|
||||
Тале Христов |
Тале Христов ( 29. VI 1880 – 19. VII 1903) е македонски револуционер, прилепски реонски војвода и учител. Се школувал во Прилеп и во Битола, каде станал член на Тајниот училиштен кружок (1899/1890). Учителствувал во с. Цер, Демирхисарско и во Прилеп, каде бил назначен за член на Реонскиот комитет и реонски војвода. Учествувал на Смилевскиот конгрес. Загинал во судир со османлиски војски. Тале Христов е роден на 29 јуни 1880 година во Прилеп. Се школувал во Прилеп и Битола. Во учебната 1899/1890 година, како ученик на машката гимназија во Битола, се вклучува во редовите на Македонската револуционерна организација. Активно учествувал во работата на Тајниот училишен кружок, кој го раководел Даме Груев. Во 1900 година, Тале Христов завршил гимназија во Битола, по што учителствувал во с. Цер, Демирхисарско и во Прилеп, каде бил назначен за член на Реонскиот комитет и реонски војвода. Во учебната 1901 / 1902 година тој работи како учител во Прилеп. Во периодот додека учителствува во родното место, тој работи на засилување на револуционерната организација во Прилеп и Прилепскиот крај. Меѓутоа, турските власти го откриваат и апсат, по што лежи една година во Битолскиот затвор. По излегувањето од затвор, Христов повторно активно дејствува во Македонската револуционерна организација и како делегат на прилепскиот револуцинерен реон, заедно со Петар Ацев и Јордан Тренков, од 2 до 7 мај 1903 година, учествувал на Смилевскиот конгрес. По Смилевскиот конгрес во Прилепскиот реон започнале интензивни и забрзани подготовки за престојното востание. Поголем број на млади луѓе од градот изглегоа во планините и се приклучиле на четата на Петар Ацев, во која бил Тале Христов. Две недели пред Илинден, четите на Петар Ацев и Никола Пешков, заедно со триесетина граѓани прилепчани (вкупно околу 80 лица), се ненадејно нападнати во месноста Студеница (Студена Ливада) крај Беловодица. Прво биле нападнати од 20-30 жандарми, а потоа пристигнува и војската од гарнизонот во Дуње. Четите на Патар Ацев и Никола Пешков биле опколени и нападнати од неколку страни од турскиот аскер. Македонските револуционери во мали групи почнале да водат поединечни борби во кои во загинале 18 македонски борци, главно од граѓаните. Во судирот со османлиски војски кај месноста Студена Ливада, село Беловодица, Прилепско, меѓу загинатите македонски бирци биле наставникот Георги Сливјанов, јеромонахот Козма, Григор Ракиџиев, Јордан Нунев и други. Тале Христов кој е тешко ранет успеал да се скрие во една пештера каде што по неколку дена искрварил и умира на 19 јули 1903 година. |