Среда, 11 Ноември 2015    PDF Печати Е-пошта
Велко Думев

velko-dumevАтанас Петров Думев (Воден, 15. III 1869 – Софија, 2. XII 1945) е македонски револуционер и учител. Учителствувал во Одрин, Велес, Скопје, Сер. Од 1894 е познат како Велко, а ги користел псевдонимите Бодров, Кадров, Орлеански. Како член на Организација бил делегат на Солунскиот конгрес на ТМОРО (1896 и 1903). Бил член на Битолскиот окружен револуционерен комитет (1905). Учествувал во редактирањето на весниците „Илинден“(1921–1926), „Македонија“ (1926 – 1934) и „Независима Македонија“ (1932).

Велко Думев е роден на 15 март 1869 година во Воден, Егејскиот дел на Македонија. Се школувал во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“, а во 1893 година завршил славјанска филологија на Софиското високо училиште.

Во Македонската револуционерна организација влегува по назначувањето за учител во Велес, каде го предводел околискиот револуционерен комитет. Во 1896 година бил делегат на Солунскиот конгрес, по кој започнува нова фаза на македонското револуционерно и национално ослободително движење, а Организацијата цврсто застанала на патот на надворешните влијанија.  Во 1897 година, за да ја развие револуционерната дејност, ЦК го испратил Думев да учителствува во Сер.

Во 1900 година Думев бил назначен за учител во педагошкото училиште во Скопје. Веќе наредната година, тој бил избран за претседател на Скопкиот окружен револуционерен комитет, во кој се наоѓаат уште Трајко Хаџибошков, Коста Николов и Тодор Паскалев.

Во јули 1902 година, како замена за битолскиот револуционер Спас Мартинов, кој е избран за член на ЦК на Македонската револуционерна организација, Велко Думев бил испратен во Едрене. Таму учителствува во Одринската гимназија и бил назначен за претседател на Одринскиот окружен револуционерен комитет. Заедно со Михаил Герџиков развиваат активна дејност за развивање на револуционерната мрежа во Одринско.

Во јануари 1903 година, Велко Думев учествува на Солунскиот конгрес како делегат на Одринскиот округ. Таму ќе истакне дека Одринско не е подготвено за востание. По конгресот заминува во Софија, каде со Даме Груев, Гоце Делчев, Христо Матов и други македонски дејци ја разгледува и се обидува да влијае на одлуката за предвремено кревање на востанието.

На 28 и 29 јуни 1903 година Велко Думев учествува на Конгресот на Петрова нива (Странџа) на Одринскиот револуционерен округ. На Конгресот на кој се разговара за престојното востание и учеството, тој е избран за потпретседател. Во текот на Илинденското востание 1903 година, Думев организира снабдување со оружје од Софија.

По неуспешното востание, Думев учествува на советувањето во Софија, на кое биле разгледани повеќе прашања, меѓу кои и идните правци на развојот на  македонската револуционерна борба. Потоа учествувал во подготовките за патувањето на Борис Сарафов и Михаил Герџиков во Италија, Франција и Англија, каде тие требаа да ја запознаат Европа со положбата на наслението по востанието во Македонија и Одринско.

Во 1905 година, Думев се вратил во Македонија и во април бил избран за член на Битолскиот револуционерен окружен комитет. По Младотурската револуција во 1908 година, тој се враќа во Бугарија, каде учителствува во Пловдив и Софија и работел како училишен инспектор.

За време на Првата балканска војна  во 1912 година, Думев бил доброволец во Македонско – одринско ополчение и служел како благајник при Прилепската дружина, а во текот на Првата светска војна тој бил училишен инспектор во Ниш.

По војните, Думев останува во Бугарија каде работи во легалните македонски организациии. Тој бил член на Националниот комитет на македонските добротворни братства и на Илинденската организација, а во 1923 учествува и во создавањето на Македонскиот научен институт во Софија. Учествувал во редактирањето на весниците „Илинден“ (1921–1926), „Македонија “ (1926– 1934) и „Независима Македонија“ (1932).

По судирот на десницата и левицата, како и по познатите Горноџумајски настани во 1924 година, Думев станал близок со михајловистичкото крило на Македонската револуционерна организација. По окупацијатата на делови од Вардарска и Егејска Македонија за време на Втората светска војна, Думев често престојувал во овие делови на Македонија. Умрел на 2 декември 1945 година во Софија, на 76 години.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.