Среда, 02 Декември 2009   
Во Самобор одбележана 70 годишнината од излегувањето на стихозбирката „Бели Мугри“ на Кочо Рацин
beli-mugriВо Музејот на град Самобор синоќа беше одбележана 70 годишнината од излегувањето на стихозбирката „Бели Мугри“ од македонскиот поет и револуционер, Кочо Солев Рацин.
По тој повод, како што јави известувачот на МИА, беше промовиран репринтот на изданието на „Бели Мугри“ што го издаде Заедницата на Македонците во Хрватска во соработка со хрватскиот Совет за национални малцинства.

Промоторот на книгата проф. др. Васил Тоциновски збурувајќи за  оваа мала по големина, а голема по значење стихозбирка за македонската литература и народ воопшто потсети дека во 1939 година „Бели Мугри“ е издадена во Самобор, Хрватска со помош на хрватските пријатели на Рацин и додаде оти таа ја отвори новата бесмртна хроника на современата македонска литература.
Појавата на „Бели Мугри“ го идентификува и на светот му подари еден голем поет Кочо Солев Рацин. Рацин пеејќи за македонскиот човек, за понижениот  всушност пееше за универзалното значење на човекот воопшто.

Велешанецот Рацин освен стихови напиша и раскази, есеи и еден роман „Афион“ со кои покажува дека и до ден денес е актуелен,а неговото име е симбол на Македонија и на Македонците.
Вториот промотор, новинарот и публицист Огнен Бојаџиски, кој живее во Хрватска истакна дека македонската судбина е содржана во тие, според него, апостолски 12 песни на Рацин во „Бели Мугри“.
Свеченоста беше збогатена со читање на песни од Рацин и македонски изворни народни песни со кои настапија членовите од македонската Заедница во Хрватска од повеќе градови во Хрватска.
На свеченоста присуствуваше и македонскиот амбасадор во Хрватска Марковски и градоначалникот на Велес Горан Петров, град збратимен со Самобор.

Одбележувањето на прославата по повод 70 годишнината од Бели Мугри продолжува денеска со свечено откривање на новата биста на Кочо Рацин, дело на македонскиот акедемски скулптор Томе Серафимовски.
Свеченоста ќе биде збогатена со културно уметничка програма и со настап на повеќе културно уметнички друштва на Македонците од цела Хрватска.

Претседателот на Заедницата на Македонците во Хрватска Ангел Митревски, синоќа истакна дека Македонците се едни од најценетите малцински заедници во Република Хрватска.

МИА
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.