Среда, 22 Јуни 2016    PDF Печати Е-пошта
Коста Групче

Kosta GrupceКоста Ангелов Групчев (1849 – 1907) е македонски национален деец, борец за македонската национална самостојност. еден од првите македонисти кон крајот на XIX и почетокот на XX век. Тој е еден од организаторите на Македонскиот таен комитет во Софија (1885), кој од бугарските власти бил окарактеризиран како „сепаратистички“, бидејќи се залагал „за самостоен културен и политички развој“. Со Наум Евров, В. Карајовов и Темко Попов се залагале за македонска национална црква и за воведување македонски јазик во училиштата.

Коста (Коче) Ангелов Групчев (Групчевиќ) е роден во 1849 година, во семејството на Катерина и преродбеникот Ангеле Групче. Коста како најмал од седум деца своето основно рано образование го стекнува на грчки јазик кај Григор Прличев, близок пријател на татко му Ангеле. На 16 години заминал за Романија, потоа со поддршка на татко му бил во Виена, па преку Трст се вратил татковината каде заедно со брат му се занимавал со слаткарство.

Во 1885 година, Коста Групче станал студент на Софискиот универзитет и член на ученичкото просветно друштво „Свети Климент“. Истата година заедно со Наум Евров, Васил Карајовов и Темко Попов го формирале Македонскиот таен комитет во Софија. Нивната цел била остранување на бугарската Егзархија од Македонија како носител на бугаризмот, истакнување на посебноста на македонскиот народ на Балканот, возобновување на Охридската архиепископија како самостојна црква и воведување на македонскиот јазик во училишната настава и администрација во Македонија.

Тајниот македонски комитет бил откриен од бугарските власти и поради „сепаратистичките“ идеи, за самостоен културен и политички развој на Македонците, спротивни на политиката на Бугарија, организацијата била растурена, а поголемиот дел од членовите емигрирале во Србија.

Во меѓувреме, со цел српската пропаганда полесно да се инфилтрира во Македонија, во Белград на февруари 1885 година бил одржан собир на Србо – Македонците. Тие ја побарале соработката на македонски патриоти незадоволни од Егзархијата и Патријаршијата, нудејќи им ја својата поддршка. Врз основа на оваа соработка, во 1886 година во Цариград од македонските интелектуалци било формирано друштво на Србо – Македонци.

Во исто време дошло до контакт помеѓу преставниците на „Тајниот македонски комитет“ и српската влада во Белград. Групче имал средби со српскиот дипломат Стојан Новаковиќ, како и со тогашниот српски министер за внатрешни работи Милутин Гарашанин, кој им дава поддршка во борбата против влијанието на бугарската Егзархија во Македонија. Меѓу двете страни бил постигнат договор за соработка врз следните основи: 1. издавање на еден весник во Цариград под име „Македонски весник“ на македонски јазик, 2. борба за возобновување на Охридската архиепископија, под заштита на цариградската Патријаршија, 3. отвараање училишта во Македонија во кои ќе предаваат учители на народен (македонски) јазик и 4. За потребите на македонскиот народ да се печатат учебници и книги на македонски јазик.

На пат за Цариград Коста Групче бил уапсен од бугарските власти како руски шпион и три месеци бил затворен во Стара Загора. Под притисок на рускиот и српскиот амбасадор бил ослободен. Во текот на април 1887 година, Коста од Пловдив заминува за Софија и преку Романија заминува за Цариград.

Врз основа на договорот со српската влада, Коста Групче и Наум Евро со посредство на српскиот дипломатски преставник во Цариград Стојан Новаковиќ, во почетокот на јуни 1887 г. поднеле молба до Великиот везир за издавање на весник „Македонски глас“. Свесни за политиките на балканските држави, македонските интелектуалци во молбата меѓудругото ќе наведат дека весникот би се занимавал со историско-филолошка работа и дека „нашата татковина нема ништо со околните државички“, па затоа препорачуваат „избегнување и строго предупредување од нивните интриги. Истовремено, тие ќе истакнат дека „откако се роди бугарското црковно прашање, со него се фрли семето на раздор меѓу христијаните - раја, кое и донесе големи несреќи на нашата татковина, а според интригите на туѓите пропаганди, бевме на најлоша среќа да ја примиме бугарската народност, којшто за нас Македонците е сосема туѓа..“

По не цели два месеци, бидејќи барањето не било прифатено од страна на Великата, Коста Групче и Наум Евро на 26 јули 1887 година се обратиле со Меморандум до дипломатските преставници на големите сили во Цариград во кој меѓудругото стои:

„Романија, Србија, Грција и Бугарија... не мируваат и интригираат, а полето на нивните интриги е нашата татковина Македонија, која поради важноста на својата географска положба... ги електризира срцата на речените државички, и поради тоа непрестано се бунтуваат и претендираат на нашата татковина како законски наследници и не пропуштаат ниту едно средство, само да го натераат сиромашкото македонско население да се бунтува, себеси да си отворат пат и ја постигнат својата цел, т.е. да ја раздробат нашата татковина и да ја проголтаат... - за да се искорени тоа, треба да се искоренат тие илузии... а, тоа може да го направи само македонското население, кое треба да му објави на светот дека е посебен народ, со посебна историја, нарави и обичаи и дека нема ништо општо со околните државички. Па според тоа никој нема право да претендира на Македонија и таа им останува на Македонците..“

Коста Групче подготвил и буквар на македонски јазик, меѓутоа српската пропаганда со зацврстување на своите позиции во Македонија ја намалила поддршката на македонските интелектуалци кои се бореле за независност и не дозволила тој да биде отпечатен. Букварот од мај 1888 година, останал во ракопис, бидејќи српскиот амбасадор во Цариград го прифатил букварот на М. Веселиновиќ.

Во учебната 1892/1893 година, Коста Групче предавал грчки јазик во Цариградската гимназија и  раководел со српската книжарница во Цариград, а од 1895 до 1906 година, бил одговорен уредник и формален сопственик на весникот „Цариградски гласник“, орган на тамошното српско дипломатско претставништво. Тој е автор е на текстот „За Охрид и Охридското Езеро“.

Иако, на крај бил под притисок на српската пропаганда, сепак ќе останат запаметени неговите приповеди во кој вели дека: „славјаните во Македонија се Срби и Бугари толку, колку што се и Руси, Чеси или Полјаци, тие се Македонци, совршено одделна славјанска народност..“

Коста Групче умира во 1907 година во Охрид. Според други извори тој починал во Цариград.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.