Среда, 23 Март 2016    PDF Печати Е-пошта
Јосиф Михајловиќ - Јурукоски

Josif-MihajlovicЈосиф Михајловиќ – Јурукоски  (28. IV 1887 – 11. III 1941) е македонски архитект и урбанист. Oд 1929 до 1936 година и од 1969 до 1941 година бил градоначалник на Скопје. По неговото именување за прв човек на градот во 1929 година, било извршено авионско снимање, направен катастарски премер, попис на населението, бил изработен првиот урбанистички план на Скопје, оформен Плоштадот и околните улици. За време на неговиот мандат изградени се капитални објекти како хидроцентралата „Матка“, водоводот „Рашче“, насипот на Градскиот парк, регулацијата на Серава, Собранието, Градската болница,  како и Офицерски дом, старата Железничка станица, Народна банка и Поштата (објекти срушени во земјотресот во 1963),.

Јосиф Михајловиќ – Јурукоски  е роден на 28 април 1887 година во селото Тресонче, во семејството на ѕидари и зографи од родот на Јуруковци. Синот на Михајло (Мијалче) и Христина, се описменил во манастирот „Св. Јован Бигорски“. На шестогодишна возраст неговото семејство се преселило во скопското село Кучевиште, каде неговиот татко добил работа. Малиот Јосиф му помагал на својот татко во работата и го продолжил своето образование во тамошното училиште. Неговата трудољубивост и интелигенција била приметена од српскиот крал, кој тогаш бил во Скопје, па Јосиф се стекнал со српска стипендија. Завршил нижа гимназија во Скопје, а виша во Солун во 1906 година.

Следејќи ги стапките на семејната традиција, Јосиф го продолжил своето образованите на Техничкиот факултет во Белград на отсекот за архитектура, каде дипломирал во рекордно време. По дипломирање во 1910 година, професорите го испратиле на постдипломски студии во Италија, каде специјализирал романска класична уметност на ренесансата. Во 1911 година се вратил во Белград и бил вклучен во тимот кој ја проектирал зградата на Академијата на науките и уметностите на Србија и на градската палата на градот Белград.

Бурните времиња кои следуваат потоа, кратко време ја попречиле неговата професионална карера. Јосиф како и многу други Македонци учествувал во Балканските војни (1912 и 1913) и Првата светска војна (1914 - 1918). Како српски стипеднист, тој се вклучил во доброволната чета на мијачкиот војвода Доксим учителот од Галичнк, која дејствувала во рамките на српската армија. За време на една битка со Турците кај село Младо Негоричане, војводата бил убиен, а Јосиф бил ранет во главата.

Во текот на Првата светска војна, пред налетот на Австро-унгарската војска, Јосиф ја доживеал голготата на српската војска при повлекувањето низ Албанија. По доаѓањето и закрепнувањето на островот Крф, тој и уште неколку други учени војници биле испратени во западните држави за да собираат средства за потребите на српската војска. Патот го одвел во Америка, каде останал до крајот на војната.

Јосиф Михајловиќ – Јурукоски во САД се стекнал со титула инжинер-архитект, а по враќањето од Америка заминал на доспецијализација на Институтот за урбанизам на Универзитетот во Сорбона, Франција, а потоа своето образование го надградил и на Високата школа за уредување на градовите во Лондон.

По завршувањето на студиите во Париз и Лондон, Јосиф се вратил во главниот град на новосоздаденото југословенско Кралство на Србите, Хрватите и Словенците (СХС). Се вработил во белградската фирма  „Феникс“ и се вклучил во изградбата на железничките пруги Ужице – Сараево и Велес – Прилеп. Потоа работел како архитект–урбанист и започнал неколку проекти во Скопје. Набрзо Јосиф стекнал углед како одличен архитект, па по препорака на кралот Александар Караѓорѓевиќ, кој сакал Скопје да стане модерна метропола, на 29 јануари 1929 година бил назначен за претседател на општинското поглаварство (скопската општина), односно за градоначалник на град Скопје.

Јосиф бил градоначалник на Скопје од 1929 до 1936 година, а потоа во 1939 година повторно бил назначен за прв човек на градот, на која функција останува до крајот на својот живот кој трагично заврши во 1941 година. Во текот на својот речиси десеттогодишен мандат, тој својата активност ја насочил кон модернизација на градот и неговото комунално уредување.

На почетокот на 1929 година, за да добие целосен приказ на состојбите во Скопје, тој повеќе пати го надлетувал градот и околината. По авионското снимање тој го изработил Генералниот регулационен план на Скопје (усвоен во 1930 година) и извршил геодетски премер на градот. За таа цел, бидејќи градот немал доволно кадри, Јосиф се вклучил во планирањето, проектирањето, мерењата и изведувањето на работите, а вклучил од околните школи за геометри 450 ученици и 25 дипломирани геометри на кои им била потребна работна пракса. Тие освен премер биле ангажирани и на попис на населението.

Со добро планирање, по усвојување на планот во 1930 година, за задоволување на потребите со електрична струја на градот првично била изградена термоцентрала под Кале, а потоа на реката Треска започнала и изградбата на хидроцентралата „Матка“ (пуштена во погон 1938). Во истиот период започнала изградбата и на водоводот Рашче кој е завршен во 1936 година и се поврзува со Скопје во 1937 година. За заштита на градот од поплава од водите на реката Вардар, го изградил насипот во Градскиот парк и ја извршил и регулацијата на реката Серава.

За време на неговиот мандат се градат повеќе јавни објекти меѓу кои: училишта, општински згради, Народното Собрание, Општинската зграда,  Градската Болница,  Хигиенскиот завод, Заводот за социјалното осигурување, Старата железничка станица, Народната Банка, Трговско-индустриската комора, Лекарската Комора, Домот на сојузот на инженерите и архитектите, Офицерскиот дом, Конзервната фабрика „Вардар”, бетонските мостови на Вардар, биле уредувани улици, Плоштадот, Золошката градина и многу други.

Јосиф Михајловиќ – Јурукоски се занимавал и со архитектонско проектирање. Позначајни реализирани објекти: зградата на Црвениот крст во Скопје (1930), сопствената индивидуална куќа во Скопје (1939); Фабриката за текстил во Скопје (1939). Во обликувањето на зградата се инспирирал од народната архитектура. Исто така се занимавал и со публицистика.

Во време на економската криза, и Шестојануарската диктатура (1929 - 1931), кога со одлука на режимот почнале да се затвараат голем број на гимназии и средни училишта на територијата на Македонија, било разгледувано и прашањето за укинување на Филозовскиот факултет во Скопје. Во одбрана на оваа единствена високообразовна институција во Македонија, на чело на Акциониот одбор за спас на Филозовскиот факултет, кон крајот на 1932 и почетокот на 1933 година, застанал и Јосиф. Под под притисок на најугледните луѓе на градот, предводени од него, властите се откажале од намерата за укинување на Филозовскиот факултет.  

Граѓаните на Скопје особено го ценеле градоначалникот на Скопје кој знаел пешки или со пајтон да шета низ градот и да ги бележи сите проблеми.

Првиот човек на Скопје Јосиф Михајловиќ – Јурукоски починал на 11 март 1941 година, само еден месец пред почетокот на Втората светска војна. Тој починал на скопската клиника за време на хирушка интервенција за вадење на слепо црево. Грѓаните на Скопје достоинствено го испратиле до последното живеалиште. Во погребната поворка која ја следеле повеќе од 15 илјади граѓани, голем дел биле облечени во мијачки народни носии. Целата церемонија траела повеќе од пет часа, а повеќе од 20 лица одржале проштални говори.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.