Актуелно
Петок, 07 Септември 2018 11:00    PDF Печати Е-пошта
Гостивар со голем удар кон Заев, на собирот имаше се освен гостиварци

gostivar-transparent-2-525x700

Премиерот Заев во Гостивар беше пречекан со транспарент.

Повеќе...
 
Четврток, 06 Септември 2018 21:25    PDF Печати Е-пошта
И пак гласајте им ЗА на референдум за „Натовска Северна Македонија“

alt

Апасиев: Вие мислете како ќе обезбедите 200 евра за факултет, а тие ќе си ги школуваат ќерките во Холандија на државна сметка

Повеќе...
 
Четврток, 06 Септември 2018 16:50    PDF Печати Е-пошта
Зоране Заев, доста е, престани со лагите и соочи се со вистината!
alt

Заев свесно ги доведува гласачите во заблуда

Повеќе...
 
Четврток, 06 Септември 2018 14:06    PDF Печати Е-пошта
Иванов: Вистинското место на Република Македонија е во Европската Унија и НАТО Алијансата

version 1

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов денеска го прими генералниот секретар на НАТО, г. Јенс Столтенберг.

Повеќе...
 
Четврток, 06 Септември 2018 13:40    PDF Печати Е-пошта
Договорот со Грција е неприфатлив за ВМРО-ДПМНЕ
alt

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес 6 септември 2018та година оствари средба со Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Повеќе...
 
Четврток, 06 Септември 2018 10:21    PDF Печати Е-пошта
Кратко кажано имаме целосно неедуцирана дипломатија, исклучително слаба наука во оваа област

oon 13

При приемот на нашата земја во ООН е направен ULTRA VIRES акт

Повеќе...
 
Четврток, 06 Септември 2018 10:07    PDF Печати Е-пошта
Владата со 40.000 долари стипендија за ќерката на Димитров?

alt

Владата со 40.000 долари стипендија за ќерката на Димитров?

Повеќе...
 
Среда, 05 Септември 2018 22:10    PDF Печати Е-пошта
Неодговорност...
alt

Неодговорност...

Странскиот фактор кој секојдневно ни укажува на европските вредности, мудро молчи за новата тендерска револуција.

НЕОДГОВОРНОСТ е кон самите себе и татковината на 30-ти септември да седите дома и бојкотирате. Така отприлика беше очајниот рафал на господинот кој пред неколку години како претендент за претседател на Републиката го нарече истиот овој народ овца. Сите знаеме како овцата му пресуди на изборите на Стево Пендаровски.

НЕОДГОВОРНОСТ е истата оваа политичка опција која во 2004 годинa го бојкотираше референдумот за територијалната организација и ги малтретираше своите членови со закани да останат дома, денес да ни кажува дека народот нема право на бојкот и мора да излезе, нели битно е само да се излезе, а за резултатите не е важно, се знаат однапред (барем во нивниот штаб).

НЕОДГОВОРНОСТ е дел од поддржувачите на оваа група секојдневно да нѐ малтретираат и агитираат да излеземе, со слоганот „ако си против, биди демократ и искористи го правото на глас“. Па еве и една порака до демократите - го задржувам своето демократско право да гласам ПРОТИВ, но со бојкот, бидејќи само така мојот глас ќе биде заштитен од демократската референдумска кујна - Better safe then sorry!

Впрочем вие го имавте истото право на бојкот во 2004 година, зошто сега ние да го немаме истото право!? Двојни стандарди!? Ма нееееее! И тогаш лажевте дека бојкот на тој референдум значи влез во ЕУ/НАТО, се сеќавате? Ете влеговме!

НЕОДГОВОРНОСТ е кога дел од подржувачите на оваа група лепат етикети на сите кои се против овој договор дека се во одбрана на криминалите на ВМРО или ги поистоветуваат сите дека се припадници на таа опција. Овие етикети во најмала мера се непристојни, одвратни и несериозни!

Значи според вашата неапдејтирана реторика пола од вашите подржувачи кои се против ВМРО, но и против договорот, се ВМРО-овци!? Не знам само како ќе се преброите на 30-ти, да не кажете не сте знаеле, бидејки добар дел од таа политичка опција можно е и да не излезе на референдум, да не испадне сами се поразивте!?

Бидејќи вашиот софтвер не е ресетиран долго време и сѐ уште живеете во време каде за вас постои само ВМРО и СДСМ, каде трета опција нема, ќе додадам дека сите анкети нарачани од која било партија во последните 5-6 години покажуваат рејтинг на двете македонски најголеми партии од 35-38% заедно, а наспроти нив море од народ кој е незадоволен и неопределен со 38-41% . Овој народ со години чека подобра клима или нова прогресивна македонска трета опција, и затоа не излегува на избори.

Е само ова гласачко тело на неопределени може да одлучи за излезноста на рефендумот. Не ги барајте во ВМРО, еве пред да дојде 10-ти септември ќе ви кажам како ќе се огласи моменталното раководство околу референдумот.

„Оставаме на народот да си одлучи, не бојкотираме, но не го поддржуваме договорот“, отприлика вака ќе биде математички прецизниот рафал на Мицкоски.

Гледајќи како и оваа влада се расфрла со тендери, тешко ви се пишува од овие што апстинираат (неопределените) или повремено се вмешуваат во политичкиот камп да гласаат против, генерално тие се гласовите кои решаваат на сите избори.

