|
||||
Васка Илиева |
Рефрени кои го премостуваат просторот и времетоНема срце кое нема да се растрепери кога ќе слушне песна исполнета од Васка Илиева, нема Македонец на оваа планета кој не го препознава звукот и топлината со кој само Васка Илиева знаеше да ја испее од душа песната која пее, и плаче и раскажува истовремено, сметајќи го времето за димензија која не постои. Нејзиното име значи Македонка, нејзината песна значи Македонија, а нејзиниот живот значи бесмртност. Нејзини се сите меридијани и сите векови, бидејќи допира до секој Македонец и до секој кој носи душа човечка. Низ нејзиниот живот ја имаше титулата Кралица на Македонската изворна песна, а нејзиниот карактеристичен глас ја носи титулата Македонскиот златен глас, а песната на Васка Илиева – Лек за душата... Позната насекаде, на сите континенти... ја презентираше Македонија, ја претстави Македонската песна, а преку стиховите и Македонската традиција, Македонските емоции, Македонската љубов, Македонската тага и болка, и Македонскиот безграничен патриотизам... Нема генерација која незнае по некој стих од Васка Илиева, за секого отпеа песна, остави ноти кои од најмало до најголемо потпевнуваат... Мајко мила моја Македонијо Мајко мила моја Македонијо Дај да одам, по срце да те носам. По срце да те носам, во мислите те имам. Со ноц'и не спијам, са се размислувам. Са се размислувам, дал паке се вратам. Мајко мила моја Македонијо Мајко мила моја Македонијо Дај да одам, се за тебе пејам. Песни јас ти пејам, со те се гордејам. С"то си ме родила, ц"е сем Македонец. С"то си ме родила, ц"е сем Македонец. Мајко мила моја Македонијо Мајко мила моја Македонијо Дај да одам, паке ти се вратам. Паке ти се вратам, ти си ме родила. Ти си ме родила, и ти ме порасла. За тебе з"ивејам, за тебе ке умрам... "Македонијо земјо родна наша", "Јано Јанке Кумановке", "Врати се мило либе" и уште многу многу други. Васка Илиева беше и неуморен трагач на народни умотворби на кои им даде мелодија. Сите дискографски куќи кои постоеја за време на бивша Југославија не и даваа мир на Васка. За нив има снимено голем број плочи и касети, но за жал со осамостојувањето на Македонија, во родната земја постои само една касета снимена со нејзиното име и глас. Исто така има снимено три касети во Австралија, потоа и во Америка, а во Македонија, по долго време се сними и едно ЦД. Васка Илиева е родена во Скопје, во Бошњачко маало, сегашна населба Чаир, на 21 Декември 1927 година во скромно но, многу весело музичко семесјтво. Нејзиниот татко Тодор Бошков Велков бил познат гајдаџија. Нејзините музички корени покажуваат од каде е големиот талент на Васка, но како што ние Македонците имаме обичај да кажеме тоа е дарба од Бога. Васка Илиева својата музичка кариера ја започнува пред 1950 г. во Државниот ансамбл за народни песни и игри „Танец“. Иако нејзиното семејство се борело со немаштијата, сепак во нивниот дом музиката била секогаш присутна. Нејзиниот татко, Тодор Бошков е "виновникот" кој ја втурна Васка во светот на народната песна. - Татко ми беше иницијатор јас да почнам да пејам, во едно интервју признава Васка Илиева. За време на окупацијата кога војувавме со Бугарите и Германците, татко ми не ми дозволуваше да пеам. Но по војната, тој, гледајќи не под какви услови живееме јас и мажот ми, кој беше болен од туберколоза, ми предложи да се вработам во "Танец" како пеач. И покрај незадоволството и патријархалното воспитување од страна на мажот ми, јас собрав храброст и запеав. Се сеќавам дека тоа ми беше првиот јавен настап на кој ги испеав песните "Нико меанџико" и "Што имала к'смет Стамена". Оттогаш надминувајќи ги тремата и предрасудите започна мојата пејачка кариера. Следеа турнеи заедно со "Танец" низ Македонија и поранешна Југославија. Во 1952 година ја реализиравме првата турнеја надвор од Југославија, во Грција. Во Атина пеев македонски песни и за првпат си го слушнав гласот на радио, додека во Солун не ни дозволија да одржиме концерт, иако голем број Македонци од Егејска Македонија чекаа со голема желба да настапиме.