|
||||
Стојан Карастоилов |
Стојан Карастоилов - Стојан војвода (1848 - 24. XI 1878) е ајдутин и главен војвода во Македонското ( Кресненско) востание (1878–1879). Пред Востанието бил ајдутски војвода во долината на Струма, а на почетокот на Востанието, заедно со другите војводи, со 400 борци го нападнале османлискиот гарнизон во кресненските анови (5/17. X 1878) и ослободиле 35 села во Каршијак. Притоа бил формиран Штаб на чело со Д. Попгеоргиев-Беровски и С. Карастоилов како главен војвода. По недоразбирањата и отстранувањето на водачот на востанието Д. Попгеоргиев-Беровски (4. XI), бил назначен за началник на Штабот. Заедно со двајца соборци, биле убиени на спиење. Стојан Карстоилов е роден во 1848 година во неврокопското село Старчишта, Егејскиот дел на Македонија, во богато семејство. Рано останал без татко. Се занимавал со производство на железо, која била традиционална стопанска гранка во Мрвачко, Југоисточна Македонија и се до Кресненското востание била во подем. По Херцеговачкото востание во 1875 и априлското востание во 1876 година на Бугарите, предизвиканите од вискоите даноци, односите меѓу христијаните и муслиманите во империјата беа затегнати. Турците грабнале македонско девојче и сакале да направат насилна исламизација во Солун. Но, девојчето било грабнато од родителите, а зарот и фереџето биле искинато. Тоа предизвикало насилни демонстрации во Солун, а фрнацускиот и германскиот конзул биле масакрирани во мај 1876 година. Безредијата се прошириле низ целата Отоманска империја, а султанот Абдул Азис кој бил обвинет за русофил бил убиен. Неговиот наследник Мурат V бил прогласен за луд, по што во август 1875 година на власт дошол Абдул Хамид II. Прогонот на христијаните во Неврокопскиот крај продолжил, а Сојан со неколку луѓе од Старчишта, го напуштиле селото, наводно за да берат маслинки. Тие се засолниле на островот Тасос, каде воспоставиле комуникација со ајдутинот Тодор Паласкарја – Паласката. Стојан, неговиот брат Димитрија и Атанас Џостов, баџанакот на Стојан, се договориле со стариот ајдутин да се вооружаат и да купат арнаутска облека, за да се одмаздат на Турците. По овие припреми, Стојан Карастолов ја започнал својата активност како ајдутин во долината на Струма кон крајот на 1876 или почетокот на 1877 година. Дејствувал. во родното Неврокопско, Драмско и на Мрвачката планина Црна Гора (тур. Карадак). Меѓу Драма и Кавала ја разбил разбојничката дружина на Јурук Махмуд, а подоцна го убил кај селото Елес. Истовремено тој водел борба против грцизмот во Драмско и Неврокопско. Во текот на Руско-турската војна (1877 - 1878) година со четата во која се наоѓале познатите ајдуци и револуционери Тодор Паласката и Георги Зимбилев, дејствувал во Серско и Мечничко. Со четата ги уништува разбојниците ајдукот Суљо и Шејха. Според писарот на Стојан, тоа многу ги израдувало младите момчиња кои тајно се состанувале и сакале да влезат во неговата чета. По потпишувањето на Берлинскиот договор (1/13 јули 1878) Стојан Карастоилов застанува на чело на ослободителната борба во Македонија. Тој се одвојува од Паласката, а четата која му се зголемила била поделена на две. Втората половина ја водел Коста Георгиев – Кукето. Четата на Стојан се судрила со турскиот башибозук во Неврокопско, а потоа во текот на август се префрла во Горна Џумаја (денешен Благоевград). Таму се ставил на располагање на комитетот „Единство“ и станал еден од лидерите на Македонското (Кресненско) востание. Стојан со големо искуство ги предводел востаничките сили. Предводени од него и неговиот секретар Стојан Карчев, востаничкиот одред од околу 400 востаници го поразил и заробил турскиот аскер кај кресненските анови на 5 – ти октомври 1878 година. Тој ги ослободил селата Влахи, Оштава, Ново Село, а во формираниот востанички штаб, на чие чело е Димитар Поп Георгиев - Беровски, Сојан влегува заедно со Адам Калмиков како главен војвода. Востаничкиот штаб предводен од Димитар Поп Георгиев Беровски сметал дека треба да се водат систематски дејствија, а востанието да се рашири откако се зајакнат ослободените територии. Спротивно на него Адам Калмиков и Луис Војткевич, кој биле преставници на комитетот „Единство“, сметале дека иако неподготвени тоа треба да се прошири на целата територија со цел да се привлече европската јавност. Поради тоа, Димитар Поп Георгиев, Беровски, Стојан Карастоилов и другите македонски војводи ги острануваат од раководството авантуристите Калмиков и Војткевич. Меѓутоа, по овој настан се замешал комитетот „Единство“. Раководството на „Единство“ остро реагирало. Тие испратиле комисија од тројца комесари кои од своја страна организирале востанички суд. Додека Димитар Поп Георгиев се спасил благодарение на Натаниел Кучевишки, а потоа бил остранет од раководењето со востанието, дотогаш судот го осудил Стојан Карастоилов и неговите четници Георги Чолаков и Иван Тредафилов на смрт. Смртната казна врз Стојан Карастоилов била извршена во с. Кресна на 6. XII 1878 г. Мајорот Иван Орлински, командантот на Горна Џумаја, испратил околу дваесет козаци со задача да ги фатат живи или мртви неговите убијци, но тие успеваат да избегаат. |