Тие истите, како да гледаат еден наместен натпревар со две полувремиња во два различни дреса каде на крајот намерно нема победник, како што нема победник во последните 27 години. Пинг-понг сте играле?

НЕОДГОВОРНОСТ или во најмала мера закана е изјавата на премиерот дека ако нема цензус ќе се смета дека народот не се изјаснил и Собранието само ќе си решавало без разлика на резултатот од референдумот! Демократија на ниво !

НЕОДГОВОРНОСТ е истиот овој премиер кој пред неколку недели изјави дека референдумот ќе биде обврзувачки, з потоа ретерира и си намести „консултативен“ референдум just in case!

НЕОДГОВОРНОСТ е да потпишеш договор во име на нацијата и после бараш согласност за cвоите постапки, наместо прво да се консултираш со својот народ, па потоа да потпишуваш!

НЕОДГОВОРНОСТ е да вметнеш онака шверцерски 3 прашања во 1 референдумско прашање!? Еве ја сум ЗА ЕУ, но против НАТО и против договорот, како да гласам!? А вакви како мене се стотици илјади граѓани! Сакаат ЕУ, но не сакаат промена на име и не сакаат во НАТО. Што правиме сега со овој народ? Значи вие на народот му нудите лимон, цитрон и портокал и го терате да гласа дека овие 3 овошки се исти!?

Да живее мајка природа, НЕ СЕ ИСТИ! Едната е многу кисела, другата помалку кисела, третата помалку кисела и поблага. Оставам на вашата имагинација да одлучите кој е натрапникот!

НЕОДГОВОРНОСТ е кога мојот премиер се потчинува и се извинува на соседот кој побара јавно во две прилики, да се извини што изјавил дека Илинден е македонски празник. Не беше доволно едно јавно омаловажување на премиер на една земја, па онака мангупски му побараа второ. Чисто да си знае кој е кој ако случајно дојдеме до тие фамозни преговори, за Грција да не правам муабет, тие уште не почнале!

НЕОДГОВОРНО е странскиот фактор кој секојдневно ни ги укажува европските вредности и кој патем ни е „пријател“, мудро да молчи и глуми лудило во време на нова тендерската револуција, во време каде наместо ваква револуција, треба да се стави стоп на корупцијата, во време каде треба да се одговара за криминалот и на тие и на овие, во време каде треба да се прават реформи ! 18 месеци end counting !!

Но, тој наш пријател си има само свои приоритети и ништо повеќе, а ти Македонецу сѐ уште верувај. Тој наш пријател се јави само во два круцијални моменти, објава за злоупотребите на ДИК и Антикорупциска, небаре останатиот дел од системот е перфектен и подготвен за ЕУ, упс извинете, за НАТО мислев де.

Со парализирање на овие две институции им се даде до знаење на позицијата и опозицијата дека НЕМА да има предвремени избори додека не се заврши процесот за влез во НАТО и дека МОЖЕ да има нова тендерска револуција, у стил јади/пиј колку можеш до 30-ти.

ДА БЕВТЕ вистински пријатели, немаше да се симневте од ТВ екраните осудувајќи ја новата тендерска револуција, непотизам и криминал! Ќе се боревте заедно со обичниот Македонец кој четвртина век бара просперитет и правда, но наместо тоа ВИЕ не се симнувате од ТВ екраните убедувајќи нѐ, за вредности во вашите општества, а во исто време премолчувате за уништување на истите во ова наше опшстество!?

И за крај, упатувам порака до мојот народ да се свести и да размисли дали е можно овие македонски елити (од 1991 години) да нѐ внесат во ЕУ !? И зошто до сега не можеле или не сакале да нѐ внесат во ЕУ? Мојот одговор е едноставен: тоа е исто кога Ал Капоне би преговарал за влез во американскиот сенат со ФБИ!

Ако читате меѓу редови, на сите странски фактори, ќе видите дека и името не е толку голем проблем колку што е проблем корупцијата, судството и системот генерално. Па прашање е дали ќе имавме толку голем притисок, доколку бевме стокмени како држава каде ќе имавме реформи кои дури и ЕУ би ги копирале од нас!?

Овој референдум НЕ е за влез во ЕУ, овој референдум е влез за НАТО и интересите на нашите „пријатели“ да го блокираат таканареченото руско влијание и ништо повеќе! ЗА ЕУ ќе се помачиме многу години, не поради нив, туку поради нашите елити, тие истите кои 27 години нѐ внесуваат во ЕУ!

Куќата се гради од темел, не од покрив. Оваа куќа е стара 27 години, трула е и мора да се турне и одново да ја изградиме, но овој пат на цврсти темели!

Владимир Кофчегарски

https://www.mkd.mk/kolumni/neodgovornost-0

 
Среда, 05 Септември 2018 21:02    PDF Печати Е-пошта
Северна Македонија не е компромис, туку е производ на грчкиот расистички национализам
Грчки професор: Северна Македонија не е компромис, туку е производ на грчкиот расистички национализам

Грчки професор: Северна Македонија не е компромис, туку е производ на грчкиот расистички национализам

Повеќе...
 
Среда, 05 Септември 2018 20:49    PDF Печати Е-пошта
Џејсон Мико:до смената од сегашната власт во февруари годинава

alt

Џејсон Мико го развеа сонцето од Кутлеш на највисокиот врв во Јужна Аризона

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.