|
||||
Jованчe Поп Антов |
Jованче Поп Антов Поп Ангелов (4. I 1882 – 28. VI 1906) е македонски револуционер, раководител на Македонската револуционерна организација во Тиквешијата. Jованче (Иван) Поп Антов како ученик влегува во Македонската револуционерна организација. Како реонски раководител на ТМОРО за ваташкия регион, тој помага за зајакнување на организацијата во Тиквешијата. Во своите говори тој велеше дека нашето спасение е само во автономна Македонија. Неговата смрт е опеана во народната песна "Црно му било пишано на Јованче Попандов". Јованче Попантов е роден на 4 јануари 1882 година во селото Ваташа, во семејството на свештеникот Андон Поп Kамчев. Брат е на Христо и Тодор Попантов. Во родното место завршува четврто одделение, а потоа учи во егзархиското средно училиште во Прилеп и во Скопското педагошко училиште. Во Прилеп, каде во тоа време учителствува неговиот брат Тодор, Јованче како ученик се вклучува во Македонската револуционерна организација и се запознава со Даме Груев. Поради болест, кон крајот на 1901 и почетокот на 1902 година, Јованче Поп Антов се наоѓа на лекување во Софија. Но, на враќање бил уапсен и задржан во текот на три дена од српските власти на железничката станица во Врање поради неговата самосвест. За време на Кадиноселската афера бил уапсен и од април до март 1903 година лежи во битолскиот затвор. Во летото 1903 година, Јованче Поп Антов учествува во организирањето на нелегална работилница во училиштето во Ваташа за изработка на облека за четите на Македонската револуционерна организација. Истовремено тој е курир и се вклучува во некои вооружени акции на Организацијата. Од септември 1903 до ноември 1904 година Јованче Поп Антов бил учител во Ваташа. Како реонски раководител на Македонската револуционерна организација за ваташкииот регион, тој помага за зајакнување на организацијата во Тиквешијата. Неговиот брат, Христо Поп Антов го опишува Јованче како човек кој има буен карактер и дека не личи на дригите браќа. Меѓудругото Христо за својот брат вели: "... Говорот му беше силен и се наметнуваше. Беше голем идеалист и огнен патриот. Нашето спасение е - велеше само во автономна Македонија“ Во ноември 1904 година, Јованче Поп Антов го напушта учителствувањето и заедно со Дончо Лазаров и Михаил Шкартов, станува четник во четата на Добри Даскалов. По амнестијата во летото 1905 година, се легализира и повторно станува учител во своето родно село. Јованче Поп Антов е избран за раководител на околискиот комитет на Македонската револуционерна организација во Кавадарци. Во исто време во организацијата се појавуваат обвинувања за несодветни постапки и нетактичност од страна на некои членови на околиското раководство, вклучувајќи го и Поп Антов. На 28 јуни 1906 година, Јованче Поп Антов е убиен заедно со пријателот Милан Поп Коцов во центарот на Ваташа од членови на турски комитет, кои се бореа против Македонската револуционерна организација. Убиецот на Поп Антов, муслиман од село Долни Дисан, подоцна е уапсен и суден, но на крајот бил ослободен. Кајмакамот во Кавадарци по повод убиството вели дека не може на едно место да има двајца кајмаками - турски и на Македонската револуционерна организација. Јованче Поп Антов е погребан во дворот на црквата во Ваташа. Неговата смрт е опеана во народната песна "Црно му било пишано на Јованче Поп Андов". |