|
|
Александар Македонски (52) |
АЛЕКСАНДАР СЕ ОЖЕНИ СО СТАТИРА А ХЕВЕСТИОН СО ДРИПЕТА - ЌЕРКИТЕ НА ДАРИЈВо Суса тој ја изрази оваа идеја со непогрешлива јасност и на симболичен начин за целиот свет, со склопување на бракови за него и за осумдесет Македонци кои му беа блиски, со персиски и ирански принцези и ќерки на богаташи. Co невиден раскош во огромен кралски шатор, во кој Александар Македонски обично ги одржуваше приемите, изграден по моделот на персиската Ападана, беа извршени свадбените персиски церемонии, како и во случајот со Роксана кога се примени бактриска церемонија. Хар, дворскиот маршал, оставил вредни информации за изградбата на објектот и за свеченостите. Александар Македонски се ожени со Статира, ќерка на Дарие, секако, заради озаконување на својот суверенитет над Азија во очите на ориенталците во сојузништво со претходно владејачката куќа. Неговиот најдобар пријател Хефестион се ожени со нејзината сестра Дрипета, бидејќи Александар Македонски сакаше нивните деца да бидат братучеди. Александар Македонски лично се погрижи за миразот на секој од младоженците. Покрај тоа, тој им даде свадбени подароци и на обичните антички Македонци кои претходно зедоа азискоатички жени. Има информации дека тој број достигнал до 10.000. Меѓутоа, наспроти сета кралска благодарност, неговите антички Македонци мрмореа, кога овие млади Персијци наречени „Епигони", кои во меѓувреме беа тренирани на антички македонски начин, парадираа пред него во Суса, чиј број изнесуваше околу 30.000, и беа вклучени како посебна единица во војската. Посебно ги иритираше реорганизацијата на војската, што беше неопходно по враќањето од Индија. Александар Македонски, прво, наместо со коњицата, продолжи со систем на антички македонски и персиски формации, мешајќи ги двете раси во една и отиде толку далеку што прими Персијци и Иранци во својата стража. Температурата стануваше сé повисока и кобна, а бесот се ширеше меѓу античките Македонци против својот командант, кој сé повеќе им изгледаше како азискоатичкиот Голем крал.
За да го намали тоа незадоволство, Александар Македонски најави дека сака да им плати за обврските и за логорскиот живот во текот на походот но беше евидентно дека нивната доверба во него е разнишана. Кога нареди војниците да го напишат своето име и сумата на долгот, многумина се плашеа да го сторат тоа, сметајќи дека сака само да дознае кои од нив не се задоволни со платите. Од недовербата на своите единици беше длабоко ранет во душата, па затоа им рече дека кралот треба да ја кажува само вистината на своите потчинети, а тие пак треба да очекуваат само вистина од својот крал. Потоа, тој нареди парите да им се исплатат без да ги кажуваат своите имиња. Во Суса Александар им посвети внимание на состојбите во Античка Грција. По поразот на Агис и извршувањето на казната врз Спартанците, тој немаше ни време ни причини да се ангажира со Елада. Иако по завршувањето на Панелинистичката војна за одмазда, тој сé уште беше хегемон на Коринтската лига, сепак со огромните успеси во последните години и со зголемувањето на својата империја до Индија, односот меѓу хегемонот и античките грчки сојузи веќе се измени. Свесеи за овие суперхумани и извонредни постигања, Александар Македонски сега од Суса побара да биде признат за Бог на античките рчки сојузи. За да се разбере овој чекор треба да се отфрлат некои недоразбирања. Широко е распространета грешката дека Александар Македонски, божем во интерес на единството на својата светска империја, бараше заслуги како божество од сите свои покорени. Но, нема најава на вакво барање од азискоатичкиот народ. Барањето е потврдено во случајот со античките Грци и Коринтската лига. Неговото барање не беше упатено кон античките Македонци, бидејќи Античка Македонија беше надвор од Лигата. Идејата за општ официјален култ во империјата му беше сосема туѓа на Александар Македонски, иако неговите следбеници по неговата смрт го ставија неговиот портрет на ковани пари наместо ликовите на боговите. Еднакво грешна е концепцијата што порано беше раширена, а кај некои луѓе и денес, дека идејата за апотеоза беше ориенталска; а тоа е така затоа што во воздигнувањето на кралот тие гледаа чин на ориентализмот. Притоа, треба да се исклучи единствено боженственото кралство на Египет, ефект кој, како што видовме, и за Александар Македонски беше локално ограничен. Во третиот милениум се разви почитта кон владетелот како божество заедно со поимот светска империја во Месопотамија. Меѓутоа, од Хамураби (околу 2.000 година) наваму тоа исчезна и така, а тоа е важен дел, Ахеменидите не беа почитувани како богови од своите потчинети. Во деновите на Александар Македонски таа идеја беше сосем туѓа на азискоатичкиот исток и затоа не можеше да биде позајмена оттаму. Современите научници признаваат дека тоа повеќе е чисто фчка идеја што егзистираше против Александар Македонски. Според античките Грци божествената линија помеѓу боговите и човекот, како што тврдат нивните легенди и митови, секогаш се менувала. Како што Херакле доби место меѓу Олимпијците со своето дело, така и секој смртник кој ќе изврши натчовечки задачи во очите на своите современици, уште во текот на својот живот добива божествени почести. Лисандер, на пример, кога беше на врвот на својата моќ, беше почитуван како Бог во олтарите и во химните на Самијанските олигархисти. Клеарх, тиранинот од Херакле, ученик на Исократ, се доведе себеси да биде богослужен од потчинетите како син на Зевс. Освен тоа, Филиповите следбеници во Ефес ја поставија неговата статуа во храмот на Артемис и така му оддадоа божествени почести. На свадбената гозба (336) Филип Македонски имаше своја статуа носена во поворката како тринаесетта, заедно со дванаесетте главни богови на Македонија, што го натера да се појави, ако не како Бог, тогаш барем како востоличен со боговите. Ова некој може да го поврзе со влијанието на античките грчки идеи врз Античкиот македонскиот двор.
