|
||||
| ВО ЧЕСТ И СЛАВА НА ПРЕСВЕТА ДЕВА МАРИЈА ВО ПРЕСПА - ДЕЛ I (3) |
|
Славата и честа на Пресветата Дева Марија во Македонја се големи. Слично како во целиот христијански свет, култот на Светата Марија особено се негува во Преспанскиот регион. Култот е претставен во македонската средновековната литература, во традициите и фолклорот. Историајта на уметноста има важна улога во културните достигнувања, а некои од македонските икони и фрески се вклучени во светското наследство. Во Сливница живее исклучително македонско население. Населбата е малечка, но заедно со викенд населбата на атарот на Сливница и Претор е една од најголемите и најзначајните туристички населби на Преспанското Езеро. За жал, многу од нејзините жители се иселиле во Австралија, Америка, Канада, по европските земји, како и низ градовите на Македонија, така што бројноста на населението постепено се намалува. Но, иселениците одвреме-навреме, особено во летниот период, си го посетуваат селото, кое е привлечно за живеење и одмор Селото Сливница е повеќевековно христијанско село во Преспа и е надалеку прочуено по манастирот „Света Мала Богородица“, кој се наоѓа на неколку километри источно од селото во планината, изграден во почетокот на XVII век. Патрониот ден на манастирот е на 21 септември кога се збираат верници од сите преспански села, Битолско и пошироко од многу места во Македонија. Сливница, како и други македонски села, името му го должи на овошјето. Така, етимологијата на името Сливница потекнува од зборот - слива. Старите жители на селото раскажуваат дека на ова место некогаш имало многу сливи од разни сорти од кои селаните вареле многу вкусна ракија - сливовица. Исто така, Сливница е прочуено и по добриот асортиман на грозје, но сливите порано доминирале и така, поради многуте насади од сливи, луѓето населбата ја нарекле Сливница.. Селото Сливница е едно од постарите и попознатите села во Преспа, со долга и вековна историска традиција на постоење. Во доцниот среден век на крајот на XVI и почетокот на XVII век во 1607 година над селото бил изграден познатиот Сливничкиот манастир посветен на Пресвета Богородица. Според верувањата на христијаните Богородица била мајка на Исус Христос сопруга на Јосиф. Марија е позната ѝ како Дева Марија, Светата Мајка, Мадона, Блажена Марија. Во православието на католицизмот таа е најпочитуваната светица, а во исламот е една од трите совршени жени.
Според евангелието, таа живеела во Назарет во тогашната покраина Галилеја на арамејски јазик, нејзото име се произнесува како Мирјам. Според верувањата таа стапила во брак со Јосиф и се зачнала со Исус на чудесен начин, кога и се јавил архангел Гаврил и ѝ соопштил дека ќе роди син кој ќе биде Цар на царевите. Во сите евангелија Марија се споменува како мајка на Исус, и нејзината улога во евангелијата главно се врти околу таа насока. Инаку, Во 1917 г., за време на првата светска војна се случува чудо во манастирот, кога граната испукана од француски топ, од покривот паднала директно во олтарот и не експлодирала. На местото од ударот на подот сеуште постои вдлабнатина, додека пак покривот, од каде што паднала гранатата е прекриен со малтер. Тоа е доказ дека Пресветата Богородица будно го чува својот дом. Во дворот на црквата постои и извор со лековита вода. Низ генерациите се пренесува сеќавање дека првобитната локација на овој манастир била на брегот на Преспанското езеро, на денес археолошкиот локалитетот Грмада Нисија, кај с Езерани. На 2 км јужно од селото е откриена хеленистичка населба и црква од среден век. Околу црквата се откриени и гробови и според кажувањата пронајдените подколенични коски биле подолги. Црквата поради поплави била дислоцирана на денешната локација во с. Сливница. Продолжува
Пишува: СЛАВЕ КАТИН |





























