот придонес кон универзитетската настава и активната општествено - политичка дејност, го претставувале неговиот животен пат.

Во големиот број задолженија, прoфeсорот Станковиќ беше и раководител на низа научни институции, совети и друштва. Така, беше раководител на Зоолошкиот завод на Природно - математичкиот факултет во Белград, директор на Биолошкиот институт во Белград, раководител на научната работа на Хидробиолошкиот завод во Охрид, претседател на Академскиот совет на Југославија, претседател на Српското биолошко друштво и др.

1jpe33

МАНУ

Заради извонредниот придонес во биолошките истражувања и во науката во целина, беше член на голем број домашни и странски академии и друштва. Меѓу другите, на Српската и на Словенечката академија на науките, член на Југословенската академија на науките и уметностите, дописен член на aкадемиите на науките и на уметностите на Македонија и на Босна и Херцеговина, надворешен член на Советската академија на науките, член на Американското друштво за унапредување на науката, член на Американското еколошко друштво и др.

Академикот Станковиќ е носител на многубројни одликувања, меѓу кои посебно треба да се издвојат Орденот на народното ослободување, Орденот братство и единство од прв ред, Орденот на Републиката со златен венец и др.

 За особен придонес, тој е добитник, меѓу другото, и на Нојмановиот медал од Интернационалното лимнолошко друштво и на наградата АВНОЈ.

Уште од почетокот на наставничката кариера, професорот Станковиќ особено се ангажирал за оформување на екологијата како наука, за добивање статус на научна дисциплина која треба да ги проучува односите помеѓу живите организми и нивната конкретна средина.

По негова заслуга, во 1947 година во Белград беше формиран Институтот за екологија и биогеографија, прв од таков вид во земјата и на Балканот, кој што подоцна прерасна во Институт за биолошки истражувања. Основањето на Институтот, всушност, беше официјално прифаќање на начелата на новата наука, за која тој толку успешно пишувал во книтата „Рамка на животот“, уште во 1933 година. 

Продолжува

1slavek3 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Кузеска нека им каже на пратениците од СДС да поддржат продолжување на важноста на пасошите предлог на ВМРО-ДПМНЕ

  Наместо да мудрува, Кузеска нека им каже на пратениците од СДС да поддржат продолжување на...

Историја

News image

Албанците од Македонија не се фински швеѓани-Драган Богдановски- 1997г.

Госпоѓа Елизабет Рен, финска државјанка од миноритетската шведска јазична група, бивша министерка за...

Иселеници

News image

АНСАМБЛОТ „ТОМОВ“ НА ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ ВО ЛЕИК ПЛЕСИД (14)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

ПРОФ. Д-Р МОТОКИ НОМАЧИ ОД ЈАПОНИЈА – ПОЧИТУВАЧ НА ЈАЗИКОТ НА МАКЕДОНЦИТЕ ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА

Професорот  Мотоки Номачи е истражувач на словенската лингвистика, на социолингвистиката и на...

Фељтон

News image

ДВЕ ДЕЦЕНИИ ОД ОСНОВАЊЕТО НА ФОНДАЦИЈАТА „АТАНАС БЛИЗНАКОВ“ (20)

ДЕЛ ОД ЖИВОТОТ НА АТАНАС БЛИЗНАЈОВ ВО МОНОГРАФИИТЕ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.