Среда, 08 Јуни 2016    PDF Печати Е-пошта
Георги Казепов

Georgi kazepov

Георги Казепов или Ѓорѓи Казапов (21.II 1880 – 23. IX 1923) е македонски револуционер, член и војвода на Македонската револиционерна организација. За време на Илинденското востание се борел во четата на Јане Сандански и Илија Крчовалијата. Под негово раководство Мелничкиот регион дава тврд отпор на Грчката пропаганда во Македонија. Во 1908 г., учествува во формирањето на Народната федеративна партија, а во 1909 г. во походот на Цариград. За време на Балканската војна со четите предводени од Сандански влегува во Солун.

Ѓорѓи Ангелов Стојанов, подоцна познат како Георги Казепов. е роден на 21 фебруари 1880 година во село Калиманци, Пиринска Македонија. Потекнува од преродбенско семејство со богата традиција во револуционерната борба. Рано останал сирак и за него се грижи неговиот вујко, кој е адвокат во Босилеград.

Во 1900 година Казепов завршил педагошко училиште во Сер и истата година станал член на Македонската револуционерна организација. Од 1900 до 1903 година бил учител во селата Марикостиново, Бељово и Черешница, а во 1903 година учителствува во Мелник, каде набрзо станал околиски секретар на Организацијата.

За време на Илинденското востание се борел во здружената чета на Јане Сандански и Илија Крчовалијата. По востанието бил уапсен, но успеал да избега и станал нелегален во четата на Сандански. Во спомен на кресненскиот војвода Андреј Казепов, кој загина во пролетта 1904 година во борба со турскиот аскер кај селото Сенокос, Ѓорѓи Ангелов Стојанов го прифаќа неговото презиме и станува познат како Ѓорѓи Казепов.

Во 1905 година, Ѓорѓи Казепов бил назначен за секретар на Мелничкиот  околиски револуционерен комитет, а една година подоцна и за Мелничкиот околиски војвода. Во 1906 година тој е делегат на Вториот конгрес на Серскиот револуционерен конгрес, на кој е избран за член на Серскиот окружен револуционерен комитет. Во овој период под негово раководство Мелничкиот регион дава тврд отпор на Грчката пропаганда во Македонија. 

По Младотурската револуција во 1908 година, Ѓорѓи Казепов се легализира и заедно со Јане Сандански биле преставници од Мелничко на основачкиот конрес на Народната федеративна партија (НФП). Наредната 1909 година, Ѓорѓи Казепов учествува во походот на Цариград, кога е соборен султанот Абдул Хамид II.

Во 1910 година, кога Младотурците со закон го забрануваат делувањето на граѓанските партии, Народната федеративна партијата полека згаснува. При обид на Младотурците да го уапсат Јане Сандански, Казепов со четата го опколува Мелник и го потпомага бегството на Сандански.

Во предвечерието на Првата балканска војна Јане Сандански и војводата Ѓорѓи Казепов, како и другите војводи од Серско, вложија огромни напори за што подобра подготовка за престојните борби со Османлиите. Мелничките доброволци предводени од Сандански и Казепов имаа задача да ги блокираат реонот на Струма и да го исчистат од турската војска. Благодарение на добрите припреми, почетокот на Првата балканска војна Серчани ја дочекаа со добро вооружени чети способни за разни воени дејства. Тие дејствуваа независно како македонска војска, односно петти сојузник.

По пробивањетоо на османлиската тврдина во Рупел, Сандански со своите чети, како и четите на Георги Казепов, Стоју Хаџиев, Димитар Арнаудов, Крсто Чапрашиков, Иван Чонтев и четата на Бујнов, кој бил ранет и задржан во Неврокоп, како кавалеристи на коњи и мазги, тргнале како претходница на бугарската дивизија (7 Рилска дивизија) кон Солун.

Триста четници од одредот на Јане Сандански, во содејство со бугарската коњичка група на мајорот Цонев, на 8 ноември 1912 година, влегле во Солун, пред влегувањето на главнината на бугарската војска, а заедно со грчките трупи на престолонаследникот Константин. Влегувањето на македонските чети предводени од Јане Сандански и неговите војводи биле бурно пречекана од Солунчани.

Казепов по војната станува книжар во Мелник. Во 1920 година бил избран за градоначалник на градот. Во 1921 се преселува во Софија, а од 1922 работи во Марикостиново.

Ѓорѓи Казепов е убиен на 23 септември 1923 година во селото Пиперица, Пиринска Македонија, од страна на претставници на десницата за време на фракционерските борби во Македонската револуционерна организација.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.