Среда, 27 Јули 2016    PDF Печати Е-пошта
Ставре Гогов- (Ставре Војвода)

stavre-gogovСтавре Гогов (1884 – 10. IV 1907) е македонски револуционер, член и војвода на Македонското револуционерно движење. Во 1901 година бил четник во четата на војводата Тале Горанов. Во Илинденското востание се борел во четата на војводата Лука Групчев, а од летото 1904 година станал самостоен војвода. Предаден и заобиколен од аскерот, откако му завршила муницијата, се самоубил. Македонскиот народ не останал равнодушен кон загинувањето на „младиот спасител на Македонија“ и ќе го овековечат во народните песни.

Ставре Матеев Гогов е роден во 1884 година во струшкото село Вевчани. Останал без образование и работел како дулгерин, ѕидар. Работел во Ѓаковица, Косово, како и на други места. Во 1898 година,  во расправија со член на друго семејство од Вевчани, извршил убиство поради што бил гонет од турските власти. По овој настан, Ставре се одменува и се става на располагање на селската организација на Македонската револуционерна организација (МРО).

Во јули 1901 година заедно со Јаким Алулов и Тасе Христов, Ставре Гогов влегува во организациско-организациската чета на чие чело се наоѓа прилепскиот војвода Тале Горанов.  Во ноември 1901 година, Горанов бил заменет и се до доаѓањето на Никола Русински со четата раководи војводата Јаким Алулов, а негов заменик бил Ставре Гогов.

Во 1903 година, Ставре Гогов учествува во Илинденското востание во големата чета на охридскиот војвода Лука Групчев. По задушувањето на Востанието, во постилинденскиот период, тој долго време се бори за илинденските идеали. Во летото 1904 година, Гогов бил назначен за војвода на струшката чета на МРО и дејствува како активен организатор. Во 1906 година бил ранет од поткупен четник од српската пропаганда.

Во април 1907 година, Ставре пристигнал ноќно време во куќата на својот вујко Трпе Шекутков во родното село Вевчани. Меѓутоа Турците дознаваат за посетата на Војводата и турскиот аскер, заедно со башибозукот од Октиси, Лабуништа и Подгорци, уште истата вечер ја опколиле куќата.

Во утринските часови Ставре Гогов и домаќините започнале неравноправна борба. Во меѓувреме, Кота Христова свршеницата на Ставре, успеала да ја помине опсадата и им доставила бомби и патрони. Тоа му овозможило на Ставре и домаќините да дадат силен отпор, а борбата траела од утрото до квечерината, се додека се имало муниција.

На 10 април 1907 година, по завршување на куршумите, Ставре Гогов се самоубива, а со него загинале и браќата Трпе и Кузман Шекутков. Снаата Андрица и трите внуци на Трпе биле ранети. Турците кои имале големи загуби за време на борбата, по завршување на акцијата ја запалиле куќата. Според едни извори Турците имале 27 загинати припадници на аскерот и башибозукот, а според други 117 души.

По загинувањето на нејзиниот свршеник Ставре Гогов, Кота Христова Кузман Пупина Костајчинова го убива предавникот и се вклучува како занаменосец во четата на Стојчо Јанкулов Торбичков од Подгорци.

Вевчанецот Ставре Гогов оставил во струшката околија убави спомени. Тој меѓу народот е познат како добар и бестрашен четник, кавелер со посебна чесност. Во спомен на вевчанскиот војвода, на обновената куќа во која загинаа и браќата Трпе и Кузман, поставена е меморајална плоча со натпис:

„Во април 1907 година, на ова место во неравна борба со многубројниот турски аскер херојски загина војводата Ставре Гогов.“

Македонскиот народ не останал равнодушен кон оваа трагедија. Загинувањето на „младиот спасител на Македонија“, на предавството и заслужената казна, на херојски чин Ставре и фамилијата Шекуткови, народот ќе го овековечат во народните песни „Смртта на војводата Ставре Гогов“ и „Песна за Ставре Гогов “ во која пее:     

Песна за Ставре Гогов

Од Битола до Вевчани, се сардисано.
Ура, ура, Ставре Војвода.
Го сардисаа млад Ставре во Шекуткој.
Ура, ура, Ставре Војвода.

Ставре има мажко срце, не се предава.
Ура, ура, Ставре Војвода.
Ставре има бердан пушка, не се предава.
Ура, ура, Ставре Војвода.

Прва бомба, што ми фрли в конопиштата.
Ура, ура, Ставре Војвода.
Та ми удри десет души од аскерот.
Ура, ура, Ставре Војвода.

Сврти пушка во брадата, Ставре Војвода,
Ура, ура, сам се убива,
Ура, ура, за Македонија.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.