Среда, 06 Април 2016    PDF Печати Е-пошта
Герман Дамовски

GermanDamovski

Герман Дамовски (1 IX 1899 - 1959), познат како Старио, син на познатиот македонски војвода Петар Христов Германчето е македонски револуционерен деец, истакнат припадник на македонското народноослободително движење во Егејскиот дел на Македонија. За време на Втората светска војна и по завршувањето, учествувал во антифашистичката и Граѓанската војна во Грција.

Герман Петров Христов – Дамовски е роден на 1 септември 1899 година во преспанското село Герман, Егејскиот дела на Македонија. Рано останал сирак. Неговиот татко Петар Христов – Германчето, кој бил познат преспански војвода на Македонската револуционерна организација и учесник во Илинденското востание 1903 година, во судир со турскиот аскер, за да не им падне жив во раце, се самоубил на 28 февруари 1907 година. 

Во 1916 година, изложен на постојан притисок на грчките власти, Герман емигрира во Бугарија. Следејќи ги стапките на својот татко, кој уште во 1892 година учествувал во социјалистичкото движење, во 1918 година тој се приклучил на работничкото движење во Софија и ја посетувал шивачката секција. Во 1924 година станал мајстор шивач, а во неговиот дуќан, до 1928 година наоѓале прибежиште многу членови на организацијата. Во текот на 1928 година, поради болест го напуштил дуќанот и продолжил да работи во својот дом, кој станал ново сврталиште на легалните и нелегалните членови.

Во меѓувреме, по формирањето на Разузнувачката организација на ВМРО од страна на Александар Протогеров, Герман Петров бил назначен за главен разузнувач за Преспанската околија. Во 1934 година, поради блиските врски со протогеровистите Лев Главинчев, Пецо Трајков и др., по убиството во Варна на пунктовиот началник на ВМРО, михајловистот Мане Накашев,  Герман првично бил осомничен, уапсен и осуден на смрт од бугарските власти, но подоцна бил ослободен.  

Во 1937 година, поради своите левичарски убедувања, Герман бил интерниран во Котел, а во 1938 година, поради убиството на генералот Јордан Пеев повторно бил интерниран во градот Берковица – Клисурски манастир.

Во текот на Втората светска војна, Герман Дамовски проникнат од прогресивни револуционерни идеи и како син на илинденски војвода не останал нем на политичките и воените дејствија и се вклучил во антифашистичкото движење. Во 1941 година се поврзал со заробеници од италијанскиот фронт во Преспанско (Италијанско-грчката војна 1940 - 1941), со студенти и војници кои ги насочува кон вклучување во партизанското движење.

Во 1943 година, благодарение на врските кои ги имал Герман во БКП, чии членови биле во институциите, биле ослободени петмина илегалци на чело со Благоја Фотев, кои биле заробени на железничката станица Ристовац при обид од Србија да преминат во Македонија.

На почетокот на 1944 година,  се вклучува во партизанското движење во Македонија. Се поврзува со партизаните кај битолското село Бистрица, каде се населува семејството и останува до ослободувањето.

Во 1945 година, го продолжува делото на својот татко за ослободување на Македонија и се вклучува во борбата против монархофашистичката власт во Грција, како организационен секретар на Окружниот одбор на НОФ за Леринско.  Дејствува како партизан и организатор во Преспанско, Леринско, Костурско, Кајларско и др. Тој помага во изградбата на македонските институции (македонски училишта, подготовка на македонски учители, создавање на македонски културни друштва и др.) во селата Герман и Желево.

Во 1946 година Герман Дамовски станал член на грчката комунистичка партија, верувајќи како и целиот македонски народ во Егејска Македонија, дека под раководство на ГКП ќе ја извојува вековната мечта за слобода и дека по ослободувањето ќе има можност да се самопредели.Герман учествува во 74 дневните борби на планината Грамос, а по капитулацијата на ДАГ во 1949 година, емигрира во Полска.

Меѓутоа, грчките комунисти ја користат резолуцијата на Инфорбирото, и секој од раководството на македонскиот народноослободителен фронт кој се обидувал да ги заштити интересите на македонскиот народ, бил острануван со обвинување дека е титоист.Така во Полска, и Герман бил наклеветен од грчките коминисти  дека е титоист. На 23 ноември 1949 година тој бил исклучен од КПГ и предаден на полските судски власти.

Во март 1950 година Герман бил затворен, но судот во Вроцлав во 1951 година го отврла обвинението и го ослободува. Во 1952 година, грчките комунисти повторно го обвинуваат заради неговиот став за правата на Македонците, по што пак бил ослободен од Варшавскиот суд. Герман бил уште еднаш уапсен во градот Згожелец и потоа бил естрадиран во Бугарија.

По доаѓањето во Бугарија, Државната безбедност на Бугарија го држела Герман три месеци врз основа на горното обвинение, а потоа без судење, како титоист, го испратиле во логорот Белене, Свиштовско, каде останал се до 6 јануари 1954 година, кога бил ослободен.

Герман Дамовски живее во Софија, каде умира во 1959 година.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.