Среда, 15 Април 2015    PDF Печати Е-пошта
Крсто Маликов

krste-malikovКрсто Маликов (1881 - 1952) е македонски револуционер и војвода на Македонската револуционерна организација. Во Првата балканска војна со над 400 четници учествува во нападите на железничката линија меѓу Лерин и Кременица, како и во ослободувањето на Лерин. За разлика од многу македонски патриоти кои разочарани од поделбата на Македонија свое засолниште најдоа во Бугарија, Маликов кој е познат уште како „Малико“ или „Малик“ се иселува во Австралија.

Крсто Маликов е роден во 1881 година во леринското село Хасаново (Асаново). Тој е меѓу првите жители на ова село кој се покрстил и станал член на ТМОРО. Во 1901 година се вклучува во редовите на Македонската револуционерна организација и како комита учествува во борбите кои се водат во Леринско за време на Илинденското востание 1903 година.

По Илинденското востание Крсто Маликов останува во земјата и ја продолжува револуционерната борба против турската власт. Се спротивставува и на српска и особено грчка пропаганда, кои почнаа засилено да дејствуваат по востанието. Во 1907 година, Битолскиот револуционерен округ го назначил Маликов за Лерински полски војвода, кој потоа се справува со предавниците, води борби со турскиот аскер, како и со грчките андартски чети кои се почесто дејствуваат во Леринско.

Во 1908 година, Маликов бил назначен за окружен војвода. Меѓутоа, тој бил од оние војводи кои не очекувале дека Младотурската револуција ќе ја измени положбата на македонскиот народ, а самиот тој немал доверба во ветувањата на Младотурците. Ваквиот став на Маликов ќе ги натера турските власти во Битола да бараат да се открие неговото движење и да се уапси. Меѓутоа, нивниот обид бил неуспешен, а во 1909 година, Крсто Маликов дури стапува во брак со битолчанката Катерина со која потоа ќе имаат пет синови и една ќерка.

Во текот на Првата Балканска војна Крсто Маликов учествува како доброволец во Македонско – одринското ополчение. Заедно со Павел Христов и со над 400 четници, вршат диверзии во тилот на турската армија. Тие ја уништуваат на неколку места железничката линија меѓу Лерин и Кременица, што ќе предизвика паника кај турската армија распоредена во Битолско. Исто така, Маликов учествува и во ослободувањето на Лерин.

Во 1913 година, емигрира во Австралија. Се населува во Квинсленд, каде работи како магационер во една фабрика. Во Македонија се враќа пред почетокот на Првата Светска Војна, за да го види семејството кое тогаш живее во Хасаново. По војната се населува во Гени маале во Битола, која по санкционираната поделба на Македонија останува во рамките на Кралството СХС.

Сметајќи дека Крсто Маликов може да биде опасен по безбедноста на Кралството СХС, тогашните окупаторски српски власти во Вардарска Македонија, постојано го следат. Согледувајќи дека нема да има мирен живот, тој го препишува целиот свој имот на жената Катерина и повторно тајно заминува за Австралија. Се населува во Денилквин ((Deniliquin), Нов Јужен Велс, каде работи како сладоледџија. Поради безбедносни причини го сменува името во Крис Малик (Chris Mallek).

По Втората Светска Војна, поради својата десничарска и македонска политичка определба, како и поради владеењето на комунистите во ФНР Југославија, во чии рамки се наоѓа и НР Македонија, Крис Малик избегнува да ја посети својата татковина. Односно, поради реалната можност тој да биде уапсен од тогашните безбедносни служби, тој до крај на својот живот останува во Австралија.

Поранешниот војвода на Македонската револуционерна организација Крсто Маликов, алиас Крис Малик, кој никогаш не ги напушти идеалите на македонската кауза, умира далеку од својата родна земја на 23 јануари 1952 година во Денилквин, Австралија.

CekutkovЃорги Цекутков

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.