|
||||
Славко Јаневски |
Основоположник на Македонската современа литература и автор на првиот роман објавен на Македонски јазик - „Село зад седумте јасени“ (1952). 60 години неуморно творештво, остави опус од 15 романи, 11 книги поезија, 6 книги раскази, 8 книги за деца и голем број непубликувани во посебни книги препеви, книжевни и политички есеи и полемики, односно повеќе од 40 книги оригинално книжевно творештво Автор чие перо не престана со воодушевувањата за читателската публика. Писател на ненадејното и големо изненадување. Авторство без повтorување, секогаш уникатен, so стил полн со фасцинација. Неуморен трагач и истражувач. Македонскиот Оноре Де Балзак- близок со луѓето, разбирлив и моќен низ зборовите. Славко Јаневски и припаѓа на првата генерација македонски писатели по војната која ги постави темелите на современата македонска литература. Од рана возраст почна да се занимава со литература и сликарство и по шест децении неуморно творештво, остави опус од 15 романи, 11 книги поезија, 6 книги раскази, 8 книги за деца и голем број непубликувани во посебни книги препеви, книжевни и политички есеи и полемики, односно повеќе од 40 книги оригинално книжевно творештво. Во обемното и ретко по својата оригиналност, романsierskoto и поетскоto искуство на Славко Јаневски, органски се прoникнати имагинативното и ониричното, лунарното и стварното, поетското и историското. Овој редок по дарба творец, упорно и неуморно се бореше во својата литература со историјата, онаква каква што се практикува на Балканот. Притоа тој во својот богат книжевен опус се одреди да го осмисли токму карактерот на нашиот народ и да го нариса неговиот антрополошки, етички и духовен портрет. Тоа пак го претстави не само како национален трибун, туку како вистински творец, на еден темелно критички начин, со својата позната историска иронија кон времињата и епохите што ги изврвевме, со многу тага, придушен бол, со многу хумор и подбив кон се под небесниов свод. "Во овој контекст, ќе потенцира во една прилика академик Георги Старделов, лајт-мотив на неговото целокупно книжевно дело е токму борбата на неговата литература против познатото, речиси монструозно балканско митанисување пред историјата таква каква што ја познаваме на овие простори. Неговото дело претставува всушност нејзина демитологизација, демитологизација на оние познати историски блефови што се влечеа и што сеуште се влечат по овој наш проколнат Полуостров..и, и по смртта Славко Јаневски не престана да ги пишува своите книги. Само четириесет дена по неговата смрт беше промовиран неговиот последен роман "Депонија“ што самиот не дочека да го види отпечатен. Една година по неговата смрт, беше промовирана неговата последна книга раскази "И петто годишно време“, а потоа и збирката поезија "Измислена тврдина“. Писател, кој во македонското литературно поприште остана забележан како ненадминат сликар на македонските чуда, чудби и чудесии и неуморен книжевен волшебник кој ни остави импозантно дело. Романот "Кучешко распетиееи е дел од триптихонот "Миракули на грозоморатаи, каде се испреплетуваат митското и историското време кои течат напоредно. Во селското секојдневие, напоредно со селските работи и приземните грижи, течат неверојатните настани и се јавуваат натприродни суштества. "Човечката беда чемреела по чуда, верувала во нив- ќе рече Јаневски. А реалноста тука мошне лесно минува под корупката на суровата стварност пробива еден вид поетска фантастика која ги црпи своите соништа и своите бладања од паганските ритуали, од христијанските преданија, од гностичките мистерии, од алхемиските енигми. За да не му се препушти целосно на нестварното и натприродното, на Јаневски му помага неговата иронија, неговиот хуморен став, кој е насочен кон се што би можело да има ореол, а со помош на хуморот Јаневски се спасува да не падне во мистицизам, вршејќи една своевидна "лаизација на чудесното“. Романите на Славко Јаневски никогаш не претставуваат завршна форма. Поетската слика во неговиот текст избива во прв план. Митот е почетна точка за откривање на современите вистини за животот со што авторот го брише прекршениот сјај на магијата на реалитетот на историското страдање на јунаците разновидно го осмислува БиографијаМакедонски поет, раскажувач, романсиер, сценарист, сликар. Роден е во Скопје на 11 јануари 1920 година. Почина во Скопје 2000 година. Заврши техничко училиште. Беше директор и главен уредник на издавачката организација „Македонска книга. Уредник на списанијата Нов ден, Современост, Osten и Хоризонт. Член на Македонскиот ПЕН центар. Член на МАНУ (1967). Бил претседател на Советот на СВП. Член на ДПМ од 1946 година. Бил претседател на Друштвото на писателите на Македонија.