|
||||
| Ташко Георгиевски |
|
Ташко Георгиевски (15. Ⅲ 1935 – 13. IV 2012) е македонски писател, романсиер, новинар, хроничар на страдањата на егејските Македонци. Работел во редакцијата на весникот „Млад борец” и во списанието „Современост”. Бил уредник во Македонската радиотелевизија и во издавачките куќи „Мисла” и „Македонска книга”. Член е на ДПМ од 1957, а на МАНУ од 1983 година. Член е и на Македонскиот ПЕН центар. Ташко Георгиевски е роден на 15 март 1935 година во селото Кронцелево кај Воден. Во 1946 година, заедно со семејството, пребегал во НР Македонија, најпрвин во селото Старавина (Мариово), потоа во прилепското село Долнени и во Гаково, Војводина. По завршувањето на основното образование во 1952 година, се вратил во Скопје каде завршил гимназија. Потоа студирал југословенска книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје, но не ги завршил студиите. Работел во редакцијата на весникот „Млад борец“ и во списанието „Современост“, а потоа бил уредник во Македонската телевизија, во издавачките куќи „Мисла“ и „Македонска книга“. Бил ллен на ДПМ од 1957, а на МАНУ од 1983 година. Член е и на Македонскиот ПЕН центар. Ташко Георгиевски е писател кој во својата приказна скоро редовно тргнува од некој конкретен историски момент од периодот на Втората светска војна и особено за страдањата на егејските Македонци за време на Граѓанската војна во Грција. Тој е автор на повеќе дела: „Ние зад насипот“ (раскази, 1956); „Луѓе и волци“ (роман, 1960); „Ѕидови“ (роман, 1962); „Суви ветрови“ (раскази, 1964); „Црно семе“ (роман, 1966); „Змиски ветар“ (роман, 1969); „Црвениот коњ“ (роман, 1975); „Куќа под калето“ (раскази, 1978); „Време на молчење“ (роман, 1978); „Рамна земја“ (роман, 1981); „Плоча на животот“ (автобиографски записи, 1987); „Кајмакчалан“ (роман, 1992); „Исчезнување“ (роман, 1998) Покрај тоа, тој е автор на филмските сценарија „Црно семе“, „Црвениот коњ“ и „Жолтиот трендафил“; радио-драмите „Огнови“, „Пепелта на моето огниште“, „Борис Тушев“ и „Сандак со срцето на татко“ и телевизиските драми „Недела“ и „Очите на синот“. Георгиевски е добитник на повеќе награди и признанија: „Кочо Рацин“, „11. Октобар“, „13. Новембар“, „Стале Попов“ и „Рациново признање“. Ташко Георгиевски починал на 13 април 2012 година во Скопје. Пишува:
ТК |
















