Среда, 07 Февруари 2024    PDF Печати Е-пошта
СЛУЧКИ ВО ЖИВОТОТ НА ПРОФЕСОРОТ СИНИША СТАНКОВИЌ (7)

1in23

Институтот остави своевидна школа за подготвување млади кадри, кои се оспособувале да ги програмираат еколошките истражувања. Така, веднаш по ослободувањето, таму престојувале и се усовршувале двајца асистенти од Македонија, како идни соработници на Хидробиолошкиот завод. Уште во тоа време, академикот Станковиќ визионерски ја дефинирал улогата на екологијата и забележал: 

 

„Еколошкиот начин на мислење брзо се шири надвор од кругот на специјалистите. Денешниот човек со невидена брзина го менува лицето на светот, меѓутоа, во исто време станува свесен за последиците од промените во природата, во која и самиот човек е создаден, а која е задолжителна рамка на сегашниот и идниот живот. Односот на човекот кон својата природна рамка, пред сè, е еколошки проблем кој неопходно треба да се решава.“

Исто така, во книгата „Рамките на животот“, првата научно - популарна еколошка публикација, меѓу другото, професорот Станковиќ напишал: „Екологијата има за цел да ја одреди положбата на човекот во однос на вкупната жива природа. Нема никакво оправдување во верувањето дека човекот може да живее надвор и независно од неа.

Тој не е само член на својата тесна општествена заедница, туку, во исто време, е член и на таа поширока заедница што го сочинува целиот жив свет околу него. Одредувањето на односот на човекот кон преостанатата природа, која е неделива средина и која човекот сè поинтензивно ја искористува, е една од задачите на екологијата. Таа задача е од непроценливо практично значење. Од тие причини, со екологијата, со нејзините начела и резултати, треба да се запознаат не само научните кругови, туку и пошироката општествена јавност.“

 Д-р Зоран Градојевиќ, биолог и автор на голем број научни трудови, меѓу другото, за професорот Станковиќ рекол: „Професорот Синиша Станковиќ беше еден од најмодерните светски екологисти. Сметам дека тој е еден од основоположниците на оваа наука кај нас. Го познаваа многумина кај нас и во светот. Често го посетуваа великани на науката, инаку негови познаници и пријатели од целиот свет. Од тие средби учевме и ние, неговите соработници.

1in234

Каналот до Хидробиолошки завод

Инаку, по ослободувањето професорот ја предаде својата куќа во „Професорската колонија“ на државата, а за возврат доби мал стан во непосредна близина на Универзитетот. Често го возев до Институтот. Со задоволство ја прифаќав неговата покана да наминам кај него,  бидејќи тој беше особено пријатен и интересен соговорник и сопатник.  Секогаш појаснуваше и коментираше за нешто.

Патем да споменеме и тоа дека со колегите од студиите, подоцна познати професори на Белградскиот универзитет, го основал ансамблот „Колегиум музикум“, а еден период тој се издржувал дури и свирејќи на флејта.

На мошне духовит начин ја раскажуваше секоја случка. Заради тоа, сите сакаа да бидат во негова близина. Во секој момент од животот постојано се интересираше за збиднувањата во науката. Кога го посетував, зборуваше за научните ТВ емисии и упатуваше пофалби и забелешки.“

Меѓу необичните случки во животот, секако треба да се одбележи драматичното киднапирање на авионот, во 1952 година, кога патувал за Опатија на состанок на Советот на академиите на ФНР Југославија. 

Од Белград, во авионот уште биле и Александар Белиќ и Иво Андриќ. Тие летнале на 26 јуни, претпладне, а во Опатија требало да ги чека Мирослав Крлежа. Сите биле расположени. Во авионот, со кој управувал еден од најдобрите цивилни пилоти, додека го менувал курсот на летањето, од седиштата скокнале тројца млади. Настанала тишина. Никој не се поместил. Единствено сопругата на професорот Станковиќ почнала да протестира.

-Повторувам, никој да не се мрдне! Сами ќе бидете виновни за својата несреќа, - повторил ист глас.

Потоа, киднаперот зачкрипел со пиштолот, ја скршил пилотската врата и му наредил на капетанот да го промени курсот на летањето.

Тие се спуштиле во малото италијанско место Фолињи, каде што по „среќното пристигнување“ во Италија, претставникот на италијанската власт ги поздравил академиците и им соопштил дека Италија е подготвена на сите патници да им даде азил.     Научниците се заблагодариле и рекле дека многу би сакале да го видат претставникот на Југословенската амбасада во Италија, а потоа да се вратат назад во Југославија.

Во меѓувреме, киднаперите ù објаснувале на полицијата дека, всушност, тие немале ниту еден куршум, туку лажно ги заплашувале патниците за да дојдат во Италија. Сите патници, освен киднаперите, се вратиле во Опатија, каде што академиците среќно пристигнале на закажаниот состанок.

Продолжува

1slavek3 Пишува: СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Митровденска задушница

Задушници се деновите во кои според народните верувања душите на покојните претци и блиски доаѓаат о...

Историја

News image

Македонскиот е Мајка на европските јазици

Споредбената лингвистика или позната како компаративна филологија се занимава со споредувањето на ...

Иселеници

News image

СЕМЕЈНИТЕ КОРЕНИ НА СТИВ ОД ЕГЕЈСКА МАКЕДОНСИЈА ДО КАНАДА (10)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА “СТИВ ПЉАКАС“ ОД СЛАВЕ КАТИН

Култура и туризам

News image

ВО БАРСЕЛОНА – ПРЕСТОЛНИНАТА НА КАТАЛОНИЈА И ГРАДОТ НА ФУДБАЛОТ (6)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.