Среда, 24 Февруари 2016    PDF Печати Е-пошта
Алексо Стефанов

alekso-stefanovАлексо Стефанов (1869 – Софија, 12. VII 1935) е македонско револуционер, демирхисарски војвода на Македонската револуционерна организација. Бил четник во ревизионата чета на Тома Давидов, а потоа учествувал во Илинденското востание (1903), Балканските војни (1912/1913). По Првата светска војна учествувал во обнова на македонската револуционерна организација. Од 1920 до 1928 година бил војвода на чета во Битолско и Охридско Меѓу македонските дејци бил познат како извонредно духовит човек.

Алексо Стефанов Симоновски е роден во 1869 година во демирхисарското село Радово. Неговата мајка умира кога има еден месец, а тој живее со татко му Стефан, двете сестри Ристана и Петкана и брат му Димитар. Детството го поминал како говедар. Откако татко му бил изигран и осиромашен од Сулејман ага, Алексо бил приморан да замине за Битола, каде работел како помошник во фурна на „Широк сокак“. Меѓутоа, набрзо се разгорела борбата со гркофилите, а провокациите биле се почести. Во една расправија во фурната, кога некој Грк не сакал да плати и ги навредувал, дваесет годишниот Алексо го удрил силно Гркот и на место го убил. За да не го фати полицијата Алексо прво избегал во родното место, а потоа во Бугарија.

Пред да замине за Бугарија, Алексо му ветил на својот татко дека ќе се врати со пушка за да се освети на оние кои им го разориле семејството. По доаѓањето во Софија тој работел во една фурна. Еден ден со војводата Димитар Серски купиле романски пушки и со дружина составени од еснафи, фурнаџии и работници, тргнале за Македонија. Тие ништо не знаеле за Организацијата, но полицијата ги следела и дошла до кратка престрелка, по што биле уапсени.  

Во меѓувреме, на 22/23 јули 1900 година во Букурешт, Стојан Димитров од Скопје го ликвидирал уредникот на весникот „Пенискула Балканика“ Стефан Михајљану од Охрид, кој пишува против Борис Сарафов и злоупотребите на неговите луѓе. По ова убиство за кое, според Сарафов дале согласност и задграничните преставници на Македонската револуционерна организација, односите меѓу Романија и Бугарија се заостриле и двете земји биле на робот на војна. Султанот пак побарал од Софија да го спречи префрлањето на четите на Врховниот македонски комитет во Македонија и ја распоредил турската војска на граница.

Во текот на ноември, соочени со притисок на Австро-Унгарија и Русија, Бугарија била принудена да ги растури македонските чети, но тие чуствувајќи се како држава во држава не сакале да се потчинат. Така во пролетта 1901 година Алексо Стефанов со четата бил пресретнат и бил уапсен, по што тие биле испрашувани кој ги испраќа во Македонија. Додека бил во полициската станица, Алексо ги сретнал Славчо Ковачев. Тома Давидов и Борис Сарафов, кои на 23/24 март 1901 година биле уапсени во Софија.

По извесно време Алексо и другите биле пуштени и прогонети во провинција. Извесно време Алексо престојува во областа Силистра, а по враќањето веднаш се зафатил со работа. Во меѓувреме, поради немање на докази Сарафов, Давидов и Ковачев биле ослободени.

Кон крајот на 1901 година Давидов ги повикал Алексо Стефанов и другарите за да му се приклучат во борбата за слобода на Македонија. По позитивниот одговор на Алексо и Македонците, Давидов ги примил во Македонската револуционерна организација. Потоа со помош на Антон Ќосето, четата на Давидов, во која се наоѓаат Алексо и другарите, ја преминува границата и како ревизиона чета ја обиколува Македонија.

Во селото Брезово четниците се пречекани од Јордан Пиперката, а потоа се соединуваат со четата на Ѓеорѓи Сугарев, така нивниот број се зголемил на 70 четници. Во битолското село Магарево четата се дели на два дела. Едниот дел заминал за Могила, а другиот на чело со Давидов кон Буково, Брусник, Лавци и Крстоар, села кои работеа за Организацијата.

По убиството на Давидов (15.03.1903) во охридскато село Оздолени, на чело на четата застанал Димитар Стојчев. На конгресот во Смилево четата е расформирана и по двајца четници биле испратени за инструктори во други чети. Алексо бил испратен во четата на Георги Сугарев.

За време на Илинденското востание во 1903 година, Алексо со четата учествувал во борбите кај Смилево, Цапари, Облаково и други места. А по востанието, во 1904 година Алексо бил четник во Горноџумајско и Малешевски. Во 1905 година станал помошник војвода на Димче Сарванов – Могилчето и дејствува со тринаесет души во родниот Демир Хисар. Познат под псевдините Бај Гањо, Демирхисарски, Тома Христов, Алексо по Младотурската револуција во 1908 година се легализира, но на пазарот, врз него бил изврешен неупешен обид за убиство.

Во 1912 година, Алексо Стефанов учествувал во Првата балканска војна како доброволец во Македонско-одринското ополчение. Тој е војвода на четата № 19 која дејствува во Битолско, а потоа во Втората балканска војна служи во Првата чета на Шетата охридска дружина.

По Првата светска војна Алексо учествува во возобновувањето на Организацијата и од 1920 до 1928 година е војвода на чета во Битолско и Охридско. Потпретседател е на Битолскиот окружен конгрес во 1923 година, каде бил избран за член на окружното тело заедно со Георги Поп Христов и Петар Шанданов.

Алексо Стефанов бил оженет со Христина Куртелева, учителка од Охрид, која исто така учествувала во револуционерното движење во Македонија. Инаку тој бил познат меѓу македонските дејци како извонредно духовит човек. Во текот на Првата светска војна неговите соборци ќе ја забележат неговата изјава за високиот технички напредок на Германија во која тој вели: „Германецот кај да оди, зад него жица излегува“.

Во 1931 година, неколку години пред смртта, Бојан Мирчев во Софија ќе ги објави спомени на Алекса за „Револуционерната дејност во Демихисарско (Битолско). Алексо Стефанов умира во 1935 година во Софија.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.