Среда, 29 Јули 2015    PDF Печати Е-пошта
Тодор Лазаров

todor-lazarov

Тодор Лазаров (1869 – 29. IX 1912) е македонски револуционер, член на ТМОРО. Станал првиот член на РК на МРО во Штип. Во 1903 година бил учесник на Солунскиот конгрес на ТМОРО. Познат под псевдонимите Сараскалијата, Сарсакали Мехмед и Сарчизмели, во 1905 година повторно бил уапсен и спроведен во османлискиот затвор Шам Тарабулус. По Младотурската револуција бил амнестиран. Тешко разболен, се самоубил.

Тодор Лазаров Хаџидимитров е роден во 1869 година во Штип. Потекнува од имотно трговско и родољубиво семејство Хаџидимитрови, кое активно учествува во борбата за македонската независност. Негов брат Арсо Лазаров бил општественик. кој по воспоставувањето на српскиот режим во Вардарска Македонија како најстар пратеник на отврањето се обратил на мајчин македонски јазик.

Со основно образование Тодор Лазаров се стекнал во родното место, а потоа завршил VI клас гимназија во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“.Тој зборувал француски, отомански турски и фарси. По завршувањето, една година работел како прогимназиски учител во Штип, а потоа се занимавал со трговија. Исто така, по враќањето во родниот град, Лазаров ја почнал и револуционерната дејност, поради што, со Мише Развигоров, водачот на военото крило на организацијата, често биле мета на турските власти.

Тодор влегува во првиот револуционерен комитет на ТМОРО во Штип (1894/1895), заколнат од Даме Груев. Со неговото влегување во Организацијата, а подоцна и како долгогодишен политички раководител на организацијата во Штип, мисијата на Гоце Делчев и Даме Груев добила силна поткрепа од Лазаров и неговите соработници. Во текот на својот револуционерен живот, Лазаров редовно бил во контакт и со својот сограѓанин Тодор Александров.

Во 1896 година, Лазаров заедно со Ѓорче Петров и Мише Развигоров го претепуваат од ќотек србоманот Јордан Бабамов, поради што се осудени на затвор. Повторно бил уапсен по Виничката афера во 1897 година. Тодор бил затворен прво во скопски Kуршумли ан, а потоа пет години во затворот во Приштина, каде што заболел од туберкулоза, која ќе го измачува до крајот на животот. Kон крајот на 1902 година бил ослободен и интерниран во Солун.

Тодор Лазаров учествувал на Солунскиот конгрес од 2 до 4 јануари 1903 година. Но, набрзо се нашол на списокот со осомничени за помагање на солунските атентати. Тој бил затворен и измачуван, а потоа интерниран во Штип, каде што ја презема раководната улога во движењето.

Во 1905 година, по едно убиство на двајца кираџии од страна на Турци, Лазаров организирал бунт на населението со бојкот на штипската чаршија. Бојкотот почнал со биење на камбаните на црквите „Св. Никола“ и „Св.Богородица“ и неколку дена никој не влегол и не пазарел во чаршијата. За Турците немало дилема дека бунтот бил дело на Организацијата и на Лазаров. Поради неговата дејност, неколку месеци потоа пак бил затворен, прво во Солун, а потоа, со велешанецот д-р Петар Kушев биле префрлени во озлогласениот затвор Тарабулус ал Шам, каде здравствената состојба значително му се влошила.

По Младотурската револуција во 1908 година, Лазаров бил амнестиран. Но, поради нарушеното здравје тој морал да замине на лекување во Швајцарија. И покрај тешката болест (туберкулоза), неуморно работел до крајот на својот живот. По неуспехот Хуриетот, во текот на 1909/1910 година заедно со Тодор Александров учествувал во обновата на организацијата во Штипско. Во мај 1910 година бил избран за член на Задграничното преставништво заедно со Павел Христов.

Во ноќта на 29 октомври 1912 година (15 - 16 септември 1912), непосредно пред почетокот на Првата балканска војна, закован во постела поради болеста, во хотелот „Ројал“ во Софија, Тодор Лазаров си го одзел животот, пукајќи си со пиштол во срцето. Во двете проштални писма што ги оставил напишал дека не може да поднесе да лежи неподвижен додека сите се подготвуваат за војна од која Лазаров очекувал Македонија и македонскиот народ конечно да добијат слобода.

Македонскиот револуционер Михаил Думбалаков за Лазаров напишал:

„ .. (Кога) сите го прифатија ентузијазмот за борба, во ... хотелот Ројал бавно гаснеше животот на еден од најбудните синови на Македонија. Смелиот водач на револуционерно Штипско, војникот на бунтот и душата на толку безумно смели акции... беше легнат на кревет од жолтата сопатничка на потребите и незгодите – туберкулозата.

Револуцијата ги изела дробовите на Тодор Лазаров. И сред сеопштиот подем, тој сега беше принуден да биде далечен, безполезен и загубен меѓу толпата.. Трагедијата на револуционерот беше неизмерна... Непогоден да влезе и изгори во големата борба, револуционерот го застрела едно од најголемите срца на Македонија. Господарот на животот, тој беше станал и господар на смртта.“

Револуционерното дело на Тодор Лазаров три децении подоцна го продолжиле неговите внуци од брат му Арсо, народниот херој Тошо Арсов и првоборецот Љупчо Арсов.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.