Автор е на книгите: Крвава низа (поезија, 1945), Пруга на младоста со Ацо Шопов (поезија, 1946), Пионери, пионерки, бубачки и шумски ѕверки (поезија за деца, 1946), Распеани букви (поезија за деца, 1946), Милиони маченици (поема за деца, 1948), Егејска барутна бајка (поезија, 1949), Песни (1950), Улица (повест, 1950), Лирика (1951), Село зад седумте јасени (роман, 1952), Шеќерна приказна (сказна за деца, 1952), Кловнови и луѓе (раскази, 1956), Две Марии (роман, 1956), Леб и камен (поезија, 1957), Месечар (роман, 1959), Сенката на Карамба Барамба (поезија за деца, 1959), Марсовци и глувци (поезија за деца, 1959), Горчливи легенди (патописна проза, 1962), И бол и бес (роман, 1964), Стебла, нова верзија на Село зад седумте јасени (роман, 1965), Евангелие по Итар Пејо (поезија, 1966), Црни и жолти (поезија за деца, 1967), Каинавелија (поезија, 1968), Тврдоглави (роман, 1970), Омарнини (раскази, 1972), Ковчег (раскази, 1976), Оковано јаболко (поезија, 1978), Астропеус (поезија, 1979), Змејови за игра (поезија, 1983), Миракули на грозомората трилогија: Легионите на Свети Адонис, Кучешко распетие и Чекајќи чума (1984), Девет Керубинови векови (роман, 1987), Глуви команди (поетски избор, 1988), Песји шуми (поезија, 1988), Чудотворци (роман, 1988), Рулет со седум бројки (роман, 1989), Скаменетиот Орфеј (поетски избор, 1990), Пупи Паф (проза во стихови за деца, 1991), Зад тајната врата (раскази, 1993), Континент Кукулино (проза, 1996), Пупи Паф во Шумшул град (книга за деца, 1996), Пупи Паф гледа од вселената (1996), Пупи Паф господар на соништата (1996), Депонија (роман, 2000). Добитник на наградите: „11 Октомври“, АВНОЈ, „Браќа Миладиновци“, „Рациново признание“, „Мирослав Крлежа“, за книжевен опус на ИРО „Мисла“, „Кочо Рацин“, „Македонско слово“. Јаневски е еден од најплодните Македонски писатели со грандиозен литературен опус. - Неговото дело беше и остана едно видовито, пророчко и, истовремено, потресно литературно сведоштво, за онаа грозоморна игра со македонската национална судбина... Славко Јаневски со своите книги и денес стои како жива стража на духот на оваа земја... пророк на една неизвесна иднина во која влегува човечкиот род, книжевен волшебник кој ни остави дело што ја вознесува во големиот свет на светската книжевност литературата на една мала земја, која често сама и осамена, но упорно се пробива со својот дух и творештво на големиот светски мегдан, вели во своите потсетувања за Славко Јаневски akademik Георги Старделов.- Десетте тома „Кукулино“ израснаа „во монументална Македонска фреско-композиција и книжевно сведоштво за нашиот историски пат до себеси“. А досега неистражувана тема во неговото творештво е апокалиптичната деструкција на планетата Земја, за што Јаневски навестил и алармирал во романите „Депонија“ и „Рулет со седум бројки“. Академик Влада Урошевиќ- ,,Славко Јаневски е различен од другите писатели зашто е „уметник од ретка раса и бунтовник кој не прифаќа да оди по изгазените врвици“, со особено чувство за хумор кое е во непосредна врска со неговото сфаќање на историјата. Многуте пораки на Јаневски носат една морализаторска нотка, но од опасноста да се претворат во држење здодевни морални лекции тие пораки ги спасува жестокиот и немилосреден црн хумор, кој низ својата намерна грубост ги чува од банализација вистинските душевни големини... За овој автор имагинацијата претставува еден можен, а можеби и единствено можен излез од занданите на суровата стварност... Уметноста во визијата на овој голем творец станува една неопходна алтернатива која, можеби, не може да ги промени условите на човековата судбина, но може да ги направи полеснии поподносливи за издржување.