- беа зборовите на Васка со кои ја раскажуваше вистината за своите музички почетоци. Поради недоразбирањата со одговорните во "Танец", Васка Илиева наоѓа ново вработување и тоа во Радио Скопје каде што има отпеано безброј песни и секогаш во живо. Докажувајќи се со прекрасниот глас надвор од Македонија, ценејќи ги нејзините квалитети и понудиле да биде член во Здружението на слободни уметници во Белград. Со белградскиот ансамбл работела 10 години и со негова помош се вивна на врвот на популарноста. Во нејзината богата кариера ќе се запаметат и дуетите со уште двете легенди на нашата народна песна, Никола Бадев и Александар Сариевски. Поради ненадминатиот стил на пеење и неповторливиот глас, Васка Илиева многу брзо станува многу популарна не само во татковинатa, туку и во тогашна Југославија, како и во Бугарија и секаде во светот. За време на долгата музичка кариера, во Република Македонија и насекаде по светот Македонците ја нарекуваат Легенда на Македонската народна песна, "Кралица на македонската народна песна", како и „Амбасадор на македонската народна музика“. Васка Илиева со големо Македонско срце и секој нејзин здив посветен на македонската песна- замина во легендите а, нејзината песна се вброи во бесмртните рефрени.Васка почина на 4 мај2001 во родното Скопје во 78-та година од животот. За неа целиот живот беше песна а, Васка Илиева стана синоним за Македонската песна. Васка имаше обичај да каже- ,, песната не признава граници“ – и се до последниот миг од нејзиниот живот живееше со неа. Васка замина а, зад себе остави богата ризница песни, над 800 снимени песни за Македонското Радио, повеќе од 150 плочи и касети, од кои околу 70 се нејзино авторско дело. Иако на повеќето песни кои ги отпеа Васка Илиева, таа е нивниот автор, тие влегоа во ризнинцата на Македонскиот форлклор како да се создадени од народот. Со генерации ќе се паметат "Македонијо земјо родена", "Мост ми sидаја девет мајстори", "Сестра кани брата за вечера", "Што кучиња лаат", "Месечино мила сестро", "Абре воденичаре" и уште многу други со кои таа го помина светот, со кои таа ја претставуваше Македонија. Тамо долу крај Белото Море, тамо е браќа мојот роден крај, тиран дојде, нас не пропади, па скитаме по целиот свет. О, Македонијо, моја земјо напатена! Пееше и за браќа бежанци, кои со очи тажни, срца ранети го напуштија родно огниште, а тргнаја в земји далечни.... Дел од нејзиниот репертоар е зачуван на ЦД, во едицијата "Македонска фолклорна класика". Доказ за нејзината успешна кариера се многубројните награди од цел свет. Најголема радост & причинува плакетата од Организацијата "Обединети Македонци" добиена по повод нејзиниот настап на традиционалниот Илинденски пикник во Торонто-Канада во 1987 година, потоа наградата "13 Ноември", а ја доби и наградата за животно дело. Што кажуваат за Васка Илиева нејзини современици- Една пролетна приквечерина, беше претесна за песните на легендата и легендарните. „Сестра кани брата на вечера!“ Радиото многу често говореше за Васка Илиева постојано се говореше за нејзините настапи во Австралија, Америка... за воодушевувањето на нашите таму, за топлиот прием, за солзите радосници... Признавам, залудни беа напорите на оној што најмногу му верував дека кодот на нашата македонска музика го носиме во вените, дека ансамблот „Танец“, Пеце Атанасовски,Тале Огненовски, Александар Сариевски, Никола Бадев, Кирил Манчевски, Васка Илиева, Вања Лазарова... се ненадминати уметници што ги цени и почитува Светот...