Свекрва
Одложен е датумот за преговори со ЕУ, а Заев ќе продолжи да ги распродава државните интереси.
Македонија не добива датум за отпочнување на преговори со Европската Унија оваа година, иако тоа беше најавувано од страна на премиерот Зоран Заев.
Евроатланските интеграции на Македонија не треба и не смее да бидат поврзувани со договор кој предвидува бришење на македонската држава и народ. Уште помалку промената на уставното име треба да биде предмет на изјаснување на референдум.
Откако Македонија ја изгуби европската иднина Македонскиот народ се соочува со нови уцени.
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенеберг изјави дека очекува лидерите на земјите членки на Алијансата на Самитот во јули да донесат одлука за официјално започнување на преговорите за полноправо членство на Македонија во НАТО, но приемот на земјата ќе зависи од епилогот на Договорот со Грција односно неговото прифаќање на референдум. Тој предупреди дека доколку Договорот за името не помине на референдум, тешко дека Македонија ќе добие покана за НАТО.
По потпишувањето на договорот со Грција, граѓаните на Македонија ќе треба на референдум кој ќе се одржи во септември или октомври да го прифатат или отфрлат новото договорено име Република Северна Македонија за севкупна употреба.
Тоа значи промена на Уставот и обезличување на Македонците, нешто што македонскиот народ тешко ќе го проголта.
Актуелната власт предводена од лидерот на СДСМ Зоран Заев и нивните поддржувачи ќе прават се, од уцени, заплашувања, па до разни ветувања, само за да можат да спроведат успешен референдум.
Во тој контекст е и уцената на Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенеберг дека Македонија нема да биде примена во Алијансата доколку македонскиот народ на референдум не го прифати новото име, спротивно на сите меѓународни норми и препораките на Маѓународниот суд на правдата.
Ако на Брисел му беше толку многу да го заокружи јужното крило на НАТО со Македонија, тогаш тој ќе не примеше под уставно име, многу одамна без Грција да може да се спротивстави, особено поради нејзиниот банкрот и неможноста да го отплаќа својот долг кон кредиторите.
Очигледно е дека, овде се работи за нешто друго, планови кои подразбираат со преименување на македонскиот народ да му се одземе неговото суверено право на територијата и тука да се населат бегалците и мигрантите кои европските земји не ги сакаат.
Меѓутоа, на ова им се спротивставува мнозинството од македонскиот народ и неговиот Претседател Ѓорги Иванов, зошто никој нема право на референдум да го менува уставното име.
Нашето име ниту сме го добиле на референдум, ниту смееме да го смениме на референдум. Тоа име припаѓа на генерации пред нас и на генерации после нас.
Од друга страна македонскиот народ има негативно искуство со референдумот од 2004 година кога граѓаните требаа да се изјаснат за Законот за територијална поделба на Република Македонија, со кој се направи етничка поделба на албански и македонски „територии“.
Тогаш македонски граѓани предводени од опозицијата беа против новата територијална поделба, но тој не беше успешен бидејќи владеачката коалиција на чело со СДСМ го опструира со закани и уцени, барајќи од граѓаните да не гласаат на референдумот, со паролата „Некои прашања не заслужуваат одговор“.
Исто така, тогаш и меѓународната заедница негативно се произнесе по референдумската иницијатива.
Најгласни во тоа барањето беа САД кои два дена пред референдумот ја признаа Република Македонија под уставното име.
Сето тоа резултираше, со неуспешен референдум, иако мнозинството се искажало против новата територијална поделба. Едноставно, спречени од СДСМ и залажани со ветувањата на САД, референдумот не бил успешен поради тоа што излезноста била 26,58%, односно не бил постигнат законски потребниот процент од 51% излезеност на вкупниот број избирачи.
Денес, четиринаесет години потоа, самото поставување на референдумско прашање кое би гласело на пример „Дали го прифаќате новото име Република Северна Македонија, само земјата да влезете во НАТО и ЕУ“?
Навистина како прашање не заслужува одговор.
Очигледно е дека на актуелната марионетска влада македонскиоте национални и државни интереси ништо не им значат. Таа е решена по секоја цена да спроведе успешен референдум за да го смени името. За да не им се случи истото поради кој пропадна референдумот во 2004 година и за да се изигра вољата на народот, актуелната власт размислува за намалување на цензусот за излезност од 50 отсто и измена на Законот за референдум.
Ако се има во предвид дека власта досега го прекрши Уставот и законите на земјата со склучување на меѓународниот договор од страна на Владата, сосема е веројатно и овојпат таа да го изигра и уставниот цензус.
Инаку,, ако нема промени во Законот за најавениот референдум, на него ќе треба да излезат повеќе од 900,000 граѓани, што е половина од околу 1,800,000 гласачи, колку што беа регистрирани на последните избори. А за договорот да добие поддршка, ќе треба да има повеќе од 450,000 гласа „За“.
Затоа, доколку дојде до референдум, Јас ќе ги повикам сите мои роднини, пријатели и сите кои ме почитуваат, да го бојкотираме референдумот.
Исто така, ќе ја повикам дијаспората која има историската должност исто како 1990-та година, да апелираат кај своите роднини и пријатели во Македонија да го бојкотираат референдумот.
За Македонија се работи!
|