Среда, 03 Јуни 2015    PDF Печати Е-пошта
Михаил Апостолов – Попето

Mihail popetoМихаил Апостолов – Попето  (1871 - 21. III 1902)  е македонски револуционер и прв војвода на агитационо-организациска чета на ТМОРО. Познат како Михаил Постолов, Попето и Черкез Михаил, тој бил близок соработник на Гоце Делчев. Со својата чета 7 години дејствувал во Гевгелиско, Воденско, Горноџумајско, Демирхисарско, Ениџевардарско, Кукушко, Малешевско, Пијанец, Поројско, Серско, Солунско и Струмичко. Имал непосредна улога во формирањето на четите на војводите Марко, Христо Чернопеев, Крсто Асенов и др.

Михаил Апостолов е роден во 1871 година, во селото Дикања, Перничко, Бугарија. Израснува во сиромашно семејство. Неговите родители биле македонски бегалци од селото Бистрица, Горноџумајско (ден. Благоевградско). Мајка му починала, а татко му го испратил во Софија, каде завршува трети клас во Софиската гимназија. Бидејќи немал средства да го продолжи образованието, Попето долго скита зафаќајќи се час за една, час за друга работа. Влегол во Бугарската армија, каде стигнал до чин подофицир. Ја напуштил армијата и работел како стражар во коњичката полиција во Софија, за да потоа  конечно го најде своето место во редовите на дејците на ослободително дело на Македонија.

Во 1895 година, кога Трајко Китанчев на чело на Македонскиот комитет во Софија го подготвувал Мелничкото востание, тој ја напуштил службата и тргнал во Македонија со струмичката дружина која ја предводел Петар Начев. По завршувањето на акцијата, Попето се враќа во Софија каде се сретнува со Гоце Делчев, кој во овој период ги организира првите чети на ТМОРО и бара опитни луѓе во воената вештина кои треба да влезат во Македонија. Истата година, Попето како поранешен подофицер на бугарската армија бил меѓу првите луѓе кој се вклучил во редовите на ТМОРО. Надарен и начитан, со бистар ум, Михаил Апостолов - Попето брзо ја разбрал положбата и задачите, па набрзо се зафатил со работа.

Во 1897 година, Попето влегува за прв пат во Македонија како војвода на ТМОРО, со чета од седум луѓе кои сите имаат воена подготовка. Четата предводена од Попето, во која меѓудругите се наоѓаат Васил Чочов (Берово) и Никола Петров Русински (Русиново), дејствува не само во својот реон Малешево, туку и во Кочанско, Радовишко и Струмичко.  

На 20 јули 1897 година, заедно со четата на Гоце Делчев убиваат четири Черкези во селото Бујковци. На 14 септември истата година, Попето го пленува богатиот Турчин Назлам бег од Струмица, при што појавува особена снаодливост. Наредната 1898 година, со четета која веќе броела 13 души, тој ги обиколува Серско и Кукушко.

Во 1899 година, Попето како близок соработник на Гоце Делчев и негов придружник, бил во обиколката на Пиринско, а потоа Воденско и Ениџевардарско, каде ќе се сретне со Илија Крчовалијата, Иван Карасулијата и Апостол Петков. Во февруари 1900 година Попето поминал со четата која брои 15 – 20 луѓе низ гевгелиското село Оризари, а потоа се префрла во Кукушко. Води борби со турскиот аскер кај селото Д’мбово, на планината Кожув и на други места. Истата година, тој продолжува со своите обиколки по Македонија и ја посетува Тиквешијата.

Во 1901 година, Михаил Апостолов – Попето со четата, во која се наоѓале Петар Јуруков и Михаил Герџиков, го посетиле селото Сборско. По предавството на гркоманите, набргу четата од десетина души била опколена од турската војска и започнала борба во која загинал Тодор Тетовчето, а Јуруков и Попето биле ранети.

Седум години Попето бил недофатлива сенка. Преправен како овчар, просјак, селанец или граѓанин, тој одеше по планините, колибите, селата и градовите. Сам или со вооружена чета, тој бил толку претпазлив што Турците за него дознавале дури откако ќе си заминал и бил надвор од секоја опасност.

Сепак, по седум години успешно избегнување на потерите, Турците дознаваат за неговото движење, кога по налог од ЦК на ТМОРО, Попето со четата заминал за Петричко. Силна турска потера ја стигнала четата и започнала борба со неа меѓу селата Чугунци и Гавалјанци. Во борбата која се развила на 21 март 1902 година, загинал Михаило Апостолов - Попето. Погребан е во дворот на црквата во Гавалјанци.

Михаило Апостолов - Попето бил најголемиот по значење ученик на Делчев и тој е првиот војвода на агитациско-организациска чета на Македонската револуционерна организација. Со својата чета седум години дејствувал во Гевгелиско, Воденско, Горноџумајско, Демирхисарско, Ениџевардарско, Кукушко, Малешевско, Пијанец, Поројско, Серско, Солунско и Струмичко. Имал непосредна улога во формирањето на четите на војводите Марко, Христо Чернопеев, Крсто Асенов и др.

Всушност, во неговата повеќегодишна дејност како негови ученици минуваат редица дејци на Организацијата меќу кои: Марко Лерински, Атанас Бабата, Михаил Герџиков, Никола Дечев, Петар Јуруков, Делчо Коцев, Петар Самарџиев, Никола Жеков, Андон Ќосето и други. Неколку месеци со него поминува и Христо Чернопеев кој подцна предводи сопствена чета. Во неговата чета бил и учителот Михаил Чаков, кој од 1901 до 1908 година предводи различни чети од Македонија. Слободно може да се каже дека Попето бил родоначалник на агитациско-организациските чети. Тој успеа да изврши такви дела што неговото име станува бесмртно во историјата на македонското револуционерно дело.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.