Среда, 09 Март 2016    PDF Печати Е-пошта
Кузман Стефов

Kuzo stefov

Кузман Стефов (25. IX 1875 – 24. II - 1902) е македонски револуционер, деец и војвода на Македонската револуционерна организација. Тој е народен учител и организатор, еден од најстарите револуционерни дејци, војводи на Македонската револуционерна организација. Во 1899 година, по апсењето на Лазар Поп Трајков, тој раководел со Костурскиот револуционерен реон и развил силна револуционерна дејност. Имал само 26 години кога го положил својот живот за револуционерното дело. Тој е опеан во македонската народна песна.

Кузман (Кузо) Стефов е роден во 1875 година во костурското село Загоричани, Егејска Македонија. Со основно образование се стекнал во родното село, а потоа учел во Костур и Цариград. Во 1894 година продолжил да учи во Битолската машка гимназија, а образованието го завршил во Солунската машка гимназија во 1898 година. За време на школувањето во Солун се спријателил со Лазар Поп Трајков, Лазар Москов и влегол во редовите на ВМРО.

По завршувањето на Солунската гимназија, Кузо учителствувал во Хрупишта, а истовремено агитирал меѓу македонскиот народ и ја развивал револуционерната мрежа на Организацијата. По апсењето на Лазар Поп Трајков во 1899 година, тој го раководел Костурскиот револуционерен реон и заедно со Павел Христов и Михаил Николов, развил силна револуционерна дејност. 

Во почетокот на 1901 година, од Организацијата било наредено да се убие Нуредин ефенди од македонското село Света Недела, еден од најголемите злосторници во областа. Реонска чета на Атанас Петров со помош на Кузо Димитров и комитетот од Манјак го убила овој злосторник од заседа на пат кон Хрупишта. При атентатот бил изгубен документ во кој се споменува името Кузо и кој паѓа во рацете на турските власти. Во истрагата биле упсени многумина, како и сите познати Кузовци во регионот. Меѓу уапсените во Нуриденовата афера бил бараниот Кузман Димитров и учителот Кузман Стефов од  Хрупишта.

Тортурата која туските власти ја вршеле врз македонското население во Костурско стигнале и до ушите на странските конзули во Битола. По нивна интервенција апсењата престанале, а Кузо Стефов и другите уапсени биле осудени на затворски казни. Меѓутоа, Кузо успеал да побегне и се засолнил во Корча, по што станал нелегален.

Во почетокот на 1902 година, Гоце Делчев го посетил Костурскиот реон и за раководители на Пополската област ги одредил Кузман (Кузо) Стефов, Лазар Поп Трајков, Лазар Мосоков, Пандо Кљашев, а Васко Чакаларов и понатаму бил задолжен за набавка на оружје од Грција.

Кузман Стефов кој заедно со Пандо Кљашев бил задолжен да дејствува во Пополе и Хрупишта, една ноќ организирал револуционерен комитет во Нострам. Но, предавникот Коте Христов од Руља и неговите четници вечерта извршиле неуспешен обид за убиство на војводата Кузо.

На 24 февруари (11 по стар стил) 1902 година, во близина на селото Шестово, четата на војводата Кузо била забележана од турски селани. Тие ги известиле турски власти и уште истата вечер четата била опколена од турскиот аскер. Во престрелката која се развила, Кузо Стефов бил ранет, а четникот Малиот Наке бил убиен уште со првите истрели.

Останатите четници под раководство на војводата Атанас Петров успеале да го пробијат обрачот и да избегаат, а тешко ранетиот Кузо Стефов се засолнил кај својата свршеница, учителката Василка Иванова. Согледувајќи дека нема излез, Кузо се самоубил, а за да не биде заробена истото тоа го направила и неговата свршеница.

Турските власти за да го заплашат македонскиот народ им ги отсекле главите на Кузо Стефов и Малиот Наке и два дена ги држеле изложени на конакот во Костур. Меѓутоа овој чин имал спротивен ефект и наскоро македонското револуционерно движење дообил голем замав во овој крај. Кузман и Наке биле погребани во братската могила во Апоскеп, а македонскиот народ го воспеал војводата Кузман (Кузо) Стефов во народната песна.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.