Среда, 09 Септември 2015    PDF Печати Е-пошта
Михаил Николов Розов

Misho NikolovМихаил Николов Розов (25. VIII 1874 – Варна, 1. VIII 1934) е македонски просветен деец и револуционер, костурски војвода на Македонската револуционерна организација. Учесник е на Илинденското востание во 1903 година. Во 1937 година постхумно се појавуваат неговите спомени „Револуционерното движење во Костурско Спомени“.

Михаил Розов е роден на 25 август 1874 година во костурското село Бобишта. Брат е на македонскиот револуционер Манол Ризов. Со основно образование се стекнал во Костур, а потоа учи во Солунската гимназија, каде се приклучува на Македонската револуционерна организација.

По завршувањето на гимназијата, Михаил учи неколку семестри филозофија на Загребскиот универзитет, а потоа учителствува во Македонија. Од 1896 година работи како учител во Дојран, потоа, во 1898 година учителствува во Воден, а од 1899 до 1902 година бил директор на средното училиште во Костур.

Покрај просветната дејност, заедно со Лазар Поп Трајков и Кузо Стефов, Михаил Розов развива и активна револуционерна дејност во родниот костурски крај.  Во текот на 1900/1901 година, Розов е во раководниот комитет во Костурско, а во јануари 1902 година, Гоце Делчев го поставува за легален член на раководното тело.

Во февруари 1902 година, во таканаречената Јосифовата афера бил откриен важен канал за пренос на оружје, по што биле уапсени голем број дејци на Македонската револуционерна организација. Меѓу уапсените бил и Михаил Розов, кој потоа лежи во затворот во Корча, се до фебруари 1903 година, кога бил амнестиран.

На почетокот на мај 1903 година Михаил Николов Розов учествува на Смилевскиот конгрес. Тој бил избран за член на горското началство на Костурскиот револуционерен реон заедно со Лазар Поп Трајков, Манол Ризов, Пандо Кљашев и Васил Чакаларов.

Во текот на Илинденското востание 1903 година, заедно со Поп Трајков и Чакаларов формираат чета во Костурско. По замената на Чакаларов со Иван Попов, 650 востаници се упатуваат кон Леринско поле, Мариовските планини, Прилепско, а потоа и во Тиквешко.

Патот на костурските востаници преставува вистинска одисеја на судири и страдања. Откако увиделе дека таму востанието е многу слабо, 400 храбри востаници на чело со членот на реонското началство Михаил Николов Розов, се вратиле во Костурско, каде што одредот се распушта, а оружјето се сместува по скривниците. Веќе кон крајот на октомври во Костурско остануваат многу малку луѓе под оружје.

По неуспехот на востанието Чакаларов, Кљашев, Попов, Михаил Розов и други во групи и по разни патишта преминуваат во Гција, а потоа заминуваат за Бугарија. По доаѓањето во Бугарија, Михаил продолжува да извршува мисии на Македонската револуционерна организација. Веднаш Михаил бил испратен на средба со српските преставници во Белград.

Во Балканските војни е во финансиската служба во Македонија, а за време на Првата светска војна тој е војник на 18–тата дополнителна дружина. По војната се населува во Варна, каде работи како финансиски службеник и е учесник во локалното македонско братство, како и во Илинденската организација.

Михаил Розов помага во издавањето   на Алманахот Македонија.

Умира во Варна на 1 август 1935 година. Во 1937 година постхумно се појавуваат неговите спомени „Револуционерното движење во Костурско. Спомени“.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.