Среда, 29 Јуни 2016    PDF Печати Е-пошта
Иван Снегаров

ivan-snegarovИван Снегаров (12. Х 1883 – 1. III 1971) е истакнат славист, историчар, универзитетски професор и бугарски академик со потекло од Македонија. Член е на Македонската револуционерна организација, а бил и редактор на весникот „Автономна Македонија“, орган на Македонската федеративна емигрантска организација во Бугарија. Тој е  еден од основачите и член на Македонскиот научен институт во Софија (1923) и е соработник на органот „Македонски преглед“ (1924 - 1943). Неговиот капитален труд е Историјата на „Охридската архиепископија“ (1924). Се залагал за политичка и духовна самостојност на Македонија.

Иван Јончев Снегаров е роден на 12 октомври 1883 (30 IX 1883 ст.ст.) година во Охрид. Со основно образование стекнува во Охрид, а од 1900 до 1906 година се образува на  Духовната семинарија во Цариград. Во 1902 година станува член на Македонската револуционерна организација и е член на Охридското културно-просветно друштво.

По завршувањето на семинаријата, Снегаров работи како учител во Ениџе Вардар и како писар на Егзархијата во Цариград. Во периодот од 1908 до 1912 година студирал на Духовната академија во Киев, каде специјализирал Византологија. Со дипломската работа „Историја на Охридската архиепископија“, Снегаров се стекнал со степен „кандидат за богословски науки“.

Од 1912 до 1926 година, Иван Снегаров работи како учител во Цариградската семинарија, Педагошкото училиште во Сер, во Солунската машка гимназија, во Јамболската гимназија, Софиската гимназија и семинарија, и други места.

По Првата светска војна, во периодот од 1920 до 1923 година, Снегаров заедно со д-р Владислав Ковачев, работи како редактор на весникот „Автономна Македонија“, орган на Македонската федеративна емигрантска организација во Бугарија. Тој е  еден од основачите и член на Македонскиот научен институт во Софија (1923) и е соработник на органот на МНИ „Македонски преглед“ (1924 - 1943).

Академската и научната кариера ја продолжува во 1926 г., кога бил избран за доцент по црковна историја, а од 1933 до 1951 г. тој е  редовен професор на Богословскиот факултет на Универизитетот во Софија. Снегаров бил декан е на Богословскиот факултет во текот на 1928-1929, 1934 – 1935, 1942- 1943, 1947 – 1949 г., а од од 1952 до 1956 г., работи како хонорарен професор на Духовната академија. На катедрата по историја на Богословскиот факултет Снегаров предава древна и средновековна историја на христијанската црква, Историја на бугарската црква до крајот на XIV век и историја на современите славјански цркви.

Од 1933 година Снегаров е член на Бугарскиот археолошки институт. Истата  година станал дописен член на БАН, а за академик бил избран во 1943 година.  Од 1944 до 1947 година тој е секретар на Историско-филолошкит клон на БАН, а од 1947 до 1950 година бил прв директор на Институтот за историја. Директор на Научниот архив на БАН  е од 1951 до 1959 година.

Иван Снегаров е автор е на 660 библиографски единици – книги, студии и статии, поврзани главно со историјата, црквата и културата на Македонија. Во центарот на неговите научните интереси Македонија, Солун, Охридската книжевна школа, Скопската епархија и други. Неговите многубројни трудови ги опфаќаат житијата на Климент Римски, Климент Охридски и други. Неговиот капитален труд е Историјата на „Охридската архиепископија“ (1924). Во 1972 година посмртно  е објавена неговата последна публикација за манастирот С. Наум. 

Иако по потекло Македонец, Иван Снегаров како воспитаник на Егзархијата во своите дела кои се однесуваат на Македонија, најчесто настојува да го докаже бугарскиот карактер на македонскиот народ и црква. Сепак, врз основа на истражувањата кои ги води во текот на својот живот за историјата на Охридската архиепископија, тој се залага за политичка и духовна самостојност на Македонија. Во однос на значењето на Охридката ариепископија тој вели:

„Историјата на Охридската црква е историја на осумвековна духовна независност, би рекол на духовна сувереноста на Македонија. Политичката власт во таа земја била турска, но духовната припаѓала на самата неа во лицето на нејзината народна црква... Охридската архиепископија – патријаршија поседувала законодавна, извршна и судска власт. Таа имала морален авторите пред кој се поклонувале (со ретки исклучоци) сите нејзини членови, затоа што тие верувале, дека таа е патот, којшто ги води и кон земна благосостојба и кон најважното – небесно, идеално суштествување.

Снегаров ја поткрепува борбата на македонскиот народ за самостојна и независна држава и врз основа на духовната власт, законодавната, извршната и судската власт која ја имала Охридската архиепископија се до нејзиното некакнонско укинување во 1767 г. тој заклучува:

„Автономистичкиот дух на Македонија не е нов, туку е рожба на нејзиниот историски живот. Тој бил развиван од автокефалната Охридска црква. Историјата на последната не уверува, 1) дека Македонија има право и е способна и за политичка самостојност исто како што можела да постои 8 векови како независна духовна организација; 2) дека, како што во старо време била основа за духовно обединување на балканските народи, така таа и сега може да се претвори од јаболко на меѓубалкански раздори во алка на општобалканско братство.“

По Втората светска војна, по повод обновувањето на Македонската православна црква, тој во својата статија „Возобновување на Охридската архиепископија“ („Македонска мисъл“ кн. 7-8, год. 1, 1946) вели:

„Вoстановyвањето на Охридската архиепископија треба да предизвика радост во сите православни Цркви, зашто со тоа се востановува потиснуваното право за црковно самоуправување и се дејствува во насока на спречување на раздорите меѓу балканските едноверни народи. Затоа да посакаме, Српската православна црква, како и нејзините блиски сестри — Бугарската и Цариградска црква да погледнат благонаклоно и христољубиво на новосоздадената Македонска православна црква и да ја земат, како постари сестри, под своја закрила, за да се зацврсти, благоустрои и служи како верен член на Вселенската црква.“

Иван Сенгаров починал на 1 март 1971 година, во Софија. Во 1958 година, бугарските власти за неговите заслуги го одликуваат со орденот "Кирил и Методиј" I степен.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.