Среда, 17 Февруари 2016    PDF Печати Е-пошта
Никола Митрев - Езерски

Nikola Mitrev

Никола Митрев (1865 – по 1904) е македонски револуционер, член и војвода на Македонската револуциомерма организација. По известувањето дека во земјата се спрема востание за ослободување од Турците, тој доброволно се враќа од Кавказ во татковината. Зедно со своите другари по морски пат доаѓа во Солун, а потоа и во Охридскиот реон.  Познат како Елшански или Езерски, пред и за време на Илинденското востание тој се одликува со јуначки подвизи во повеќе битки во Охридско. Спомените до 1904 г на Никола Митрев, Смиле Војданов, Дејан Димитров и Иван Попов. ќе ги забележи и објави Љ. Милетич во книгата „Борбата во Костурско и Охридско„ (Софија, 1926). Високото морално ниво на четите по кое што била позната Организацијата, никогаш не би можело да се одржи без луѓе како што бил Езерски.

Никола Митрев Доневски е роден во 1865 еслото Елшани, Охридско. Поради тешкиот живот и сиромаштијата со која се соочувало неговото семејство, тој никогаш не посетувал училиште и рано почнал да работи како надничар. До дваесетатта година живеел во своето родно место, а во 1885 година заминал на печалба. Работел како ѕидар и каменоделец во Бугарија (Варненско, Шумен, Провадија),  Романија (Галац и Браила) и во Русија (Бесарабија - во градовите Болград и Бендар, денешна Украина и во Заткавказието во градовите Тифлис или Тбилиси, Кутаис и Батум во денешна Грузија; Баку во днешен Азербејџан).

Никола Митрев често одел и се се враќал од печалба. Патувал преку Цариград за Варна, каде се заинтересирал за македонското дело и во 1895 година станал член на Македонското друштво во Варна.

Во 1899 година Никола заминал со други македонски печалбари за Русија и таму останал до април 1902 година. За тоа време добивале писма во кои пишувало за она што се случува во земјата. Исто така доаѓале и други македонски печалбари кои им кажувале дека за Македонија заминуваат чети и дека се припрема востание. Желбата да и помогне на татковината била голема, па од Кутаис, Никола тргнал заедно со 12 другари сите родум од Костурско и Ресенско.

Во пролетта 1902 година, сите тринаесет души пристигнале со брод во Солун, потоа со железница патувале до Лерин, од каде заедно заминале за Костурско. Патувале прикриено и во селото Ошчима се сретнале со четата на војводата Коте Христов, која тогаш сеуште била призната. Никола и другарите даваат клетва и се до половината на август останува во четата со која одеше да агитира по селата.

На 16/17 август 1902 година Никола Митрев кој сака да го посети родното место се одделува од четата на Коте и со двајца другари заминал за Охридско. По пат се сретнал со четата Никола Русински и со него останува како четник до Митровден (ноември 1902). Потоа четата ја предводел поп Христо Трпев, кој набрзо ќе загине. На 13 јануари во борба со Турците кај селото Којнско, поп Христо бил убиен, а четата се до фебруари останува без војвода. Тогаш по наредба на раководството и со одобрување на четниците за војвода на Езерската чета на Македонската револуционерна организација бил назначен Никола Митрев.

Никола Митрев бил необразован човек, но природно умен. Тој како печалбар многу патувал и видел, имал големо искуство и бил човек кој е исцело одан на македонското ослободително дело и Организацијата.

За време на Илинденското востание Никола Митрев е војвода на IV Езерски реон кој е расположен на источниот крај на Охридското езеро и вклучувал 17 села. Така го добива прекарот Езерски. Востаничките сили раководени од него ги разрушуваат телеграфски линии на патот Охрид – Ресен, но не успеваат  да го опсадат турскиот гарнизон во кулата при селото Свиништа. На 31 август 1903 година Никола Митрев учествува во последната голема борба во Охридско, во месноста Грмешница (Марков дол), каде биле сместени бегалците и востаничките сили.  Турскиот аскер тука ги разбил востаничките сили и убил голем број цивили деца, жени и старци.

По востанието, Никола Митрев заедно со други борци се префрлил во Бугарија. Во текот на февруари 1904 година Љубомир Милетич ги запишува неговите спомени. Потоа многу не се знае за неговата судбина. Една од верзиите на македонската емиграција говори дека Никола Митрев се разболел и починал во Варна.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.