|
|
Седма македонска модна ревија во Виндзор |
Глигор Стефанов
Програмата беше збогатена со вечера, музички настап на групата Трансео, акробатската група Sky Society и лото награди, донирани од повеќе од 20 локални бизниси. На фондација Hospice и беше дониран дел од паричниот приход од вечерта. Во името на управниот одбор овој настан го организираа и реализираа Маре Стефанова, Катерина Марентете, Лилјана Ѓуровиќ и Томе Дамчески помогнати од голем број волонтери членови на Македонската црковна Општина од Виндзор и други соработници. Македоскиот Културен Центар “Свети Никола” со овој настан уште еднаш покажа дека е рамноправно присутен на мултикултурната сцена на збиднувања во Виндзор и околината. |