Среда, 12 Август 2015    PDF Печати Е-пошта
Коста Христов

kosta-popeto

Коста Христов Попов (21. IV 1862 - 1941) е македонски револуционер, гевгелиски војвода и виден деец на Македонската револуционерна организација. Познат како Попето учествува во ослободувањето на Крушево. Заедно со Андреј Димков ја опсадуваат и палат жандармериската касарна во Крушево, а потоа учествува и во одбраната на Крушевската Република.

Коста Христов е роден на 21 април 1862 година во гевгелиското село Смоквица. Завршил второ одделение, а потоа тешкиот живот ќе го натера да стане четник на велешкиот ајдук Стојан Мохаџира. Во Илинденското востание е помошник на војводата Андреја Димков. При подготовките за заземање на Крушево учествува на состанокот на Горскиот Штаб на Крушевскиот востанички реон со кој раководи Никола Карев. При нападот на градот, Андреј Димков и Коста Попето ја опсадуваат и палат жандармериската касарна во Крушево, а потоа Попето учествува и во одбраната на Крушевската Република.

Во пролетта 1911 година влегува со чета во Македонија и во текот на летото е околиски војвода во Гевгелиско. Во мај 1912 година повторно влегува во Македонија на чело на чета во чиј состав се наоѓаат: Ангел Динев (Смоквица), Васил Арсов (Штип), Атанас Нушков (Габрово), Христо Андонов (Грчиште), Никола Иванов (Казичене), Васил Христов (Брајковци), Мито Тенин (Кованец), Христо Пенов Гегов (Кованец), Иван Стојанов (Паликура), Риндо Велков (Стојаково) и Миле Зајков (Стојаково).

Набргу четата на Попето ја напушта Нушков, кој оди во четата на Иван Николаев, а во борбата на 19 јуни над селото Босилово загинува и Велков. На состанокот на Гевгелискиот околиски комитет било решено четата да направи атентат, но не како магарешките атентати во Штип, Кочани и Дојран, каде настрадаа и христијанско население, туку надвор од населено место. По таа одлука на 12 јули 1912 година беше дигнат во водух железнички мост.

Во овој период, Коста Попето и Ангел Динев кој е секретар на четата, влегуваат во конфликт со четата во Кожув Планина која ја предводи војводата Ичко Димитров, а кого го обвинуваат дека е на страната на врховистите.

Во почетокот на Првата балканска војна, четата на Попето станува партизански вод бр 41 на Македонско-одринското ополчение во состав од 19 души и дејствува од Кожув Планина. На 7 октомври 1912 година кај гевгелиското село Петрово, на источното подножје на Кожув Планина, четите на Алексо Џорлев, Алексо Стефанов, ѓакон Евстатиј, Павел Христов, Славчо Пирчев, Константиб Џеков и Коста Христов Попето, се соединуваат со здружената Костурската чета.

Откако здружената Костурска чета на 12 октомври замина кон Костурско, кај селото Конопиште останатите чети водат борба со бројна турска воена единица која ја одбиваат, при што имаат пет загинати четници. Подоцна Попето заедно со Михаил Радев Странџата ја предводи Втората гевгелиска чета и е во 13 кукушка и 15 штипска дружина, а за време на Втората балканска војна се наоѓа во Здружената партизанска чета.

Во текот на Првата балканска војна, во повикот до населението да ја крие храната од реквизиските комисии, потпишан од Коста Попето и Ангел Динев се вели:

„Драги браќа,

Организацијата веќе го испраќа својот последен куршум против петвековната тиранија. Јатката од орев, за кој сега се борат здружените држави со овој тиранин е во корист на Македонецот, бидејќи тој докажа дека треба да биде слободен. Но, сепак слобадата нема да ни даде како дар. Војната можеби ќе продолжи и додека трае, реквизиционите комисии се ќе ви земат. Ете зошто ве покануваме да разгласите меѓу населението, та секоја куќа да си направи скривница и да ја крие храната, да го крие добитокот од погледот  на реквизиционата комисија и да сомели по можност повеќе брашно. Задега извршета ја само оваа наредба, по што ќе следи друга. Уверени во блискиот ден на слободата, ние извикуваме: Да живее Автономна Македонија! Да живее слободата!“

Оргиналниот тркалезен бронзен печат на војводата бил откупен во 1952 година од Струмичкиот музеј. Тој е единствен сочуван печат на еден војвода од Илинденскиот период. На него стои натпис „Гевгелиски војвода Коста Попето“ во поширокиот круг и „Слобода или смрт“ во централниот круг. Овој печат, како и повикот кон македонското население преставуваат вредни докази кои говорат за свесноста за својот идентитет, за посебноста и организираноста на националното ослободително движење на македонскиот народ.

Коста Христов Попов умира 1941 година во Софија.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.