- Со години ме допира вистината. Оваа музика е „просветлување “ - гордост што не може да се запре. Ги складирам и ги чувам како реликвии сите песни на плочи од Васка Илиева. Како што течат песните ги оставав и солзите да потечат: „Земјо Македонска“, „Променила ми се Пандора девојка“, „Кирајџиче јабанџиче“, „Кога падна на Пирина“, „Таму далеку вода ми дотече“... и заедно со неа- со Васка, да си запеам до болка зборови од силните „Сестра кани брата на вечера“, „Мост ми ѕидале девет мајстори“, „Судбо, моја судбино“ и „Кој што ме чуе да пеам“. И, секогаш кога покрај мене имам и мој пријател, згора на моето потпевнување со Васка ми иде да кажам и да ја раскажам сторијата дека пејачката мù е речиси врсничка, родена е 1927 година во Скопје. И, потоа дека татко ù Тодор Бошков бил еден од првите гајдаџии во „Танец“, тетка ù Бонда Димишкова позната песнопојка, дека тие во 1950 ја зеле во Ансамблот... И уште за тоа оти подоцна станала солист на Радио Скопје, за ненадминатата убавина на нејзините дуети со Бадев и Сариевски. Лесно изговарав: Васка е една и единствена. Неповторлива. Знаев дека сe ми веруваа. Беше неизмерно горда кога, на програмата на Македонското Радио каде што до скоро работев, цел час разговарав токму со легендарната пејачка. И, повторно, иако не е помеѓу нас ја слушаме Васка Илиева од едицијата „Македонски фолклорни класици“. Легендата си замина а убеден сум дека на ангелите горе да им ја опева Македонија. Сепак, ќе го правиме тоа упорно заради нашава овдешна вистина. Заради нашата реалност, нашиот дух и нашата опстојба. Затоа наместо збогување, наново големо добредојде за песната на Васка Илиева, нејзиниот небесен глас, нашата ненадмината фолклорна традиција.- се зборорвите и сеќавањата на еден современик на Васка Илиева. - Со својот извонреден талент и љубов кон Македонија Васка Илиева направи повеќе за зачувањето на македонската свест и подигање на македонскиот дух кај Македонците надвор од границите на Р. Македонија, од било кој друг. Огромна е нејзината заслуга и за зачувањето и популаризацијата на Македонската народна песна. Таа е еден од симболите на Македонската нација. * * *
....Песната ми е дарба од Бога, но и наследство од татко ми, кој беше игроорец и песнопоец. Ми се чини дека музиката ми шеташе низ крвта секаде каде што работев. Гурбетлакот носи тага, но и радост .- вели композиторот Абаз Цаноски. Кога се роди песната "Кога тргнав, Цвето, во туѓина" со текстот в раце, во далечната 1972 година влегов во РТВ Скопје. Се сретнав со Васка Илиева и и ги покажав стиховите. "Оваа песна е за мене, за мојата душа. Ќе ги растегнам гласните жици", рече таа -се потсетува Цаноски.Песната снимена во "Југотон" од Загреб набрзо постигна голем успех. Цвета на Цаноски живее и денес. Се пее и се препејува онака како што авторот посакувал. - Аплаузите наменети за извонредната и неповторлива Васка Илиева ги сметам за свои - вели текстописецот Цаноски. * * *
