Среда, 23 Септември 2015    PDF Печати Е-пошта
Никола Јуруков

jurukovНикола Јуруков (28. VII 1880 – 26. IV 1923) е виден архитект во Бугарија, македонски револуционер и идеолог на Македонската емигрантска федеративна организација (МЕФО). По првата светска војна се вклучува во политичката активност на македонската емиграција во Софија. Претседател е на Костурското братство и учесник во Привременото преставништво на бившата ВМРО (1919). Бил член на привремената комисија на македонските братства (1920), а како член на Задграничното преставништво на МЕФО ја застапува на V конгрес на Друштвото на народите во Женева 1921 и на Меѓународната конференција на Лигата на угнетените народи во 1922 година во Лондон. Идеолог е и соработник на „Автономна Македонија“.

Никола Јуруков е роден на на 28 јули 1880 година во костурското село Лобаница. Со средно образование се стекнува во Пловдив, Бугарија, а во 1901 година дипломирал архитектура на Високото техничко училиште во Виена. Со Георги Фингов и Димо Ничев основа архитектонско биро „Фингов-Ничев-Јуруков“, кое во периодот од 1910 до 1912 година успева да добие на повеќе конкурси за проектирање и изградба на училишни и административни згради во Софија и Пловдив.  Во своите дела, бирото го користи куполообразниот елемент, кој заедно со скулптурните мотиви, ги доведува до совршенство.

Во овој период неговото биро во Софија ги реализира следните проекти: ОУ „Граф Игнатиев“, ОУ „Тодор Минков“, ОУ „Васил Априлов“, „Георги Сава Раковски“, ОУ „Јосиф Ковачев“ и други. Исто така, ова биро за време на неговиот живот реализира и други проекти како: Софиската индустрика комора (1912), Софиската банка (1914), Бугарската трговска банка (1921) и др.

Јуруков активно учествува во македонското национално-ослободително движење По првата светска војна се вклучува во политичката активност на македонската емиграција во Софија. Во 1919 година тој е претседател е на Костурското братство и учесник во Привременото преставништво на бившата ВМРО, а во 1920 година тој бил член на привремената комисија на македонските братства.

Во тескот на есента 1920 година, по Вториот голем собор на Сојузот на македонските братства, шеесет делегати на чело со Христо Даскалчев, Никола Јуруков, Филип Атанасов, Христо Татарчев, Власислав Ковачев, Милан Грашев, Јордан Атанасов, се отцепуваат од организацијата и создаваат Привремена комисија на македонските братства во Бугарија, која потоа прераснува во Македонска федеративна организација.  

Основачкиот конгрес на МЕФО бил свикан на 4 декември 1921 година и на него биле формулирани основните цели на организација – независна федеративна Македонија во која треба да има целосна еднаквост на народностите кои ја населуваат, за да послужи како алка за обединување на балканските држави во идната Балканска федерација.

Наскоро легалното фракција на Македонската емигрантска федеративна емиграција (МЕФО), ја предводи Никола Јуруков, додека илегалната Филип Атанасов. Јуруков развива дејност за создавање на Независна Македонија и како член на Задграничното преставништво на МЕФО ја застапува на V конгрес на Друштвото на народите во Женева 1921 и на Меѓународната конференција на Лигата на угнетените народи во 1922 година во Лондон.

Во 1922 година, по акцијата на ВМРО во Ќустендил, Јуруков и Филип Атанасов се населуваат во Пловдив, каде се обидуваат да создадат база на федералистите. Во јануари 1923 година легалистите се слеале во Сојузот на македонските братства.

Јуруков е идеолог и соработник на печатениот орган „Автономна Македонија“, кој се потоа обединува со „Македонија“ и излегува под името „Независна Македонија“. Потоа федералистите основаат нов весник „Независна Македонија“, кој го издавале во Белград и во кој ги истакнувале македонските позиции.

Меѓутоа, во меѓусебните пресметки на македонската револуционерна десница и левица Никола Јуруков е убиен на 26 април 1923 година во Софија.  Се смета, дека најверојатно бил убиен Стефан Каркалашев.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.