“ Академик Томе Серафимовски изработи споменик на Славко Јаневски, донација од фондот „Трифун Костовски“ при МАНУ. Поставен во паркот „Жена-борец“ во родниот град на авторот - Скопје. Автор е на многуброjни книги за деца, патеписна проза, збирки раскази, романи, поезија и филмски сценарија. Како плодотворен писател, Славко Јаневски соработуваше со Панде Ташковски на филмската адаптација на подоцнежниот епски воен роман "Доследни на заветот" пренасловен во "Македонскиот дел од пеколот" во режија на Ватрослав Мимица од Загреб; и ја адаптира сопствената хуманистичка новела "Две Марии" за филмот со наслов "Јазол" во режија на Кирил Ценевски. Славко Јаневски e добитник е на многу награди и признанија, меѓу кои се:: Наградата АВНОЈ (1968); Наградата 11 Октомври; потоа на СВП; 13 Ноември, награда на градот Скопје; Рациново признание, Braca Miladinovci и Наградата Мирослав Крлежа. Добитник е на две златни арени за сценарио, за филмовите „Волчја ноќ“ (1955) и "Македонскиот дел од пеколот" (1974) на филмскиот фестивал во Пула. , за книжевен опус на ИРО „Мисла“, „Кочо Рацин“, „Македонско слово“. Во 1947 година Славко Јаневски, заедно со Блаже Конески, Ацо Шопов, Владо Малески и Коле Чашуле, го формираа во Скопје Друштвото на писателите на Македонија, кое тогаш броеше 7 члена. Потоа Јаневски беше и претседател на Друштвото. Перото на Славко Јаневски го пронајде патот и до срцата на возрасните и до срцата на децата. Децата го паметат по книгите „шеќерна приказна“ , „црни и жолти“ , „пупи паф,карамба-барамба“ , наговите дела се преведени на многу јазици. Во 1955 година на премиера на вториот Македонски игран филм "Волчја Ноќ" и учество на овој филм на Филмскиот фестивал во Пула. Славко Јаневски добива "Златна Арена" за сценарио. Режисер на филмот е Франце Штиглиц. Член на Македонскиот ПЕН центар. Член на МАНУ од нејзиното основање во 1967 година. Творештво • Крвава низа (поезија, 1945) • Пруга на младоста (со Ацо Шопов, поезија, 1946) • Пионери, пионерки, бубачки и шумски ѕверки (поезија за деца, 1946) • Распеани букви (поезија за деца, 1946) • Милиони маченици (поема за деца, 1948) • Егејска барутна бајка (поезија, 1949) • Песни (1950) • Улица (повест, 1950) • Лирика (1951) • Село зад седумте јасени (роман, 1952) • Шеќерна приказна (сказна за деца, 1952) • Кловнови и луѓе (раскази, 1956) • Две Марии (роман, 1956) • Леб и камен (поезија, 1957) • Месечар (роман, 1959) • Сенката на Карамба Барамба (поезија за деца, 1959) • Марсовци и глувци (поезија за деца, 1959) • Горчливи легенди (патописна проза, 1962) • И бол и бес (роман, 1964) • Стебла (роман, нова верзија на „Село зад седумте јасени“, 1965) • Евангелие по Итар Пејо (поезија, 1966) • Црни и жолти (поезија за деца, 1967) • Каинавелија (поезија, 1968) • Тврдоглави (роман, 1970) • Омарнини (раскази, 1972) • Ковчег (раскази, 1976) • Оковано јаболко (поезија, 1978) • Астропеус (поезија, 1979) • Змејови за игра (поезија, 1983) • Миракули на грозомората трилогија: Легионите на Свети Адонис, Кучешко распетие и Чекајќи чума (1984) • Девет Керубинови векови (роман, 1987) • Глуви команди (поетски избор, 1988) • Песји шуми (поезија, 1988) • Чудотворци (роман, 1988) • Рулет со седум бројки (роман, 1989) • Скаменетиот Орфеј (поетски избор, 1990) • Пупи Паф (проза во стихови за деца, 1991) • Зад тајната врата (раскази, 1993) • Континент Кукулино (проза, 1996) • Пупи Паф во Шумшул град (книга за деца, 1996) • Пупи Паф гледа од вселената (1996) • Пупи Паф господар на соништата (1996) • Депонија (роман, 2000) Откриен споменик на Славко Јаневски во паркот „Жена борец“ во Скопје Споменик на Славко Јаневски чиј автор е академик Томе Серафимовски на 29 јануари оваа година свечено беше откриен во паркот „Жена борец“ во Скопје. Изработката на споменикот е поддржана од Фондот „Трифун Костовски“ при Македонската академија на науките и уметностите. Академик Цветан Грозданов на свеченото откривање на споменикот истакна дека името на Славко Јаневски е многу познато во историјата на литературата и културата не само на македонскиот народ туку и пошироко. - Славко Јаневски заслужува во овој простор каде што тој растел како момче да има еден ваков споменик што ќе ја обележува таа сјајна личност од нашето не така далечно минато, рече Грозданов. Клаудија Лутовска |