Со песната на Јонче Христовски, со гајдите на Пеце Атанасоски и со гласовите на Никола Бадев, Васка Илиева и Александар Сариевски се создава сликата за Македонија- за која етномузикологот Јосиф Чешмеџиев напиша: „Македонија нема сфинги и палати, но нејзините песни и ора се нерушливите градби на нејзината вечност“.Фондација Васка ИлиеваВо чест на Васка Илиева минатата година, е основана фондација за зачувување на легендарниот лик и животно дело на Македонската фолклорна Дива. Фондацијата e основана во Мај 2009, го носи името на Васка Илиева, се со цел чување на споменот на благородниот лик на Васка Илиева, но и продолжување на неговата дејност на полето на музиката.Фондацијата е невладина непрофитабилна организација, со седиште во Охрид, а со план за меѓународна присутност низ активности на просторите на Европа и Светот, во македонската дијаспора и пошироко. Како правен субјект, Фондацијата ги реализира своите активности врз основа на утврдена програма за работа, која ја донесува и реализира Управен Одбор сочинет од пет членови, Фондацијата е горда што од основањето во своите редови ги има г-дин Јован Симоноски, г-га Васка Попоска идруги членови. Покрај Управниот одбор назначен е и Надзорен одбор, како и комисии за работа на поединечните полиња согласно целите и задачите на Фондацијата. Претседател на Фондацијата е г-дин Кристијан Ѓоршовски, додека Извршен директор е г-динот Оливер Симоноски. Во Македонска едиција на Македонската јавност и е достапна и Монографија за Васка Илиева од авторот Јоне Ефтимовски . Рефрени кои го премостуваат просторот и времето • И Ние Сме Деца на Македонија • Мајка на Марика Думаше • Песна за Раѓањето на Гоце Делчев • Кажи Рајне • Ајде Сите Запејте Весело Оро Играјте • Стани Моме да Заиграш • Трба Трби Ѓевгелија • Кажи, Кажи Облаче ле Бело • Песна за Никола Бадев • Не Ми Го Лажи Ѓорѓи Марето • Стани о Ангел Мој • Милјано Моме Убаво • Еден Прекрасен Мајски Ден • Среќна Љубов Нека Цути • Еј Животе, животе Мили • Лажи, Лажи Вере • Љубовна Песна • Дано Ле Данче Убава • Разболела се Ленка Пингова • Дотекла Вода Студена • Те Видов Само за Еден Миг • Славеј Песна Запејало • Ѓоргија Море Терзија • Жетварска Песна • Таму Долу Битола • Оро Води Ангелина • Ој, Суто, Мори Султано • Седнал Марко Малку Да Вечера • Ој, Прилепе Граде • За Карпосш, Војвода И уште околу 150 други наслови .... "ЗЛАТНО ГРЛО" - ЛЕК ЗА МАКЕДОНСКАТА ДУШАВаска Илиева секаде и секогаш била срдечно и топло пречекувана особено од нашите иселеници кои биле желни да ги слушнат нејзините патриотски, печалбарски и жални песни за кои таа знаеше да спомене дека и се "при срце". Со песните кои трогнуваат до солзи, Васка Илиева стана амбасадор меѓу нашите во светот.Васка Илиева, своите песни ги пренесува со чувство и ги всадува во срцата на сите Македонци ширум светот. Сите соништа и сите пориви од мали нозе ја упатувале на песната и само на неа, онаква каква што ја пееле само нејзините во семејството - традиционална, изворна и милозвучна. Нејзиниот "златен" глас кој не се заборава, најдиректно, духовно и емоционално ги преточува во нас тие инсерти од нашето минато, макотрпно битисување и вечната глад за среќа и слобода. Секој настап на Васка Илиева е во живо, нејзиниот глас не признава замор и граници. МУЗИЧКИ АМБАСАДОРПеејќи ги Македонските народни песни, ги помина скоро сите страни на светот. Шеснаесет пати била во Америка и Канада, 11 пати во Австралија, 4 пати во Русија, Германија, Швајцарија, Англија, Холандија. Со нејзината упорност и храброст успеа да ги отпее познатите патриотски песни "Земјо македонска", "Кога паднал Јане", "На 4 мај Гоце загина" дури и во Егејска и во Пиринска Македонија.Нејзиното гостување без никаква реклама и најава ги преполнуваше салите со наши Македонци- желни да слушнат песна за нивната родна земја, а додека Васка пее – нејзиниот глас се слевал со гласот на присутните треперливи гласови... Едно помеѓу нејзините последни гостувања, од каде Васка Илиева понесе многу драги спомени, беше и во Мала Преспа, Албанија, каде била пречекана со големо добродојде, а од лицата на Македонците се читала голема радост. Клаудија Лутовска |