|
||||
Васил Стојанов - Аџаларски |
На 11 ноември 1909 г. во Скопје е убиен Македонскиот револуционер и војвода ВАСИЛ СТОЈАНОВ – АЏАЛАРСКИ. Роден е во скопското село Аџилари (Миладиновци) 1880 г. Учествува во Илинденското востание 1903 година, а потоа во повеќе борби со османлиската војска во Скопско и Кумановско. Во 1908 година се легализира. Тој ги поддржувал санданистите и федералистите и бил особено популарен сред скопското граѓанство. Бил убиен на домашната порта од заседа на османлиските власти. Неговиот погреб се претворил во голема демонстрација, а убиецот Ќор Расим бил обесен кај Камениот мост. Васил Стојанов Аџаларски (1880-11.11.1909) e македонски револуционер, скопски и кумановски војвода на ВМОРО. Учествува во Илинденското востание 1903 година, а потоа во повеќе борби со османлиската војска во Скопско и Кумановско. Во 1908 година се легализира. Тој ги поддржувал санданистите и федералистите и бил особено популарен сред скопското граѓанство. Бил убиен на домашната порта од заседа на османлиските власти. Неговиот погреб се претворил во голема демонстрација, а убиецот Ќор Расим бил обесен кај Камениот мост. Васил Стојанов е роден во 1880 година во скопското село Миладиновци, поранешно Аџалари, според кое го добил прекарот Аџаларски. Во 1901 година со семејство се преселува во Скопје, каде влегува во ВМОРО и извршува разни задачи за Организацијата. Тој пренесувал пошта, криел и набавувал оружје и извршувал терористички акции. Дејноста на Васил била забележана од турските власти кои го апсат и тој одлежал две години во скопскиот затвор Куршумли ан. Во пролетта 1903 година, по ослободувањето, тој влегува во четата на војводата Александар Георгиев, познат како Сандо Чолакот. Во текот на Илинденското востание 1903 година, неговата чета води борба кај село Стубол, во која војводата Сандо бил тешко ранет. Во 1904 година Васил Аџаларски е помошник војвода во четата на војводата Боби Стојчев, а од 1905 бил назначен за војвода на чета која делува на Скопска Црна Гора и Скопска Блатија во рамките на акциите на четите на познатиот скопски војвода Даме Мартинов. Во текот на 1906 година, во неговата чета доаѓа и неговиот братучед Трифун Христов – Аџаларски, кој веќе од наредната година делува како самостоен војвода и станува славен. Трифун кој е роден 1882 година во Аџалари, како и Васил го носи прекарот на родното место кое во историјата често го менувала името: Аџилари, Хаџалари, Аџиларе, Александрово, Василево и по Втората светска војна Миладиновци. Васил станува познат не само во Блатија туку и пошироко. Тој извршил неколку ликвидации на турски бегови кои го тероризирале месното население. Од крајот на 1904 па се до 1908 година неговата четата водела 14 борби со турскиот аскер и четите на српската пропаганда. По убиството на седумина Македонци егзархисти од скопската маала Чаир, Васил Аџиларски како одговор на ова злосторство убил седумина србомани од Бродец, по што српската вооружена пропаганда престанува со вакви дејствија. Во февруари 1907 година, тој ја запалил меаната во Сопиште, која служела како база на српските чети при нивно преминување во Поречието. До Младотурската револуција во 1908 година, Васил Аџаларски бил скопски реонски војвода со чета од 18 души поделена на четири одделенија. Но, турските власти никогаш не му ги заборавиле убиствата на турските бегови и постојано му биле зад петици. Османлиските власти ангажирале луѓе за да го следат и да го ликвидираат војводата. За главен ликвидатор бил одреден Кор Расим, кој интензивно трагал по Аџиларски. Постоеле неколку обиди за негово убиство, но тие биле безуспешни. По Младотурската револуција во 1908 година, Васил Аџаларски кој бил поддржувач на сандинистите и федералистите се легализирал. Тој бил свесен дека бил следен и дека му се припрема атентат. Особено популарен сред скопското граѓанство, тој успешно се криел во Старата чаршија. Постојат сомневања дека пожарот во скопската чаршија во 1908 година било дело на луѓето на Кор Расим, кои успеале да го лоцираат местото каде се криел скопскиот војвода. Иако успеал да избегне повеќе обиди за негова ликвидација, сепак, Васил Аџаларски бил убиен заедно со својот 80 годишен дедо пред својот дом во Скопје, на На 11 ноември 1909 г. во Скопје е убиен Македонскиот револуционер и војвода ВАСИЛ СТОЈАНОВ –АЏАЛАРСКИ. Роден е во скопското село Аџилари (Миладиновци) 1880 година. Убиецот Кор Расим успеал да му се приближи на војводата од зад грб и со неколку кушуми го усмртил на прагот од неговиот дом. Младиот, строен и омилен војвода Васил Аџиларски бил погребан во црквата „Св. Димитрија“. На погребот на кој присуствуваа голем број на граѓани, се одржаа повеќе говори кои доведоа до масовен протест на Македонците. Во текот на масовните демонстрации, убиецот Кор Расим бил фатен и обесен на камениот мост во Скопје. Говорниците Атанас Михајлов и адвокатот Тома Петков биле осудени на две, а учителот Димитар Поп Пандов на три години затвор. |