|
||||
Д-р Константин Станишев |
Во времето на нацизмот д-р К. Д . Станишев се изразил јавно и во печатено издание за заштита на Евреите. Тоа се случило пред познатите настани со кои е спречен транспортот на бугарските Евреи во логорите на смртта, а е поврзано со имињата на Димитар Пешев и патријархот Кирил. Константин Димитров Станишев (1877 - 1957) е лекар интернист, припадник на македонската емиграција во Бугарија. кој до 1944 година е активен како политичар, општественик и масон. Константин Димитров Станишев е роден 1877 година во Кукуш. Неговиот дедо е познатиот македонски преродбеник Нако Станишев. Со основно и средно образование се стекнува во Кукуш и Солун, во познатата Солунска машка гимназија. Студира и завршува медицина во Женева, а потоа две години специјализира во Берлин. По завршувањето на специјализацијата се враќа во родниот Кукуш, каде во текот на десетина години енергично работи да го постави здраството на современи основи. Во градот тој ја отвара првата и единствена апотека, а негови пациенти му биле од Кукуш и Солун, од каде потекнува и неговата сопруга. Под влијание на неговиот братучед Христо Станишев, д-р Константин Станишев се вклучува во конспиративна дејност за ослободување на Македонија. Османлиските власти го фатиле и го затвориле во Солунската зандана Беаз Куле. Во 1907 година бил осуден на смрт, но со помош на католичката заедница која извршила силен притисок преку европските преставници во Солун, д-р Константи Станишев бил ослободен. Неговиот дедо Нако Станишев испраќал писма до Папата, иако Станишеви биле православни. По Младотурската револуција во 1908 година, како и многу други членови на Македонската револуционерна организација кои стануваат легални се вклучува во активностите на Сојузот на бугарските уставни клубови. На вториот конгрес на организацијата бил избран за претставник на Солунскиот вилает во Сојузниот совет. Во текот на Втората балканска војна во 1913 година, по опожарувањето на Кукуш од грчката армија, д-р Константин емигрира во Бугарија. Живее во Софија и работи како воен лекар до 1919 година. по што беше назначен за главен лекар во системот на поштите. Тој е еден од пионерите кој работи на организираната рекреација на телеграфо-поштенските работници. За таа цел д-р Станишев ја обиколува земјата одбира места со поволните климатски и балнеоложки услови. Така се создаваат одморалишта во Банки, Вршец, "Свети Константин и Елена" и др. Првично тие се опремени со големи воени шатори, а истовремено била започната изградба на масивни згради. Во многу од случаите при лекувањето на македонски бегалци д-р Константин Станишев сам ги сносел трошоците. Д-р К.Д. Станишев секогаш бил општествено ангажирана личност. Тој бил избран за пратеник во парламентот за два мандати (22 и 23 Народно собрание). Познавањето на турскиот, грчкиот, француски и германскиот јазик му овозможува да учествува во решавањето на проблемите со воените затвореници и континуирано да се грижи за судбината на своите македонски сонародници. По Првата светска војна тој учествува на Конгресот за мир и на други меѓународни средби во Женева (ОН), Брисел, Париз, Лондон, Прага, Виена, Загреб. На 16 април 1925 година, на ден Велики четврток, тој ќе го преживее атентатот извршен од левориентираните комунисти членови на Воената организација и БКП во црквата „Св. Недела“ во Софија. Од февруари 1925 до февруари 1934 година, д-р Константин Димитров Станишев е претседател на Македонскиот национален комитет на македонските емигрантски организации чија девиза е Македонија на Македонците и има за цел да ја воздигне Македонија во нејзините географски и економски граници во Независна држава под покровителство на ОН. Со цел да ја популаризира идејата во западниот свет, д-р Станишев воспоставил и влијаел врз Анри Пози, Жорж Десбон, сер Едвард Дојл, Болеслав Тахауер и други да пишуваат за македонското прашање и Македонија. Исто така, самиот тој пишува на оваа тема. Исто така, д-р Станишев е член-основач на Македонскиот научен институт. Има значителен придонес за издавање на уникатниот и богат со содржина албум-алманах "Македонија" во 1931 година. На 12 февруари 1933 година учествува на Големиот македонски собор одржан во Горна Џумаја, Пиринска Македонија, и го потпишува Повикот кон македонскиот народ во кое македонското ослободително движење промовира Независност на Македонија. Д-р К.Д. Станишев, како и неговиот стрико Константин Наков Станишев (1840 - 1900), македонски деец кој за време на Руско-турската војна бил во служба на рускиот Кнез Дондуков – Корсаков, бил масон и во 1939 година по смртта на претседателот на масонската ложа во Бугарија генерал Петар Мидилов, бил назначен за наследник на Великиот мајстор. За жал, иако правеа се што беше во нивна моќ, како и другите македонски масони кои биле во склоп на српските и бугарските масонски ложи, и тој не можел да направи многу за македонското осамостојување. Во времето на нацизмот д-р К. Д . Станишев се изразил јавно и во печатено издание за заштита на Евреите. Тоа се случило пред познатите настани со кои е спречен транспортот на бугарските Евреи во логорите на смртта, а е поврзано со имињата на Димитар Пешев и патријархот Кирил. Во 1944 година, д-р К. Д . Станишев бил затворен без пресуда и потоа неговото име тоне во заборав. Починал во 1957 година во Софија. |