|
||||
Ванчо Србаков |
Ванчо Србаков (XIX век – 24. IV 1905) е македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член и војвода на Македонската револуционерна организација. Активно учествува во подготовките и за време на Илинденското востание. Се бори против српската пропаганда во Поречието и Кичевско. Две години по Илинденското востание, загинува јуначки при обид да го пробие обрачот на турскиот аскер кај кичевското село Цер. Ванчо Мицков Србаков е роден во село Вранештица, Кичевско (XIX век). На млади години емигрирал во Браила, Романија, каде работел како фурнаџија. По повикот на Македонската револуционерна организација македонската емиграција да се подготви за востание и да се врати во Македонија, на почетокот на 1903 година, Ванчо вооружува своја чета во Софија, со која се враќа во родниот крај. По доаѓањето во земјата, Ванчо Србаков се вклучува во редовите на Македонската револуционерна организација и влегува во четата на Никола Русински, каде четува и неговиот брат Христо Србаков. Ванчо потоа бил назначен за подвојвода и со четата го обиколува Кичевскиот крај. Во овој период четата на Русински како подвојводи во своите реони покрај В. Србаков, дејствуваат Јордан Пиперката, Веле Марков, Ѓурчин Наумов – Пљакот, Ѓорѓи Сугарев, Тале Христов и други. На Смилевскиот конгрес, Ванчо Србаков, Георги Пешков, Јанаки Петров и Цветан од Световраче се избрани за членови на Кичевското раководно тело. Ванчо зел активно учество во подготовките за борба со османлиите, како и за време на Илинденското востание. Во неговата чета за време на Востанието се наоѓа Патар Радев – Пашата. Според планот за нападот на Кичево, војводите Лука Ѓеров, Арсо Мицков, Наќе Јанев и Ванчо Србаков, со околу 500 востаници точно на Илинден на полноќ, извршиле напад од сите страни на турскиот логор во месноста “Јурија”. Во овај напад востаниците имале успех. Меѓу турското илаве се создала паника и се упатиле кон калето во центарот на градот каде била сместена редовната турска војска и штабот, од каде одговориле со силен оган. Во овие борби востаниците се повлекле без загуби, додека илавето имале загуби од 18 мртви. По нападот на Кичево, иако било планирано, војводата Ванчо Србакот не го нападнал анот во село Ижиште, но со својата дружина се упатил кон Македонски Брод и на 3 август го нападнал теќето Хад’р-баба, позната како текија. Турскиот аскер разбеснат од овие неуспеси следниот ден со големо засилување нападнале на селото Рабетино, во месноста Разбоиште. Во овај судир војводата Ванчо, заедно со селскиот војвода Кочо Матески-Куршумот успеале да ги истераат турските башибозуци и за прв пат ја прогласиле слободата во селата од Рабетинска река. Радоста траела само кусо време. На 9 август, турскиот гарнизон од селото Ижиште извршил силен напад на селата во Рабетинска река, при шро востаниците биле поразени. Потоа Србаков, Џеров и Максим Ненов воделе тешки борби со турските војски и арнаутскиот башибозук во Кичевско. По задушувањето на Востанието, Србаков се повлекол во Софија. Во 1904 година, војводата Ванчо Србаков повторно се враќа во Македонија со четата Георги Поп Христов. Тој со четата останува во Кичевскиот и Поречието, а секретар на четата му е Атанас Албански од Горно Јеловце. Во текот на октомври истата година соединетите чети на чело со Даме Груев се спротивставуваат на четите на српската вооружена пропаганда. По разбивањето на четите, Ванчо, заедно со Петар Ацев, едвај успева да се спаси. Две години по Илинденското востанаие, во текот на ноќта меѓу 23 и 24 април 1905 година, војводите Христо Узунов, Ванчо Србаков и Пецето, придружувани од 14 добровооружени четници, биле опколени од турскиот аскер кај кичевското село Цер. Војводата Ванчо Србаков решил со фрлање на бомби да се пробие, но на неколку чекори од куќата бил погоден. По долга целодневна борба, за да не им паднат живи во рацете на Турците, Христо Узунов и четниците се самоубиваат. Сите се закопани во заедничка гробница. Ванчо Србаков загина, но споменот за него ќе остана во народната песна. Војвода Ванчо Србаков Ајде пишти пиле пишти пиле |