Среда, 30 Март 2016    PDF Печати Е-пошта
Томо Смилјаниќ - Брадина

tomo-smiljanikТомо Смилјаниќ - Брадина (13. VI 1888 – 10. V 1969) е македонски етнограф, филолог, поет, прозаист, драмски автор и публицист. Тој е првиот македонски етнолог кој вршел историско етнографски истражувања на Миачијата и на животот и дејноста на поистакнатите Мијаци како Партенија Зографски, Ѓорѓија Пулевски и други, а ги проследува и делата на П. Драганов, К. Мисирков и Д. Чуповски. Оставил значајни научни истражувања (повеќе од 150), кои се наоѓаат во МАНУ, а голем дел и во Српската академија на науките и уметностите (САНУ). Со изданија на своите текстови во Скопје ја започнува серијата „Библиотека Маќедонија“ (1924– 1928), а ја продолжува под името „Старовремска библиотека“ (1929).

Томо Смилевски (Смилјаниќ) е роден на 13 јуни 1888 година во мијачкото село Тресонче, во големото семејство Брадоновци. Тој е правнук на Серџо Караџа Брадина (1778 - 1889) еден од најмоќните и најбогати сточари во Мијачијата во XIX век, по кого го добива прекарот Брадина. Со основно образование се стекнува во родното место и во Битола, а потоа учел во Српската гимназија во Солун, која ја завршил во 1906 година.

По завршувањето на гимназиското образование, во периодот од 1906 до 1911 година, Брадина работи како учител во Тресонче, Мелничани и Галичник. Потоа се запишал на Филозофскиот факултет во Белград, како стипендист на друштвото „Св Сава“, од кое го добива и презимето Смилјаниќ. Но, поради започнувањето на подготовките за војна со Турција, набрзо потоа тој ги прекинува студиите и како и многу други Македонци пристапува во доброволните чети на „Народна одбрана“, формирани од српската армија“, со кои потоа влегува во Македонија.

Брадина учествува во Балканските војни, а за време на Првата светска војна се повлекува со српската армија преку Албанија на островот Крф. Српските власти заради лобирање и поддршка на српската војска, како и заради создавање на кадар кој ќе им биде потребен по војната,  испраќаат голем број на интелектуалци насекаде во светот. Брадина бил испратен во Франција, каде учел географија и историја на Универзитетот во Клермон Феран (1917 - 1919).

Брадина дипломирал на темата „Стари народни песни и Мијаците" и по завршувањето на студиите во Клермон Феран 1919г., се вратил во новото Кралство на Србите, Хрватите и Словенците (1918). Потоа работел како учител во гимназиите Тетово (1920/21) и Скопје (1921 - 1927), како и во Трговската академија во Скопје (1927 - 1931). Во меѓувреме тој вршел историско-географски истражувања во Мијачијата и во 1930 година во Франција  ја одбранил докторската дисертација „Нашите стари племиња Мијаците и Брсјаците во Јужна Србија“.

Од 1931 до 1934 година, Брадина бил народен пратеник за Галичко-дебарската околија, а од 1935 до 1939 година инспектор и началник на Просветното одделение на Вардарска бановина. Во текот на 1940 и 1941 година, патувал по Европа, а потоа учествувал во Априласката војна  против Германците кај Призрен. По окупацијата на Југославија, работел во Учителското училиште во Алексинац, а по 1946 година живее како пензионер во Белград.

Томо Смилјаниќ - Брадина ја започнал својата истражувачката и литературната дејност уште како учител. Најголем дел од неговата работа беа поврзани со студиите за неговите Мијаци, нивните обичаи, земја, познати личности. Тој вршел историско етнографски истражувања на Миачијата и на животот и дејноста на поистакнатите Мијаци како Партенија Зографски, Ѓорѓија Пулевски и други, а ги проследува и делата на Петар Драганов, Крсте Мисирков и Димитрија Чуповски. Соработувал со разни весници и списанија, како и со угледни научни зборници на Филозовскиот факултет во Скопје и САН во Белград.

По пензионирањето во 1946 година, Брадина продолжил со својата научно истражувачка работа се докрајот на својот живот, соработувајќи притоа со Српската и Македонската академија на науките и уметностите. Зад себе оставил значајни научни истражувања, кои се наоѓаат во МАНУ, а голем дел и во Српската академија на науките и уметностите (САНУ).

По Втората светска војна во Југославија, Томо Смилјаниќ – Брадина бил загрижен за опстанокот на Мијаците, кои под притисок за време на војната од 1941 до 1944 година беа раселени, како и од влијанието на новиот режим, во кој Мијакот поради својата традиција и култура почнале да ја губи својата специфичност како ентитет на македонски народ, го губеле своето наречје, обичаите, носијата и се друго што го врзувало за минатото.

Во текот на животот, покрај својата научна работа, Смилјаниќ – Брадина бил писател и драматург. Со изданија на своите текстови во Скопје ја започнува серијата „Библиотека Маќедонија“ (1924– 1928), а ја продолжува под името „Старовремска библиотека“ (1929), во која ја објавува стихозбирката „Песмарица“ што содржи и 7 песни на македонски јазик, насловени како „Старовремски мотиви“. Во периодот од 1924 до 1937 година тој ги побликувал следните дела: „На планини и друге приповетке из Македоније“ (Скопје, 1924), „Стојна и друге приповетке из Македоније“ (Скопје, 1924), „Седи краљ“ (Скопје, 1925), „Канонска визитација Река“ (Скопје, 1925), „Маќедонски печалбари - Драма у пет чинова с певањем“ (Прилеп, 1927), „Песмарица“ (Скопје, 1929), „Краљ слободар – Краљ миротворац“ (Скопје, 1936) и Идеалисти (првиот чин од драмата), „Јужни преглед“ (Скопје, 1937).

Неколку дела, вклучувајќи ги неговите „спомени“ не се публикувани. Во ракопис се останати: романот „Горјани“, расказите за деца „Смиље и босиље“ и мемоарите „Моје успомене до 1912“.

Томо Смилјаниќ - Брадина починал на 10 мај 1969 година во Белград.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.