Немаше практика Александар Македонски да прави преседан, но теоријата го направи своето. Неговиот учител Аристотел во своето дело „Политика", вели дека ако постои човек кој со способноста и со политичкиот капацитет е неспоредливо супериорен над сите други, тој човек е како Бог меѓу луѓето и додава дека против таквите не постои закон, „бидејќи тие сами за себе се закон". A дали Исократ не му напиша на неговиот татко Филип во последното писмо дека, ако го натера античкиот грчки крал на покорност, ништо не му преостанува освен да стане Бог? Дали сега Александар Македонски не го изврши тоа поцелосно отколку Филип? Тоа беше во согласност со чисто антички грчки идеи дека по своето победоносно враќање од Индија, Александар Македонски побара божествени почести од античките Грци. Идејата му беше позната уште пред седум години кога свештеникот од Амон го поздрави како син на Зевс. Ако потоа тој не се обврзеше да се прогласува официјално во физичкиот свет како божји син, најавувањето што го прифати со верба, во смисла на античката грчка концепција, како божествено откровение и признание на својата натчовечка божествена сила, сепак сознанието како Божји син секогаш остана во неговите мисли. Преокупиран со тоа, возвишен од своите легендарни успеси и во очекување на плановите за суверенитет над светот, сега презеде решителен чекор да оди подалеку оа овие посебни откритија, барајќи божествени почести од античките Грците и од Коринтската лига. Интересно е гледиштето за карактерот на Александар Македонски да го исклучи ова внатрешно религиозно доживување и да претпостави дека барањето беше од чисто политичка причина, единствен предмет што можеше да го подигне како Бог над спогодбите на Коринтската лига и да ги потчини автономните антички грчки градови и нивните територии на својата божествена волја. Секако, оваа апотеоза, доколку е прифатена, значи значително зголемување на неговиот личен престиж во градовите на Лигата, постигање што не може, а да не му биде пожелно. Според теоријата на Аристотел, неговата желба потоа би се подигнала над законите. Но, од друга страна, како што видовме, веќе пред тоа се постави над одлуките на договорот на Лигата, без да има потреба од божестве-ната сила единствена на земјата како негова надмоќ. Од друга страна античките Грци, иако ја признаа апотеозата, не му ја признаа неговата желба како божествен закон. Во овој случај Атињаните одбија покорност и се определија да се противстават со сиот свој бес. Во практичниот политички живот направија разлика меѓу Богот кому му богослужеа со култ и хегемонот на земјата чии права и обврски беа определени во нивните очи како и порано со договорот на Лигата. Мора да се спомене дека дури и подоцна елинистичкиот култ кон кралевите, иако како империјалистички култ во неколку антички грчки држави значеше повеќе од апотеозата на Александар Македонски, никогаш не беше пречка за непокорување и немаше влијание ни врз практичниот ни врз политичкиот живот. Оваа разлика меѓу политичката и религиозната сфера заедно со античкиот грчки карактер на апотеозата, го објаснува фактот дека античките Грци се согласија со желбата на Александар Македонски без некои сериозни колебања. Природно, членовите на антимакедонските секти беа против тоа, но ако тие политички причини беа навистина поврзани со апотеозата, противставувањето би било од друг вид, а говорите во популарните собранија не би биле толку безопасни или иронични во својот тон како оние што се познати. И шампионот на слободата како Демостен, по оригиналниот протест, на крајот го советуваше атинскиот народ да го признае кралот како „син на Зевс или како Посејдон, ако тој тоа го сака". Рамнодушноста со која се третираше прашањето, покажуваше дека тоа беше прашање не од високата политика, туку од религијата, и немаше голема важност според мислењето на просветителите кои стариот политеизам повеќе не го поседуваа во ниедна смисла. Информациите за изведеното дејство се нецелосни. Иницијативата на Александар Македонски продложи и понтаму, но не се слушна во каква форма дојде кај античките Грци. Тешко може да се рече дека беше вообичаена, туку повеќе беше веројатна желба што Александар Македонски ја изрази до федералниот совет, кој, меѓутоа, ја формулира како да беше барање. Федералниот совет потоа можел да комуницира за желбата со неколку членови на Лигата, бидејќи не се правеше едноообразен култ, туку ceкoja држава со јавен декрет го примаше кралот меѓу боговоите на својата заедница. Која форма тие ја избираа, дали како Бог или како син на бога (види Демостен), беше целосно оставено на нив. Општото присвојување дека во Атина, по предлог на Демад, Александар Македонски го прими култот како „нов Дионис", е грешно потврдено. Продолжува |